Вести
Медведев: Студената војна во XXI век е невозможна

Односите со многу западни држави се далеку од идеални и се соочуваме со сложен период, меѓутоа сценариото за Студената војна во XXI век е невозможно, смета рускиот премиер Дмитриј Медведев.
„Да, во моментов меѓународната ситуација не е наједноставната, меѓутоа, строго земено, кога таа била едноставна? Доколку зборуваме за односите на нашата земја со повеќето западни земји, тие во моментов се далеку од идеални, тие минуваат низ многу сложен период, некои дури и споменуваат втора Студена војна“, изјави рускиот премиер Дмитриј Медведев во интервјуто за весникот Российской газета.Меѓутоа, според него, „ова прашање сега не е во термините, туку во осознавањето“ на тоа, дека секој челник на држава, секој врховен командант, претседател или премиер на земја во којашто има парламентарна република, дека е многу свесен за „одговорноста за носењето на таквите одлуки“.„Сметам дека во XXI век, таквото сценарио едноставно е невозможно“, истакнува Медведев и притоа се осврнува и на двете светски војни.„Од актуелните челници, навистина многумина го помнат тој период. Тоа не значи дека ние на некој начин поинаку се однесуваме кон трагедијата на воените случувања, катастрофите на воените времиња. Планетата ги преживеа сите светски војни. Очигледно е дека нешто слично е невозможно да се дозволи дури и во мислите“, смета Медведев.Во тој контекст, рускиот премиер го цитира великанот Алберт Ајнштајн за оружјето коешто ќе се користи во третата свеска војна.„Кога го прашале кое оружје ќе се употребува во третата светска војна, тој (Ајнштајн) одговорил ‘Не знам какво оружје ќе се користи во третата светска војна, ама четвртата светска војна ќе се води со камења’. Тој навести дека третата глобална нуклеарна светска војна човештвото едноставно нема да ја преживее, и во таа смисла процените остануваат доста актуелни“, вели Медведев./крај/мф/сн
Извор: РИА Новости
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.