Македонија
Бучковски:Судиите не можат да кренат глава од притисоци

Партиските кадри во судството и притисокот што владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ на чело со Никола Груевски го прави врз судиите и јавните обвинители, беше главната тема на која денеска се разви остра дебата на седницата на која се разгледуваше Извештајот на Судскиот совет
Партиските кадри во судството и притисокот што владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ на чело со Никола Груевски го прави врз судиите и јавните обвинители, беше главната тема на која денеска се разви остра дебата на седницата на која се разгледуваше Извештајот на Судскиот совет.
Опозицијата обвини дека судиите не можат да кренат глава од притисоци, особено од актуелниот министер за правда Михајло Маневски.
„Значи три месеци ве чекаме да чуеме што ќе кажете, а вие тука цитирате табели, место да ја одбраните функцијата судија. Очекував да ни објасните како прв човек на судскиот совет, кој самиот се предложи дека не можете да кренете глава од притисоци, а за тоа во анкетата на ОБСЕ од вкупно 650 судии, 421се изјаснија дека работат под притисок. Сите добро знаат дека министерот Маневски поседува застрашувачки податоци за личниот интегритет на поединци, кои се дел од Судскиот совет и јас очекував дека за тоа ќе говорите“, му се обрати пратеникот од СДСМ Владо Бучковски, на претседателот на Судскиот совет Васил Грчев, кој го презентираше Извештајот за работата на судиите за 2009 година.
Опозицијата реагираше и на последниот избор за член на Судскиот совет, според која новоизбраниот Бранко Ушковски е партиски кадар на ВМРО-ДПМНЕ и дека на оваа позиција дошол без ниту еден одработен ден во правосудството, туку благодарение на контактите со владејачката партија.
„Колегата Ушковски е поставен на местото на веќе пензионираниот член на Републичкиот судски совет (РСС). Се е направено според правилникот и деловникот за работата на Судскиот совет. Во однос на анкетата на ОБСЕ немам намера да ја спорам, јас ја прифаќам таква е каква што е и не е добро од многуте поставени прашања во неа да селектирате само одредени“, одговори Грчев.
Тој посочи дека анкетата воедно покажала дека врз судските работници подеднакво притисок вршат политичките партии и од власта и од опозицијата.
Во Извештајот кој што предизвика жестоки реакции од опозицијата е наведено дека лани 50 отсто од избраните судии за основните судови се избрани од редот на кандидатите од Академијата за обука на судии и јавни обвинители.
Судскиот совет минатата година повел 23 постапки за нестручно и несовесно вршење на судиската функција. Притоа 10 судии биле разрешени, а за двајца судии членовите на РСС не нашле основ за незаконско работење. /крај/бд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Изгаснат е тежок пожар пред Пинтија, под контрола се пожарите во „Дрисла“ и Трубарево, активен е пожарот на Кожуф

Рано утрово пред четири часот изби тежок пожар во сервис за возила пред Пинтија (над Стаклара во местото наречено Каменик) во кој имаше повеќе автомобили, уље и други запаливи предмети, информира утрово директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов.
Тој додаде дека БППЗ Скопје веднаш излегле на лице место и со 8 возила после тешка борба со огнот, пожарот бил изгаснат пред 6.00 часот.
Според последните информации од ЦУК до 07:00 часот утрово на територијата на Р.С.Македонија има вкупно 13 пожари на отворен простор, од кои 1 е активен, под контрола се 2 пожари, а изгаснати се 10 пожари.
Активни: 1
1. Општина Гевгелија: Кожуф планина кај с. Петрово (приземен пожар, лисна маса);
ПОД КОНТРОЛА: 2
1. Општина Студеничани: Депонија Дрисла (ѓубре);
2. Општина Гази Баба: с. Трубарево (електричен отпад);
Изгаснати: 10
1. Општина Пробиштип: нас. Калниште – с. Добрево (висока дабова шума и нискостеблеста вегетација);
2. Општина Кочани: м.в. Царев Врв, Осоговски Планини (ниска вегетација и стрништа);
3. Општина Шуто Оризари: ул. Нов Живот (ѓубре);
4. Општина Гази Баба: ул. Перо Наков (ѓубриште);
5. Општина Студеничани: с. Горна Количани (ниска вегетација);
6. Општина Врапчиште: с. Неготино (ниска вегетација);
7. Општина Долнени: с. Лажани (ниска вегетација);
8. Општина Демир Хисар: Грејшки Пат (ниска вегетација);
9. Општина Куманово: градски гробишта (ниска вегетација);
10. Општина Липково: с. Оризаре (стрниште).
Македонија
Мицкоски треба да одговара за ширење страв и паника, по признанието на Тошковски дека нема центри на моќ зад пожарите, велат од СДСМ

Панче Тошковски во интервју призна дека нема осомничени дека одреден центар на моќ влијаел да се подметне пожарот во Трубарево и дека нема странски и домашни центри на моќ кои ја палат Македонија. Ова признание на Тошковски e директент демант на изјавите на Мицкоски, велат од СДСМ.
„Дополнително, признанието на Тошковски е потврда дека Христијан Мицкоски ги злоупотребил институциите и безбедносната состојба со цел да ја покрие сопствената неспособност.
Ова е потврда и дека Мицкоски без основа ширел страв и паника во јавноста.
По ова признание на Тошковски, Христијан Мицкоски треба да одговара за предизвикување страв и ширење паника во јавноста без да се базираат на било какви факти и докази.
Ваква злоупотреба на безбедносната состојба само за да си го спасува рејтингот ниеден премиер не се осмелил да прави“.
Оваа влада и овој премиер, оценуваат во СДСМ, се опасност по граѓаните, по нивниот живот, по здравјето, но се опасност и по институциите кои ги множат со нула и по државата во целина.
Македонија
Без вода делови од Центар и Чаир

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација, соопшти дека, денеска поради изведување на водоводен приклучок на водоводна мрежа со пречник од фи-200 мм, на ул. Бајрам Шабани бр. 7, од 09:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците: Бајрам Шабани, Челопек, Чаирска, Јајце и Ордан Чопела. (Општина Чаир)
· Поради изведување на водоводен приклучок на водоводна мрежа со пречник од фи-80 мм мм, на ул. Коле Неделковски бр. 59, од 08:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците: Коле Неделковски и Киро Крстевски -Платник. (Општина Центар)