Свет
Товарен авион се урна во Авганистан

Товарен авион, кој превезувал опрема за меѓународните сили во Авганистан, се урнал доцна синоќа во северниот дел на земјата. Според гувернерот на авганистанската покраина Парван се уште не е познато дали во несреќата има жртви.
Товарен авион, кој превезувал опрема за меѓународните сили во Авганистан, се урнал доцна синоќа во северниот дел на земјата. Според гувернерот на авганистанската покраина Парван се уште не е познато дали во несреќата има жртви. Авионот не бил во составот на меѓународните сили – ИСАФ, изјави портпаролот на оваа организација. Цивилниот авион кој бил најмен од страна на ИСАФ се урнал во планинскиот предел во регионот Сиагред, а на местото на несреќата веднаш биле испратени спасувачки екипи. Во октомври минатата година во пад на цивилен товарен авион, недалеку од Кабул, загинаа сите осум членови на екипажот, шестмина Филипинци и по еден Кореец и Индиец. крај/х/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Остатоци од ракетата испукана од јеменска територија против Израел се пронајдени во областа на аеродромот „Бен Гурион“

Остатоци од ракетата испукана од јеменска територија против Израел денеска се пронајдени во областа на аеродромот „Бен Гурион“ во близина на Тел Авив, објавија светските агенции, повикувајќи се на соопштение од Израелските одбранбени сили.
„Откако беше издадена воздушна тревога во неколку области на Израел, беа направени неколку обиди за пресретнување на ракета испукана од Јемен. Паѓање (остатоци) имаше во областа на аеродромот „Бен Гурион“, се вели во соопштението.
Војската додаде дека е започната истрага.
Израелската полиција подоцна соопшти дека аеродромот „Бен Гурион“ е затворен за полетување и слетување на авиони. Полициската прес-служба прецизираше дека областа на аеродромот ќе остане затворена додека не се исчисти местото.
Свет
Земјотрес со јачина од 6,0 степени според Рихтеровата скала вчера го погоди индонезискиот остров Сулавеси

Земјотрес со јачина од 6,0 степени според Рихтеровата скала вчера го погоди индонезискиот остров Сулавеси, пренесоа светските агенции, повикувајќи се на Агенцијата за метеорологија, климатологија и геофизика на Индонезија.
Од Агенцијата нагласија дека нема опасност од цунами.
Според Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, земјотресот бил со јачина од 5,9 степени според Рихтеровата скала, и се случил на длабочина од 109 километри.
Регион
Денес се одбележуваат 45 години од смртта на претседателот на СФР Југославија, Јосип Броз Тито

Пред 45 години на денешен ден, на 4 мај 1980 година, почина Јосип Броз Тито (88), претседател на Социјалистичка Федеративна Република Југославија (СФРЈ) и на Сојузот на комунисти на Југославија (СКЈ), врховен командант на вооружените сили на Југословенската народна армија (ЈНА) и еден од основачите на Движењето на неврзаните.
Тито е роден во Кумровец, место на словенечко-хрватската граница, во мај 1892 година, а 25 мај е означен како датум на неговото раѓање, кој е прогласен за Ден на младоста и за време на кој штафетна екипа дошла во Белград, на стадионот на ЈНА, и привремено ја обиколувала цела Југославија.
Тој беше на чело на федералната држава, составена од шест републики, помалку од 35 години, од ослободувањето на земјата по Втората светска војна во 1945 година, па сè до неговата смрт.
Тој ја изведе Југославија од Источниот (советскиот) блок и спроведе реформи, по што опустошената и сиромашна земја стана средно развиена, со современ образовен и социјален систем.
Тито почина на 4 мај 1980 година, во 15:05 часот, во Клиничкиот центар во Љубљана, по компликации од ампутација на ногата и други акумулирани здравствени проблеми.
Денес, на годишнината од неговата смрт, Музејот на Југославија ќе биде отворен од 10 до 18 часот, а влезот ќе биде бесплатен за посетителите.