Македонија
Генералот Сирен импресиониран од реформите во одбраната
Висока делегација на Воениот комитет (ВК) на ЕУ, предводена од претседавачот на ВК на ЕУ, шведскиот генерал Хакан Сирен, денеска допатува во прва официјална посета на Македонија.По разговорите, генералот Сирен не криеше дека е импресиониран од напредокот во реформите на полето на одбраната кои ги спроведува Република Македонија, при што посебно го истакна учеството на АРМ во мисиите предводени од НАТО и ЕУ, како и успешно спроведениот процес на оценување на декларираните единици согласно Концептот на НАТО, што АРМ ја прави рамноправен партнер со армиите од земјите – членки на НАТО и ЕУ. На средбата во ГШ на АРМ, пред делегацијата од ВК на ЕУ беа презентирани трансформацијата на АРМ, достигнатиот степен на реформи во Министерството за одбрана и Армијата, како и учеството на АРМ во мисиите надвор од Република Македонија, соопштуваат од Министерството за одбрана. Во оваа прилика гостите се запознаа со напорите и чекорите кои Република Македонија ги има досега превземено во насока на нејзина успешна интеграција во рамките на Европската одбранбено-безбедносна архитектура, при што посебно стана збор за активностите околу учеството на АРМ во проектот за развој на борбената група на ЕУ (EU battle group 2012). Во текот на утрешниот ден, генералот Сирен е предвидено да оствари средби со Министерот за одбрана Зоран Коњановски, Министерот за надворешни работи Антонио Милошоски и со Претседателот на Комисијата за одбрана и безбедност во Собранието на Република Македонија, Владимир Ѓорчев./крај/со
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Следува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и снег
Времето утре ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни (над 25 l/m²), особено попладне и во текот на ноќта. На планините врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h).
Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 10 до 17 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд, особено кон крајот на денот и во текот на ноќта. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на циклонска активност во следните денови времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер во четврток врнежите ќе преминуваат во снег на повисоките и во некои од пониските места.
На планините во западните делови ќе се формира нова снежна покривка, а помала покривка се очекува и во пониските места. Во петок ќе има преодно стабилизирање на времето, а во деновите од викендот, особено во сабота повторно ќе има локални врнежи од дожд и снег, кои наместа ќе бидат пообилни. Температурите ќе бидат во опаѓање.
Македонија
(Видео) Николоски: 40 километри од автопатот Охрид – Кичево се веќе во функција
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук профил објави ноќно видео од автопатот Охрид-Кичево, каде истакнува дека 40 километри од автопатот се ставени во функција.
„Погледнете го ова прекрасно ноќно видео од делот од автопатот Охрид – Кичево. 40 километри се веќе во функција. Се надевам голем број македонски граѓани ќе возат по овој автопат на пат кон Балканскиот Ерусалим – Охрид за овој Божиќ. Честитки на сите вредни работници кои се посветија на неговата изградба! За многу години Божиќ и Бадник!“ порача вицепремиерот Николоски.
Македонија
(Фото) Мицкоски: Бадник не е само ден, туку порака дека заедништвото, љубовта и солидарноста нe прават посилни
„Во пресрет на Бадник, денеска поделивме пакети помош во Карпош, Гази Баба, Чаир, Аеродром, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Бутел и Центар со желба секое семејство да ја почувствува топлината на празникот на својата трпеза“, извести премиерот Христијан Мицкоски преку социјалните мрежи.
„Бадник не е само ден, туку порака дека заедништвото, љубовта и солидарноста нe прават посилни“, додаде Мицкоски.

