Македонија
Македонија ја испрати пораката за среќа

„Вие сте во земјата на вечното сонце, на земјата на среќните луѓе. Вие сте во градот на солидарноста и хуманизмот..“ ова денеска Македонија го испрати како порака за среќа кон светот преку Амбасадорите на среќа на Кока Кола.
„Вие сте во земјата на вечното сонце, на земјата на среќните луѓе. Вие сте во градот на солидарноста и хуманизмот..“ ова денеска Македонија го испрати како порака за среќа кон светот преку Амбасадорите на среќа на Кока Кола.
Големо срце во форма на сонце кое зрачи кон целиот свет доминира на специјално дизајнираното шише од Кока Кола кое членовите на Експедиција 206 го добија како симбол на среќата на луѓето од оваа земја
Интернационалниот тим Амбасадори на среќата на Кока Кола, составен од американецот Тони Мартин, вработен како наставник во детска градинка во Германија, како и студентите Кели Ферис од Белгија и Антонио Сантијаго од Мексико имаат уникатна мисија – да дознаат што ги прави среќни луѓето во различни делови од светот и тоа да го споделат со останатите луѓе на планетата.
„Импресиониран сум од ведрината и енергијата на луѓето што ги сретнавме овде и на нивните пораки и чувства за сето она што ги прави посреќни. Колку и да се различни нивните приказни, сите тие се поврзани кон љубовта кон својата земја што сакаат да ја споделат со целиот свет. Среќен сум што имав можност да ја посетам Македонија и овој прекрасен град и да го раскажам на целиот свет моето прекрасно искуство и дружење со луѓето од оваа земја со големо срце“, изјави Тони Мартин, член на тимот Амбасадори на среќата на Кока Кола.
По изминати 400.000 километри и 180 дена непрекинато патување, Амбасадорите на среќата, кои во главниот град на Република Македонија допатуваа од нивната претходна дестинација – Словенија, имаа можност да ги впијат уникатните моменти на среќа што ги нуди ноќниот живот на Скопје, а во текот на денот да прошетаат и по улицата „Македонија“, каде можеа од прва рака да слушнат што е она што ги прави среќни луѓето од овој град и оваа земја – познати по своето гостопримство и хуманост./крај/сж
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Гори кај Прилеп, Македонски Брод, Чашка и Велес – пресек на состојбата со пожарите

На територијата на државата се евидентирани вкупно осум пожари на отворен простор, од кои активни се четири, соопшти Центарот за управување со кризи.
Во Општина Прилеп, гори кај селото Бешиште. Се работи за приземен пожар во квалитетна мешана шума. Активен е пожарот и кај Општина Македонски Брод, с. Црешнево, м.в. Церо Поле – пожар во деградирана дабова шума и грмушки. Во Општина Чашка беснее шумски пожар под Солунска Глава, помеѓу местата викани Изворите на Бабуна и Бабина Дупка (моментално нема активен пламен, само чад на карпест дел). Во Општина Велес пожарот избувна во ниска вегетација.
Изгаснати се 4 пожари: Општина Врапчиште, с. Врањовци – ниска вегетација, ѓубриште; Општина Липково, с. Лојане – ниска вегетација и стрниште; Општина Карбинци, с. Радање – блок (површина) посеана со жито и ниска вегетација и ОпштинаАрачиново, с. Орланци – ниска вегетација и отпаден материјал.
Македонија
(Видео) Според СДСМ, надворешната политика доживува дебакл

Андреј Жерновски од СДСМ, на денешната прес-конференција ја оцени надворешната политика на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ како дебакл без ниту еден успех.
Жерновски изјави дека, по една година владеење, Македонија се соочува со „сериозно влошена меѓународна позиција“, без напредок на европскиот пат, без нови инвестиции и со зголемена царина од страна на САД. Според него, министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски не остварил ниту еден договор или резултат на дипломатски план.
СДСМ ја критикува и состојбата со дипломатската мрежа, која, како што рече Жерновски, е „разурната, партизирана и нефункционална“, а Македонија се наоѓа „на периферијата на демократскиот свет“.
Како посебно загрижувачка точка беше истакната и заканата, како што наведуваат од СДСМ, за можно бришење на македонскиот јазик од Извештајот на Европскиот парламент, што партијата го поврзува со актуелната надворешна политика на МНР.
Жерновски рече дека за време на владеењето на СДСМ бил обезбеден македонскиот јазик во официјални документи на ЕУ, вклучително и договорот со ФРОНТЕКС, без фусноти и дополнителни објаснувања.
„Тој успех денес е доведен во прашање поради вазалската политика на Муцунски и неговиот шеф Мицкоски“, рече Жерновски.
На крајот, порача дека СДСМ ќе продолжи да се бори за враќање на Македонија на патот на меѓународни успеси, европска иднина и заштитен идентитет и јазик.
Македонија
(Видео) Со див приклучок на водоводната мрежа полевал илјадници метри земјиште – Град Скопје поднесе кривична

Град Скопје информира дека денеска е откриен нов див приклучок на мрежата за питка вода на подрачјето на општина Сарај, при што сторителот незаконски се приклучил за да наводнува неколку илјади метри квадратни пластеници. За случајот е изготвена и поднесена кривична пријава.
Ваквите појави сериозно го нарушуваат водоснабдувањето во градот, особено во урбаните и руралните средини кои секојдневно се соочуваат со намален притисок и недостиг на вода. Покрај директната штета врз системот, сторителот избегнувал и плаќање за потрошена вода во висина од илјадници евра, нанесувајќи штета на Јавното претпријатие „Водовод и канализација – Скопје“, соопшти Град Скопје.
Согласно системот за мониторинг и мерење на дневната потрошувачка, во јуни е забележана енормна потрошувачка на вода, која на одредени денови достигнала рекордни 356.000 м³. Тоа претставува околу 700 литри вода дневно по жител. Високата потрошувачка најчесто се должи на нерационално користење на вода – за наводнување, перење возила и полнење базени – дел од тоа и преку нелегални приклучоци.
Град Скопје апелира до надлежните институции, вклучително и МВР и Јавното обвинителство, активно да се вклучат во процесот на справување со дивите приклучоци и заштита на системот за водоснабдување. Се додава и дека неказнивоста води кон безредие, а граѓаните заслужуваат безбеден, редовен и правичен пристап до вода.