Македонија
Градот Скопје ќе подели 4.000 садници
Околу 4.000 садници, од вкупно 35 зимзелени и листопадни дрвја, и грмушки ќе подели во текот на есенскиот период Град Скопје.
Околу 4.000 садници, од вкупно 35 зимзелени и листопадни дрвја, и грмушки ќе подели во текот на есенскиот период Град Скопје.
Заинтересираните граѓани (куќни совети), установи и верски објекти треба да поднесат барање за доделување садници до Секторот за комунални работи на Град Скопје, булевар Илинден бб.
Притоа треба да се наведе видот на садниците кое субјектите бараат да им се додели, точниот број садници, точната локација на која што планираат да ги засадат дрвцата.
Барањата може од денеска до 09 ноември да се доставуваат до Секторот за комунални работи на Град Скопје.
Предвидено е акцијата за доделување садници ќе продолжи и наредната пролет. /крај/со/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сиљановска-Давкова со надеж дека 2025 година да биде година на мировни процеси кои ќе се почитуваат
Претседателката и Врховен командант на вооружените сили Гордана Сиљановска-Давкова придружувана од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, денес ги посети припадниците на Армијата во касарната „Јане Сандански“ во Штип.
Сиљановска-Давкова во оваа прилика им ги честита новогодишните празници на ангажираните припадници на Армијата, при што изврши обиколка на тактичко техничкиот збор каде беше изложена опремата и вооружувањето со кое располага 2.пешадиски баталјон (2.пб).
Во рамки на посетата Сиљановска-Давкова од страна на командантот на 2.пб беше информирана за состојбата во единицата, нејзината мисија и задачи кои истата ги исполнува.
Претседателката во своето обраќање до припадниците на Армијата истакна „Знам дека сте почитувани, знам дека сте славни, и мило ми што сум овде меѓу Вас и продолжуваме една убава традиција“. Воедно, нагласи дека изложената оопрема е доказ дека Армијата го одржува чекорот со најсовремените армии и дека се надева 2025 година да биде година на мировни процеси кои ќе се почитуваат.
Началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, во оваа прилика наведе дека војниците се високо мотивирани и спремни за изведување на своите задачи, притоа посакувајќи им успешна година.
На крајот од посетата,Сиљановска-Давкова на 2.пб им подари видео проектор и присуствуваше на заедничкиот ручек.
Македонија
Штедна книшка и подароци од Арсовка за првороденото бебе во 2025 година
Градоначалничката на Скопје Данела Арсовска ги посети мајката и првороденото бебе на ГАК во 2025 година во Скопје. Им однесе подароци и му посака успеси на семејството.
„Првороденото бебе за 2025 година се роди на само минута по полноќ на Универзитетската Клиника за Гинекологија и акушерство Скопје. На мајката за која ова е прво дете и бебето Јаков во новата година им посакавме многу здравје и радости, со штедна книшка и пригодни подароци. Наша желба за младата Сања Талевска и за целото семејство е заедно да се радуваат на успесите на Јаков во годините кои претстојат“, објави Арсовска.
Македонија
(Видео) 29 кривични дела, 28 сообраќајки, за Тoшковски новогодишната ноќ била мирна и безбедна
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска присуствуваше на отворање на новиот ски центар „Михајлово“ близу Кавадарци. Тој поминатата новогодишна ноќ ја оцени како мирна и безбедна.
„Што се однесува за изминатава вечер, на територија на целата држава новогодишната ноќ помина главно мирно. Безбедносната состојба на територија на целата држава за време на новогодишната ноќ беше стабилна. Уште еднаш сакам да изразам благодарност до полициските службеници кои беа на должност изминатава ноќ. Присуството на терен беше засилено и беа преземени координирани и насочени мерки за одржување на поволна безбедносна состојба. Имено, во периодот од 14.00 часот вчера до 05.00 часот денеска изутрина регистрирани се 29 кривични дела, како и 28 сообраќајни незгоди од кои 3 со тешки телесни повреди. Приведени се вкупно 33 лица по разни основи, а најмногу во врска со нелегална трговија со дрога – 14 лица. Им благодарам на сите граѓани кои што празнуваа, прославуваа одговорно така како што апелиравме и кои што придонесоа сите заедно да направиме новогодишната ноќ да помине мирно.“, истакна министерот Тошковски.