Свет
Дактилографката не отчука крај на криминалот
Обвинетата дактилографка доаѓа на работа, иако претседателката на судот, Добрила Кацарска тврдеше дека била суспендирана
Обвинетата дактилографка доаѓа на работа, иако претседателката на судот, Добрила Кацарска тврдеше дека била суспендирана
Дактилографката од извршното одделение во Основниот суд 1 во Скопје, која пред еден месец беше обвинета дека фалсификувала решение за исплата на судска одлука за неколку десетици илјади евра, се’ уште работи во судот на истото работно место.
Против неа и против адвокатот на чија сметка легнале парите, се’ уште нема официјална истрага.
Судијата Милан Доганџиски, задолжен за контакти со јавноста, вели дека дактилографката си е на своето работното место и дека против неа нема судска постапка. По објавувањето на информацијата за криминалот претседателката на судот, Добрила Кацарска, рече дека дактилографката, чие име не го обелодени, била суспендирана веднаш по завршувањето на внатрешната истрага во судот. Кацарска тогаш информираше дека внатрешната контрола била иницирана од известување добиено од Народната банка дека има нејаснотии во еден предмет.
Тогаш било откриено дека на спорното решение за исплата на неколку десетици илјади евра бил запишан број на друг предмет што го водел друг судија, а имињата на странките биле измислени. Откриени биле и други сомнителни решенија за исплата на отштета, но и тие се’ уште се испитуваат. Веднаш по пријавувањето на случајот во МВР бил запленет компјутерот на дактилографката, но информации за наодот од вештачењето се’ уште нема.
Парите од фалсификуваното решение биле префрлени на сметката на адвокатот Кирил Смичковски. Името на дактилографката се’ уште не се обелоденува. Парите што легнале на сметката на адвокатот биле всушност отштета што еден скопјанец ги добил оти бил претепан. Адвокатот негирал дека бил вмешан во овој случај. Истиот адвокат неодамна бил осуден оти зел пари што како отштета за последици од воениот конфликт ги добил негов клиент.
(Н.Н.С.)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Објавени имињата на сопружниците кои загинаа враќајќи се од Германија, братот на починатиот е во кома
Во тешка сообраќајна несреќа што се случи рано утрово на автопатот Белград- Ниш, во близина на клучката Умчари, две лица го загубија животот, додека друг патник е итно однесен во болница со тешки повреди.
Познато е дека во возилото на несреќата биле двајцата браќа Назим и Шкелзен Авдиу, како и сопругата на Шкелзен.
Свет
Орбан: Распадот на Украина би бил катастрофа за Украина
Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан денеска изјави дека распадот на Украина би имал сериозни последици по неговата земја.
– Немојте да се залажувате: распадот на Украина би бил катастрофа за Унгарија, напиша Орбан на платформата Икс.
Тој додаде дека стабилноста на соседните држави е важна.
– Унгарија ја снабдува Украина со 44 отсто електрична енергија и 58 проценти гас. Во меѓувреме, војната ја слабее Украина секој ден. Само мирот може да ја зајакне. Секој кој навистина ја поддржува Украина мора да сака мир, и сега, посочи Орбан.
Свет
Нема да има блокада на граничните премини со Грција за време на празниците
Грчките земјоделци најавија прекин на блокадите на граничните премини со Македонија за време на божиќните и новогодишните празници, овозможувајќи им непречено патување за граѓаните.
Блокадата на земјоделците е проблем за многу македонски државјани кои изминативе недели им беше отежнато патувањето кон или од Грција.
Грчките медиуми известуваат дека за време на празничната сезона нема да има блокади, со цел граѓаните да можат непречено да патуваат.
Земјоделците одлучија да ги прекинат блокадите и да ги отворат граничните премини и патиштата во два периода: од вторник, 23 декември, до недела, 28 декември 2025 година и од вторник, 30 декември, до недела, 4 јануари 2026 година.
Во меѓувреме, премиерот на Грција посочи дека многу од барањата на земјоделците од неговата држава се исполнети.„Од листата со 27 побарувања на земјоделците, 16 се веќе задоволени или се третираат позитивно. Четири се во процес на разгледување или дискусија со цел да се пронајде решение, додека само седум не можат да бидат решени. Причините за тоа се или спротивност со основните европски правила и функционирањето на заедничката земјоделска политика, или финансиска неизводливост“, објави на Фејсбук премиерот Кирјакос Мицотакис.
Земјоделците, кои ги започнаа своите протести на 30 ноември со околу 60 блокади низ цела Грција, не се откажуваат од своите барања.

