Општество
Грчката царина ја прогласи непожелна македонската пејачка Сузанa Спасовска
Познатата македонска естрадна уметници Сузана Спасовска во дописот за македонските медиуми известува дека при обид за транзитно минување низ Грција од тамошните царински служби била подложена на малтретирање и регистрирана како лице непожелно за влез во ова земја, и изразува сомневање дека причина за тоа е нејзин претходен настап на манифестација на Македонците во Егејска Македонија.
Во дописот Спасовска, исто така, бара како што можат грчките музичари, вокални интерпретатори и групи слободно да настапуваат во и низ Македонија, да свират и пеат грчка традиционална музика, а притоа македонските медиуми да им посветуваат внимание и да ги промовираат на своите програми, и естрадните уметници од Македонија да бидат третирани на ист начин во Грција.
„Освен својата професија – музиката, естрадните уметници немаат друга дејност, ниту сакаат да бидат дел од политички игри. Апелирам во иднина вакви проблеми да не се повторуваат, со цел македонските естрадни уметници слободно да настапуваат пред својата публика, која ја сака македонската песна насекаде во светот“, вели во реакцијата, интерпетаторката на македонска народна музика, Сузана Спасовска.
Вели дека и покрај тоа што не сакала да ја оптоварува јавноста со нејзиниот случај, сепак, смета дека станува збор за настан кој е веќе вообичаен однос на грчките власти кон сé што доаѓа до Македонија.
„Имено, на 6 септември 2013 година, со цел транзитно да поминам преку Грција до Турција, на граничниот премин Евзони бев спречена во тоа од страна на грчките гранични служби. Со голема доза на зачуденост од постапката и на прашањето зошто не можам транзитно да поминам, грчките граничари одговорија дека има некаков проблем со компјутерскиот систем, кој не дозволува да ме регистрира како лице кое може слободно да се движи низ нивната територија. Во меѓувреме испечатија формулар на грчко-српски јазик кој ми го подметнаа да го потпишам, чин што јас одбив да го сторам со барање за објаснување од нивна страна. Наместо тоа добив условување дека доколку не го потпишам формуларот, нема да ја добијам назад мојата патна исправа, ниту ќе ми се дозволи враќање назад кон македонскиот граничен терминал. Веројатно, следниот чекор беше мое приведување. Документот ме регистрира во грчкиот национален регистар како личност која е непожелна за влез во Грција со необјасниви причини. И покрај моето инсистирање да добијам објаснување за нивната постапка, наместо тоа дрско и со висок тон од страна на грчките граничари бев условувана по секоја цена да го потпишам документот“, што на крајот морала да го стори се вели натаму во дописот на Спасовска.
Сепак, и покрај тоа што од грчките погранични власти не можела да добие објаснување за случај, кој го квалификувам како инцидент, Спасовска претпоставува дека реакцијата е поради тоа што на 15-ти јули 2013 година, била поканета од Македонците во Воденскиот крај да настапам на Првиот семакедонски собир со мој репертоар на нивната манифестација, на којашто учествуваше заедно со шовеќе културно-уметнички друштва кои го негуваат македонскиот фолклор.
„Пред настапот организаторот беше предупреден од грчки групи дека би било подобро да се откаже мојот настап со македонски песни. И покрај ова условување музичката програма започна, но дојде до прекин на снабдувањето со електрична енергија со цел концертот да не продолжи. На инсистирање на бројната македонска публика концертот сепак продолжи и заврши без никакви понатамошни проблеми“, посочува Спасовска дека и покрај тоа што досега повеќепати настапувала пред македонската публика во Егејска Македонија, ова било првпат да наиде на ваков однос, што кај неа предизвикало чувство на несигурност.
„Во мојата досегашна кариера која трае речиси 30 години, никогаш ми се нема случено ваков испад на ниту една гранична служба низ светот. Со оваа моја реакција не сакам да привлечам никакво медиумско внимание заради публицитет, бидејќи тоа не е мој начин на работа, ниту на таков начин го сфаќам работењето на естрадата. Со оваа моја реакција сакам да упатам сериозна критика до грчките власти, кои политичките проблеми со Република Македонија ги пренесуваат на македонските уметници, музичари и културни работници“, го објаснува пејачката мотивот зашто и’ се обраќа на јавноста во врска со погоре споменатиот инцидент на македонско-грчката граница./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Халкбанк со голема акција за пошумување во Делчево како дел од иницијативата „Еден милион садници за пет години“
Халкбанк АД Скопје денес ја реализираше новата етапа од својата долгорочна зелена иницијатива „Еден милион садници за пет години“, со засадување багремови садници на површините од „HalkForest“ во Малешевијата, на локација во Делчево.
Акцијата беше спроведена во партнерство со ЈП Национални шуми и со учество на менаџментот на Банката, дел од вработените и стручни претставници од јавното претпријатие.
Ова пошумување е дел од најамбициозната еколошка програма на Халкбанк досега, иницијатива која што Банката ја започна минатата година, а е препознаена како системски придонес за борба против загадувањето, обновување на шумските екосистеми и подобрување на квалитетот на воздухот.

Со најновата акција, Халкбанк повторно ја потврди својата определба, одржливоста да биде трајна, а не декларативна обврска.
„За нас, одржливоста е дел од јасно поставена стратегија и подразбира постојана работа, планирање и вистински ангажман. Пошумувањето е активност со мерливи ефекти, го намалува загадувањето, ја подобрува еколошката рамнотежа и создава услови за поздрава средина. Со иницијативата ‘Еден милион садници за пет години’ покажуваме дека сме подготвени континуирано да инвестираме во решенија кои носат долгорочна вредност за сегашните и идните генерации,“ истакнаа од Халкбанк.
Акцијата во Делчево е дел од програмата што се реализира преку платформата ХалкЕко, преку која Банката во изминатите години засади над 100.000 садници, организираше спортски и еко настани, поддржува едукативни програми и придонесува кон уредување јавни простори низ државата.
Халкбанк останува посветена на исполнување на целта за засадување еден милион нови садници во период од пет години, со стратешки пристап и цврсто партнерство со институциите и локалните заедници.
(ПР)
Македонија
Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби
Ариепископот Охридски и македонски заедно со Светиот архиерејски Синод, по повод велигденските празнувања, испраќа мир и благослов од Бога до свештенослужителите, монаштвото и до сите чеда на МПЦ-ОА.
– Христовото воскресение е смислата на нашето севкупно постоење. Тоа е стожерот околу којшто се одвива сиот наш живот и камен-темелникот врз којшто се гради сиот наш подвиг на верата, на надежта и на љубовта во Бога. Тајната на Христовото воскресение го преобразува и го вообличува севкупниот наш поглед кон светот и човекот, кон времето и вечноста. Зашто, токму ова спасоносно собитие е најголемата вистина којашто му беше објавена на човековиот род и токму оваа Тајна над тајните е најрадосното благовестие со коешто велегласно беше возвестена конечната победа на животот над смртта, на доброто над злото и на љубовта над омразата, вели г.г. Стефан меѓу другото во обраќањето.
Македонија
Православните верници го слават Велигден
Православните верници денеска го слават најголемиот христијански празник Велигден – Христовото воскресение, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите. Воскресението Христово на полноќ беше објавено во сите храмови на Македонската православна црква, а денеска се одржуваат воскресенски литургии.
Поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан богослужеше во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје од каде го објави Христовото Воскресение и упати Велигденски пораки.

