Македонија
Цвеќарите бараат уште два месецa за да се отселат
Скопското Јавно претпријатие „Паркови и зеленило“ сé уште ја нема добиено дозволата за градба на новиот Цветен пазар на локацијата спроти зградата на „Нова Македонија“, бидејќи целата процедура е заглавена во трансформацијата на земјиштето.
Скопското Јавно претпријатие „Паркови и зеленило“ сé уште ја нема добиено дозволата за градба на новиот Цветен пазар на локацијата спроти зградата на „Нова Македонија“, бидејќи целата процедура е заглавена во трансформацијата на земјиштето.Според директорот на претпријатието, Душан Авировиќ, изградбата на куќарките на новата локација ќе започне за два месеца, кога со формирањето на новата Влада се очекува да се изврши трансформација на ова државно земјиште.Дотогаш сопствениците на цвеќарниците бараат од сопственикот на земјиштето каде се наоѓа сега пазарот, да не го заградува просторот и да не започнува никакви градежни активности.Нивната судбината е неизвесна речиси две години откако земјиштето го купи фирмата „Кам фуд“, која на овој простор сака да гради свој трговски објект. Пред три дена сопственикот почна да го заградува просторот со лимени тараби, за што го известил претпријатието пред десетина дена. „Според информациите коишто ги добивме од секторот за урбанизам на Град Скопје, целата процедура е закочена поради предвремените парламентарни избори. Согласно законските прописи во тек на парламентарни избори се до формирање на нова Влада не е возможна трансформација на земјиштето. Земјиштето на новата локација на Цветниот пазар е државно земјиште и на првите седници на новата Влада ќе се трансформира, а ЈП ќе добие дозвола за градба“, објасни Авировиќ.При денешната посета на цвеќарите, Авировиќ рече дека веднаш со добивањето на документацијата ќе започне изградбата на новите куќарки.„Се надевам дека во текот на идната недела ќе најдеме компромис, односно со помош на институциите ќе се убеди сопственикот на овој простор да ни даде рок уште два месеца, до кога, се надевам, дека ќе го дислоцираме овој цветен пазар“„ рече директорот на ЈП „Паркови и зеленило“Според него тендрерската постапка за изградба на новите куќарки на новата локација е веќе спроведена и избран е најдобар понудувач.„Извршени се сите подготвителни работи, како довод на електрична енергија, фиксна телефонија, водоводна мрежа. Проблемот е настанат поради тоа што ЈП „Паркови и зеленило“ кое е во еден вид партнерство со закупците на цвеќарите кое треба да го гради новиот цветниот пазар, ја нема добиено се уште дозволата за градба. “ – вели Авировиќ.Цвеќарите се плашат дека со оградувањето на пазарот ќе им се намали обемот на работа и бараат разбирање од сопственикот на земјиштето и решение од градските власти, кои според цвеќарите им било ветено дека нема да имаат застој во работата„ Ние сме револтирани, бидејќи дојде сопственикот на земјиштето кој сака да си го огради земјиштето, а во меѓувреме не е решен проблемот со дислокацијата на објектите кои се во пазарот. Рекоа дека ќе ни ослободат неколку влезови, но ако почне да се заградува просторот, џабе се и влезови, купувачите ќе бегаат, а ние сме обврзани да плаќаме кирија и струја и сите други тршоци. Не можеме да ги ставиме фирмите во мирување. Работата ни е со специфична роба и се надеваме дека ќе најдеме компромис со сопственикот на земјиштето да ни даде рок уште два месеци“ – вели Ѓорѓи Анастасиевиќ сопственик на цвеќарница. На новиот Цветен пазар треба да се постават 16 куќарки во два реда. Ќе чинат по околу 3.500 евра, а корисниците ќе ги плаќаат на рати. Според договорот, изведувачот треба да ги изгради куќаркиште во рок од 20 до 30 дена. крај/к.с.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сиљановска-Давкова учествува на Светскиот самит на владите во Дубаи
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова од денеска престојува во работна посета на Дубаи, Обединетите Арапски Емирати, по повод учеството на Светскиот самит на владите.
Претседателката ќе биде главна говорничка на сесија посветена на демографските промени. Таа ќе говори за перспективата на државава во однос на демографските промени и нивните импликации врз националниот развој.
Сиљановска-Давкова ќе учествува на Глобалниот форум за владини регулативи и правда, како и на Светскиот самит на лауреати, што се одржува за прв пат во пресрет на Светскиот самит на владите, со вклучување на носители на Нобеловата награда и водечки научници во дебатите за креирање политики.
Предвидени се повеќе билатерални средби на Сиљановска-Давкова со учесници на самитот.
Централна тема на настанот е „Обликување на влади на иднината“.
Светски самит на владите е глобален форум што поврзува шефови на држави и влади, меѓународни организации, експерти, претставници од приватниот сектор и други креатори на политики со цел да се промовира глобална соработка, иновации и решенија за идни предизвици на светско ниво. Самитот ги истражува најновите трендови и најдобрите практики во управувањето, технологијата, одржливиот развој и други клучни области за подобрување на животот на луѓето ширум светот.
На годинешното издание на самитот е најавено учество на над 35 шефови на држави и влади, повеќе од 150 владини делегации и околу 6.000 учесници.
За време на работната посета на ОАЕ, претседателката Сиљановска-Давкова ќе биде придружувана од министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски.
Македонија
Утрово најстудено на Попова Шапка
Утрово најстудено на Попова Шапка каде што се измерени -7 степени, -4 било во Берово и Mаврови Анови, -3 во Kрушево, -2 во Крива Паланка, -1 во Тетово, Виница, 0 во Скопје-Петровец, Скопје-Зајчев Рид, Штип, Прилеп, 1 во Охрид, Претор, Битола, Велес, Кавадарци, 2 Демир Капија, Струмица, 3 Гевгелија.
Количина на врнежи за изминатите 24 часа до 07 часот во (l/m2)
26 Гевгелија, 20 Демир Капија, 17 Струмица, Mаврови Анови, 15 Kрушево, 13 Скопје-Петровец, Попова Шапка, 12 Кавадарци, Пожаране, 10 Берово, Велес, Ѓуриште, 9 Тетово, Битола, 6 Скопје-Зајчев Рид, Штип, 5 Виница, 3 Претор, Прилеп, Тополчани, 2 Крива Паланка, Пожар-Радовиш, 1 Охрид.
Висина на снежна покривка до 07 часот во (cm)
50 Попова Шапка, 14 Маврови Анови, 5 Берово, 2 Ѓуриште.
Времето денеска
Променливо облачно со повремен локален дожд и снег со слаб интензитет, претежно во северозападните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.
Максималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9 степени.
Во Скопје, претежно облачно со слаб променлив ветер. Максималната температура ќе достигне до 6 степени.
Македонија
Делови од Аеродром и Шуто Оризари денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ке останат:
· од 09.00 до 11.00 часот корисниците, од булевар Јане Сандански бр. 30. (Општина Аеродром)
· од 09.00 до 11.00 часот дел од корисниците на ул. Индира Ганди. (Општина Шуто Оризари)

