Македонија
Тачи не го интересира проблемот со името
Воопшто не ме интересира проблемот со името, бидејќи Македонците бараат од мене да се солидаризирам со нивниот идентитет а тие секојдневно го уништуваат мојот идентитет, изјави лидерот на ДПА Мендух Тачи во Неделното интервју за Радио Слободна Европа
„Воопшто не не интересира проблемот со името, тоа е проблем на Македонците. Затоа што тука се многу работи нејасни. Македонците бараат јас да се солидаризирам затоа што некој сака да им го уништи идентитетот, а тие секојдневно, почнувајќи од устата на премиерот, па до обичниот Македонец, мене ми го уништуваат идентитетот, со зборовите македонска држава, македонска култура, македонска армија“, вели Медух Тачи.Тој наведува дека дискриминацијата на Албанците во Македонија била политичка, што автоматски подразбира и економска дискриминација. „Само погледнете како се распределува буџетот, веднаш ќе сфатите дека наместо Албанците да го искористат тој буџет 25-30%, тие сеуште продолжуваат да имаат придобивки од тој буџет само 2-3 насто“, изјави Тачи. Лидерот на ДПА не ја исклучи можноста да коалиција со СДСМ, наведувајќи дека во политиката нема многу емоции. „Јас сум политичар и кога ќе седнам, со секого ќе разговарам. Без оглед која политичка сила од страна на Македонците ќе добива легитимитет, ќе ни биде легитимен партнер за дијалог, за договор, за заедничко владеење, под услов да се договараме и за нашата платформа, и за нашата програма“, рече Тачи. Тој ја исклучи можноста пратениците на ДПА во блиска иднина да се вратат во парламентот, додавајќи дека основен услов за такво нешто е воспоставување на политички дијалог.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Од Пинтија до Драчево ќе се гради современ булевар со четири ленти
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски најави дека почнува реализацијата на изградбата на булеварот Борис Трајковски.
Објавена е јавната набавка, а по завршување на законската постапка, градежните работи се очекува да почнат за околу 40 дена. Рокот за изведба е до крајот на календарската година.
Проектот опфаќа изградба на современ булевар во должина од 850 метри, со четири коловозни ленти и безбедна пешачко-велосипедска патека, на потегот од трафостаницата во Пинтија до кружниот тек во Драчево. Со ова трајно ќе се реши долгогодишниот сообраќаен проблем со кој секојдневно се соочуваат над 100.000 граѓани.

Надлежните апелираат за трпение за време на градежните активности, нагласувајќи дека привремените отежнувања ќе донесат долгорочно, квалитетно и безбедно сообраќајно решение за сите граѓани.
Македонија
СДСМ бара оставка од Тошковски по трагедијата во Карпош
СДСМ побара оставка од министерот за внатрешни работи Панче Тошковски по трагедијата во скопската населба Карпош, каде што починаа мајка и дете.
Од партијата велат дека случајот покажал сериозни пропусти на институциите во заштитата од семејно насилство.
„Институциите биле алармирани, имале сознанија и индиции за ризик, но со нивната несоодветна реакција не ги заштитиле жртвите“, наведуваат од СДСМ.
Од партијата оценуваат дека потфрлил институционалниот систем, вклучително и МВР и центрите за социјална работа.
Тие потсетуваат и на случајот во Велес, каде пред неколку месеци беше убиена млада жена заедно со нејзиниот татко, и покрај претходни пријави за насилство.
„Само во 2026 година изгубени се четири животи поради родово базирано и семејно насилство“, наведуваат од СДСМ.
Партијата бара оставка од Тошковски и темелна истрага која, како што велат, ќе утврди одговорност кај сите службени лица од МВР, центрите за социјална работа и другите надлежни институции.
Македонија
Сончево време со температута од 17 степени, за утре метеоролозите најавија повремени локални врнежи од дожд
Времето претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на утринска магла по одделни котлини. Попладне облачноста ќе се зголеми и ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 5, а максималната ќе достигне од 13 до 17 степени.
Во Скопје, претпладне сончево со мала до умерена облачност, а попладне променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец сончево со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 17 степени, јавува УХМР.
Во следните денови ќе преовладува сончево и релативно топло време со мала до умерена облачност, освен во четврток кога ќе има повремени локални врнежи од дожд. Утре и во четврток по одделни котлини ќе има услови за појава на слаба магла.

