Свет
Египет го потврди атентатот врз Сулејман
NULL
Египетскиот министер за надворешни работи Ахмед Абу ал-Геит потврди дека во текот на немирите имало обид за атентат врз Омар Сулејман, поранешен шеф на египетското разузнавање штом бил именуван за потпретседател, пренесе денеска новинската агенција МЕНА.Според министерот Ахмед Абу ал-Геит, тој лично го видел автомобилот на Омар Сулејман изрешетан со куршуми, по напад што го извршиле непознати лица во еден од квартовите на Каиро. За да се доближат до конвојот во кој бил потпретседателот Сулејман, напаѓачите користеле украдено возило на „брза помош“.Египетскиот министер за надворешни работи, исто така, вели дека во нападот загинал еден од телохранителите на Сулејман. Уште еден телохранител и возачот на автомобилот на египетскиот потпретседател биле сериозно повредени во атентатот.Американската телевизија Fox News на 5-ти февруари јави, повикувајќи се на неименуван висок функционер во администрацијата на американскиот претседател Барак Обама, дека во нападот врз колоната на Сулејман се убиени негови двајца телохранители. Телевизијата тогаш не можеше да го определи датумот на нападот. Подоцна египетските власти ги негираа овие информации, нарекувајќи ги „неосновани“. /крај/ро/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

