Македонија
Во Штип панихида за Тодор Александров

Голем број на граѓани на Штип денес во организација на Здружението на граѓани почитувачи на делото на Тодор Александров, ја одбележаа 89-годишнината од смртта на овој голем македонски револуционер и некогашен лидер на ВМРО.
Бројни делегации положија цвеќе на спомен плочата која се наоѓа во Ново Село, откако претходно во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ се одржа панахида за Александров. За прв пат на Александров му се поклони и Јохан Тарчуловски.
На панихидата и пред спомен плочата се поклонија, министерот за образование и наука, Спиро Ристовски, поранешниот министер за надворешни работи Антонио Милошоски, градоначалникот на Штип Илчо Захариев, претседателот на советот Влатко Миташев, претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски и други.
„Морам да кажам дека ова ни е 18-та година и сега е многу полесно. Кога ќе се види оваа маса на луѓе, како од година во година има се поголем број на Македонци кои го славата делото на Александров, мило ми е што започнавме со оваа традиција. Не беше лесно, бидејќи во тие времиња имавме многу опструкции. Но мислам дека Александров, како роден штипјанец, човек кој потекнува од Штипско Ново Село, и човек кој ги спроведувал идеалите на ВМРО за слободна и независна Македонија, ја заслужува секоја почит“, изјави Тоше Ристов, еден од првите претставници на ВМРО-ДПМНЕ, кои децении наназад започнаа со одбележувањето на ликот и делото на Тодор Александров.
Делегациите положија цвеќе во знак на спомен, без при тоа да го коментираат присуството на претставници на бугарското ВМРО, кои пред нив беа на спомен плочата на Александров, на покана од ВМРО-Народна партија од Македонија./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Постои сомнеж дека пожарот во Дрисла е подметнат

Скопската противпожарна бригада со сити сили се обидува да го локализира пожарот во депонијата Дрисла. Направен е противпожарен појас за да не се дозволи на огнот да тргне кон блиската трева, грмушки и шума од горната страна на депонијата., информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.
Како што додаде, постојат сомненија дека пожарот бил предизвикан намерно.
„Ќе потсетам само дека летово имавме рекордно високи температури но Дрисла не се самозапали“, рече Ангелов.
Противпожарните возила и дополнителните цистерни од „Комунална хигиена“ интервенираат на терен, а пожарот сè уште не е целосно локализиран.
Командантот на Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје, Звонко Томевски посочи дека станува збор за посериозен пожар од поголеми размери, при што постоела опасност огнот да се прошири.
Македонија
Филипче од Париз: Потребен е проактивен пристап и политички консензус за напредок кон ЕУ

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, во рамки на еднодневната работна посета оствари повеќе средби со високи француски политички претставници, на кои во фокусот на разговорите беа реформската агенда и предлог Резолуцијата на СДСМ, како гаранција за заштита на националните интереси и решение за деблокирање на преговите со ЕУ.
Филипче одржа работна средба со пратеничката и потпретседателка на групата за пријателство Франција – Северна Македонија во француското Собрание, Лилиана Танги, со шефот на Канцеларијата за соседство, проширување и одбрана при Генералниот секретаријат за европски прашања, Жозеф Жустиниани, како и со директорот за Континентална Европа при Министерството за Европа и надворешни работи, Брис Рокфеј и со специјалниот претставник за Балканот, Рене Троказ.
На состаноците беше истакната поддршката од Франција во процесот на евроинтеграција, но и потребата од брзи резултати во исполнување на обврските и работа на реформите.
Филипче ги презентираше позициите на СДСМ и истакна дека партијата има проактивен пристап и работи на решенија за деблокирање на евроинтеграцискиот процес. Тој нагласи дека во завршна фаза е подготовката на Резолуцијата, со која ќе се потврдат националните црвени линии – македонскиот јазик, култура и идентитет, како и механизми за справување со евентуални непринципиелни барања што излегуваат надвор од Преговарачката рамка.
Во разговорите беше потенцирано дека во Европската Унија постои јасен консензус за проширувањето, и дека тоа е можност која Македонија мора да ја искористи. Француските претставници пренесоа очекувања дека нашата земја треба да направи напредок во евроинтеграцискиот процес, како што тоа веќе го прават државите од регионот, особено Албанија и Црна Гора.
Македонија
Пожар на депонијата Дрисла, Ангелов смирува дека не е алармантно, но е сложено поради хемиските процеси

Пожар избувна на депонијата Дрисла.
Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, рече дека пожарот не е алармантен, а скопската противпожарна бригада работи на негово гаснење.
Сепак, како што објаснува Ангелов, гаснењето на било која депонија е сложен процес поради хемиските и биолошките процеси кои се одвиваат во внатрешноста на депонијата како резултат на кои се создаваат запаливи гасови.
(Фото: илустрација, архива)