Свет
Судењето на Мубарак закажано за 3 август во Шарм ел-Шеик
Египетските министерства за внатрешни работи и за правда официјално потврдија дека судењето на поранешниот претседател Хосни Мубарак ќе се одржи на 3-ти август во туристичкиот град Шарм ел-Шеик
Ова во понеделникот го јави во понеделникот интернет изданието на весникот „Ал-Масри ал-Јаум “, повикувајќи се на извор во египетското Министерство за внатрешни работи .Според весникот, двете надлежни министерства веќе испратиле известување до гувернерот на покраината Јужен Синај.Пред неколку дена, египетскиот министер за туризам Мунир Факхри абд-Анур побара од владата да го премести одржувањето на судскиот процес од Шарм ел-Шеик „во кој и да е друг град во земјата“. Според него, процесот против поранешниот претседател Мубарак во „туристичката престолнина“ на Египет може да ги привлече агресивните поддржувачи и противници на Мубарак во Шарм ел-Шеик „и да ги одвратат од посети на крајбрежјето на Црвеното Море илјадниците странски туристи“.Властите на јужносинајската провинција на чија територија се наоѓа Шарм ел-Шеик, наредија да се „преземат сите неопходни мерки, вклучувајќи го и ангажирањето на полициски и воени единици“ за да се обезбеди безбедноста и ефикасноста при судењето на Хосни Мубарак.Мубарак во судот ќе биде донесен од болницата во Шарм ел Шеик под силно обезбедување во амбулантно возило „снабдено со сета потребна медицинска опрема, во придружба на посебен тим лекари“. Известување на владата до гувернерот на Јужен Синај дојде во време на острото ескалирање во последните неколку дена на ситуацијата во државата со масовни демонстрации против бавноста на актуелната власт во спроведувањето на политичките реформи. Покрај тоа, едно од главните барања на Египќаните е брзо и транспарентно спроведување на судските процеси на функционерите од соборениот режим на Мубарак, и во прв ред, против самиот поранешен претседател.По падот на поранешниот претседател на Египет на 11-ти февруари годинава, во земјата беа иницирани десетици судски процеси против поранешни високи функционери кои се обвинети, пред сé, за корупцијата. Многу од поранешните раководители на Египет, во моментов се наоѓаат во притвор во очекување на започнувањето на процесите против нив, вклучувајќи го и поранешниот претседател и неговите двајца синови.Мубарак е обвинет дека наредил да се стрела врз демонстрантите на каирскиот плоштад Тахрир, обвинет е за корупција и за финансиски малверзации со јавните средства, вклучувајќи го притоа и договорот за доставувањето на египетскиот гас на Израел.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Маж нападна полицаец со нож во Париз
Маж вооружен со нож, кој се обиде да нападне полицаец кај Триумфалната капија во Париз, беше ранет од неколку куршуми испукани кон него од друг припадник на безбедносните сили, објави агенцијата Франс прес, повикувајќи се на полициски извор.
Напаѓачот е однесен во болница. Полицијата е присутна кај Триумфалната капија, споменик во центарот на Париз во близина на Шанзелизе, за церемонија на палење факел на Гробот на непознатиот војник.
Националното обвинителство за борба против тероризмот објави дека го презема случајот.
фото/Depositphotos
Свет
Зеленски: Путин не е млад човек, нема многу време
Украинскиот претседател Володимир Зеленски верува дека само САД имаат моќ да ја принудат Русија да склучи мир.
„Да бидеме искрени, денес само Европа ѝ дава пари на Украина и ѝ помага. Само САД можат да го сопрат Путин“, изјави тој за POLITICO.
Сепак, Зеленски изрази загриженост дека Белата куќа можеби не ја разбира суштината на проблемот.
„Од она што го гледам, тие испраќаат повеќе сигнали дека Украина треба да направи компромис, а не Русија“, рече тој.
„Не мислам дека тоа е правилниот став. Секако, така е поедноставно“, додаде тој.
Осврнувајќи се на возраста на Владимир Путин, Зеленски забележа дека рускиот претседател, кој сега има 73 години, повеќе не е млад човек. „Тој нема многу време“, додаде украинскиот претседател. „Дај Боже да нема многу“, заклучи тој.
Свет
Украински министер: Не е реално војната да се заврши без Трамп
Украинскиот министер за надворешни работи, Андриј Сибиха, извести за напредокот на преговорите со Русија за прекин на инвазијата, истакнувајќи дека три од 20-те точки од мировниот план остануваат контроверзни. Тој потврди дека претходните две рунди разговори се одржаа во Абу Даби, а следната ќе се одржи следната недела во Женева.
Сибиха оцени дека преговорите „напредуваат“, пофалувајќи го лидерството на американскиот претседател Доналд Трамп. Тој експлицитно изјави дека „нереално е да се заврши оваа војна без Трамп“. И покрај ова, тој предупреди дека Русија не покажува „никакви знаци на подготвеност за сериозни преговори“.
„Паралелно, мора да продолжиме да вршиме притисок врз Русија и, мора да признаеме, сè уште имаме инструменти на влијание“, рече Сибиха.
Украинскиот министер откри дека сè уште има несогласување за три точки во мировниот план, кој содржи 20 точки. „Имаме изводливи предлози, па затоа во следната рунда навистина се надеваме дека нема да слушаме дополнителни историски предавања. Сега е време за акција, за дела и за конкретни, решителни чекори“, нагласи тој.
На неговите зборови се надоврза и францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро, кој рече дека војната мора да заврши.
„Јасно е дека треба да ја запреме оваа војна, а со нашите сојузници и пријатели сè уште имаме механизми за да го постигнеме тоа“, рече тој.
Тој откри дека Франција и Обединетото Кралство „отишле многу далеку“ за да ги блокираат бродовите на руската „флота во сенка“, додека „користеле воени средства“.
Баро, исто така, ја нагласи важноста на претстојниот, 20-ти пакет санкции на Европската Унија, кој се очекува да биде усвоен на 24 февруари, на четвртата годишнина од почетокот на тоталната агресија. Тој, исто така, ја спомена улогата на таканаречената Коалиција на волјата во обезбедувањето идни безбедносни гаранции за Украина.
фото/Depositphotos

