Свет
Судовите пресудуваат без докази
Форензичарите од Институтот
предлагаат да се формира екипа за криминални дела со предвидени казни над 5
години, во која ќе има докажани експерти
ИНСТИТУТОТ ЗА СУДСКА МЕДИЦИНА
ОБВИНУВА
Форензичарите од Институтот
предлагаат да се формира екипа за криминални дела со предвидени казни над 5
години, во која ќе има докажани експерти
Политички притисоци, нестручни
и нарачани вештачења, потпишување посмртници од ракав и недозволување да се
прави обдукција се причини за неоткривање на многу можни убиства и осудување на
лица без докази, тврдат од Институтот за судска медицина. Директорот на
Институтот, Алексеј Дума, вели дека односите помеѓу Институтот и државните
институции се полоши од кога било во неговата триесетгодишна кариера.
– Се случуваат апсурдни ситуации, а најдебелиот крај го извлекуваат невините
граѓани. Се вршат притисоци, се нарачуваат вештачења, нестручни лица
обезбедуваат докази што се пресудни во судската постапка. Тоа се големи
проблеми во правниот систем. Политички моќници пред неколку недели инсистирале
кај истражен судија во Тетово да не се испратат тела од сообраќајна несреќа на
обдукција поради непознати причини и тие не беа испратени. Поради политички
притисоци, истражните судии не ги испратиле телата и на средношколецот Ванчо
Јосифовски од Тетово и на двајцата работници од „Бриони“, поради што беа
изгубени многу важни докази за овие случаи – вели Дума.
Експертите од Институтот за судска медицина се сомневаат во стручноста на некои
судови во државава кога станува збор за увид на убиства и сметаат дека е
неразбирливо како им се дозволува на судови што досега имале еден или воопшто
немале такви случаи да го работат тоа.
– Неискусните судии не знаат какво прашање да постават. Доволно е да им кажат
дека човекот висел на јаже за да прифатат дека станува збор за самоубиство.
Никој не го сфаќа сериозно правилото од судската практика дека „недокажано
самоубиство е прикриено убиство“- објаснуваат тие.
Во Институтот за судска медицина годишно се прават околу 300 обдукции. Оттаму
велат дека бројот не соодветствува на реалноста бидејќи многу тела од
самоубиства, сообраќајки, смртни случаи во болниците, како од западниот дел на
државава така и од Источна Македонија, не се даваат на обдукција.
Како случај во кој обвинетиот е осуден врз основа на погрешни докази го
споменуваат случајот со Џемо Зејнелов (22), кој беше осуден за убиство на Ајше
Демирова (14) од Штип.
– Тој случај е доказ дека нестручни лица вршат многу сериозна работа. Вештото
лице само со надворешен преглед заклучил дека девојчето е задавено. Тоа е
апсурд, затоа што за таков заклучок мора да се отвори телото. Покрај тоа,
стануваше збор за изгниен леш кај кој е неверојатно тешко да се докаже дека е
задавен со раце. Втората катастрофална грешка е тоа дека девојчето имало
фрактура на вратот во сите правци. Такво објаснување не постои во науката. Се’
мора да се објасни детаљно и да се образложи што е тоа што го предизвикало. Во
овој случај не е можно да се направат такви повреди со голи раце. Такви повреди
се можни само од пад од височина или од сообраќајна несреќа. Според мене,
човекот е осуден без докази поради нестручното вештачење. Штипскиот Апелациски
суд за судско медицинска експертиза користи очен лекар затоа што татко му бил
патолог – тврди Дума. Форензичарите од Институтот предлагаат да се формира
екипа за криминални дела со предвидени казни над 5 години, во која ќе има
докажани експерти што во секое време ќе прават увиди на целата територија на
државава.
– Работни групи уште пред две години ги дефинираа работите за начинот на вршење
на увид, принципи во предистражната постапка, поделбата на работните задачи и
начини на плаќање на вештачењето. Документите беа предадени во Министерствата
за правда и за внатрешни работи и оттогаш ништо. Сигурно на некој му одговара
ваквата ситуација, па затоа не презема ништо за да се подобри ситуацијата.
Сметаме дека граѓаните на земјава не се од втор ред и нив не може да им се суди
со докази што веќе во ниедна европска земја не се користат и не се прифаќаат-
велат тие.
Претседателот на Здружението на судски вешти лица, Димитар Андоновски, се
согласува дека нестручни или нарачани експертизи на вешти лица може да го
променат епилогот од судските процеси: невини да лежат во затвор, а виновни да
бидат на слобода.
– Се случува да има големи разлики во вештачења за ист случај. Судот треба да
побара ново, независно вештачење, а потоа, ако утврди дека некое од двете
вештачења било нарачано, тогаш веднаш треба да се побара кривична одговорност –
вели Андоновски.
Тој тврди дека постојат случаи кога е поведена судска постапка против вешти
лица за вакви малверзации.
Бесплатни вештачења
за 800.000 евра годишно
Бараме од државата да одвои од
буџетот 800.000 евра годишно за Институтот, а за возврат сите вештачења ќе ги
работиме бесплатно. Парите нема да ги ставиме в џеб, туку ќе бидат наменети за
едукација, за апарати и за тековно одржување на опремата. Ако смета Владата
дека бараме премногу пари, се согласуваме да направат тим што ќе ги пресмета
нашите трошоци, но да не се изгуби на квалитет во работата.
Нашето барање го одбија министрите за правда и за финансии. Претседателот на
Врховниот суд ни даде поддршка во намерата, но не и помош. Затоа се обративме
директно до премиерот кој ни вети дека ќе ни одговори на барањето. Во најскоро
време мора да се реши проблемот во Институтот. На последниот меѓународен
конгрес на форензичари не’ прогласија за најдобар Институт на Балканот, а ние
работиме на 50 Целзиусови степени и немаме пари ни за ракавици. Ни должат
500.000 за услуги за вештачење, но никој не плаќа.
Ненад Мирчевски
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Ученик за пукањето во училиштето во Канада: Ја забарикадиравме вратата со клупи
Дариан Квист, матурант во средното училиште Тамблер Риџ, ги опиша моментите од пукањето во неговото училиште за CBC. Тој рече дека кратко откако пристигнал на час во 13:30 часот, се вклучил аларм со упатства за заклучување на вратите.
„Ги зедовме клупите и ја забарикадиравме вратата“, рече тој, додавајќи дека поминале повеќе од два часа правејќи го тоа додека тој добивал фотографии од местото на настанот на својот мобилен телефон.
„Тукушто сега почнувам да разбирам што навистина се случило. Мислам дека ја познавав една од жртвите, но сè е сè уште многу свежо“, рече Квист.
Тој ја опиша ситуацијата како „скоро надреална“. „Се чувствував како да сум на место што го видов само на телевизија“, заклучи тој.
Свет
(Видео) „Брзата реакција на полицијата спречи поголема трагедија во училиштето“
Премиерот на Британска Колумбија, Дејвид Иби, се обрати до јавноста во врска со нападот.
„Ова е ужасна и незамислива трагедија“, рече тој. „Не можеме ни да замислиме низ што минува заедницата. Но, знам дека сето ова нè тера да ги прегрнеме нашите деца малку поцврсто вечерва“.
Премиерот Иби рече дека полицајците, кои пристигнале на местото на настанот во рок од две минути од повикот, можеби спречиле уште поголема трагедија со нивниот брз одговор. Тој исто така нагласи дека полицијата сè уште ги известува семејствата на жртвите.
All of BC is wrapping the families of Tumbler Ridge with love.
Supports are available:
BC Mental Health Support Line: 310-6789
Kids Help Phone: Text “CONNECT” to 686868
Thank you to the emergency responders on the ground for the work they are doing. pic.twitter.com/BqbkDnH9JT
— David Eby (@Dave_Eby) February 11, 2026
Според Иби, брзото пристигнување на полицијата значело дека „е спречено катастрофалната трагедија да биде многу полоша“.
Тој нагласи дека полицајците ги ризикувале сопствените животи брзајќи кон училиштето. „Тоа е херојски чин и им сум многу благодарен“, рече Иби. Полицијата објави дека вооружениот напаѓач бил пронајден мртов во училиштето и дека се сомнева на самоубиство.
Одговарајќи на прашања од новинарите, Иби потврди дека полицијата „продолжува да контактира со семејствата и најблиските роднини“ на жртвите. „Очекувам дека наскоро ќе добиеме нови информации од полицијата“, рече тој.
На прашањето за реакцијата на федералниот премиер, Иби рече дека тој „ја пренел тагата и очајот што ги чувствува, како и она со што се соочуваат жителите на Тамблер Риџ“. Иби додаде дека премиерот понудил помош од федералната влада во иднина.
Свет
Канадскиот премиер: Шокиран сум од овој ужасен напад
Канадскиот премиер Марк Карни го нарече пукањето во Тамблер Риџ, Британска Колумбија, „ужасно“, велејќи дека е шокиран од нападот и испраќајќи ги своите „молитви и најдлабоко сочувство“ до семејствата и пријателите на жртвите.
„Се придружувам на сите Канаѓани во жалењето за оние чии животи беа неповратно променети денес, и во знак на благодарност за храброста и несебичноста на првите реагирачи кои ги ризикуваа своите животи за да ги заштитат своите сограѓани“, се вели во соопштението на премиерот.
BREAKING: Reports now say as many as 10 people may be dead following the shooting at Tumbler Ridge Secondary School in British Columbia, Canada.
Authorities have confirmed multiple victims inside the school, another who died on the way to the hospital, and investigators are now… pic.twitter.com/d4z8SKBdFz
— Tony Lane 🇺🇸 (@TonyLaneNV) February 11, 2026
„Нашата способност да се обединиме во криза го покажува најдоброто во нашата земја – нашата емпатија, единство и сочувство едни кон други.
Се обратив до премиерот на Британска Колумбија за да изразам сочувство, како и до министерот за јавна безбедност Гари Анандасангари, кој го координира федералниот одговор. Нашите службеници се во близок контакт со своите колеги за да се осигурат дека заедницата е целосно поддржана во најголема можна мера. Владата на Канада е со сите жители на Британска Колумбија додека се справуваат со оваа ужасна трагедија“, заклучи Карни.

