Македонија
Конечна одлука: Парното поскапо за 11 отсто, струјата за 8 отсто
Регулаторната комисија денеска донесе конечна одлука за корекција на цената на парното и струјата. Од 1-ви јануари струјата ќе биде поскапа за 7,82 отсто, а парното за 10,73. Според новата одлука киловат час струја ќе изнесува 4,3074 денари.
Регулаторната комисија денеска донесе конечна одлука за корекција на цената на парното и струјата. Од 1-ви јануари струјата ќе биде поскапа за 7,82 отсто, а парното за 10,73. Според новата одлука киловат час струја ќе изнесува 4,3074 денари. Според одлуката за зголемување на цената на парното, зголемувањето од 10,73 проценти е за потрошувачите кои се снабдуваат со топлинска енергија од топланите Исток, Запад и Центар и 10,87 за топланата Север. Цената за парното греење од ЕЛЕМ енергетика останува непроменета.Следната контрола на цената на парното ќе биде во јуни следната година. Последен пат струјата поскапи на 1 јануари годинава за 5,98 отсто, а парното во ноември годинава за 8,7 отсто за топланите Исток, Запад и Центар и 9 отсто за топланата Север.Денеска беше донесена и одлука со која се зголемува цената за пренос на природниот гас за 7,48 проценти. крај.км
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска дел од Кисела Вода
Од ЕВН Македонија АД информираат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 14.00 часот, дел од корисниците од улиците Китка, Солунска Глава, Сердарот покрај каналот и Јустинијан Први, општина Кисела Вода.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека поради дефект во шахта од ф – ¾ на улицата Ацо Караманов бр. 10, без вода ќе останат дел од корисниците од улицата Ацо Караманов, како и објектот на Американската Резиденција, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 до 00.00 часот.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, во вечерните часови повремен дожд
Променливо облачно со сончеви периоди. Во вечерните часови и во текот на ноќта во северните делови ќе има повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 9, а максималната ќе достигне од 11 до 17 степени.
Во Скопје, променливо облачно, во вечерните часови и во текот на ноќта ќе има повремен дожд. Ќе дува слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на серија влажни воздушни бранови од утре во вечерните часови до понеделник следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни и пообилни и во текот на 24 часа се очекува да наврне поголема количина дожд (над 30 l/m²).

