Македонија
Министерството за култура поднесе кривична пријава за Игор Ивановски
Министерството за култура поднесе кривична пријава против Игор Ивановски, како што велат, за изнесените невистини на прес – конференција за исчезнатата документација од проектот „Скопје 2014“.
Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска денеска на прес – конференција истакна дека Ивановски со неговата прес – конференција го нарушил нејзиниот чест и углед, како и угледот на Министерството за култура. Таа го повика Ивановски да направи увид на целата документација за проектите.
Од Министерството за култура објаснуваат дека имало исчезната документација за внатрешно уредување на музејот на ВМРО, но дека тоа биле поништени постапки. Првата јавна набавка била поништена, а другата документација се наоѓала во Министерството за култура.
„Сите овие лаги и невистини за одредена документација дека исчезнала, каде што се склучени договори за милионски суми, воопшто не е точна. Оваа документација, за што е поведена постапка и од МВР, и дисциплинска постапка во Министерството за култура, се однесува на поништени постапки, но без разлика ние ќе преземеме соодветни мерки и санкции за вработените во Министерството за култура, а МВР како институција ќе си излезе со поединечен извештај“ рече Канческа – Милевска.
СДСМ вчера излезе со нови обвинувања за аферата „Патриотска метла“ и тврдеше дека недостасуваат понудите на учесниците во тендерот за внатрешното уредување на музејот на ВМРО.
„Да бидеме попрецизни, говориме за објектот од “Скопје 2014“, музеј на ВМРО за кои само досега се склучени зделки во вредност од 8 милиони евра народни пари“ рече Ивановски. /крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош
Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда.
„Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка краткотраен притвор од 48 часа против едно лице за кое постојат сомненија за сторени кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 и Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128 став 4 од Кривичниот законик“, соопштија од Обвинителството.
Од таму појаснуваат дека притворската мерка е неопходна со цел преземање на сите истражни дејствија со цел обезбедување докази во однос на сомненијата и додаваат дека по предлог на јавниот обвинител, судот определи притвор.
Македонија
МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во координација со локалните власти во Обединетите Арапски Емирати, активно работи на финализирање на деталите околу организацијата на комерцијален лет за евакуација на македонските државјани.
Се повикуваат сите граѓани кои се заинтересирани за евакуација, а сè уште не се пријавиле, во најкраток рок да стапат во контакт со Амбасадата во Абу Даби преку следните контакти:
Телефон: +971 56 441 7532
Е-маил: [email protected]
„Безбедноста на македонските државјани останува највисок приоритет. Пријавените лица навремено ќе бидат информирани за понатамошните чекори и условите за безбедна реализација на евакуацијата“, велат од Министерството.
фото/Depositphotos
Македонија
(Фото) Руте во посета на Армијата: Дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес во касарната „Илинден“, Скопје, оствари посета на Армијата, која се реализира во рамки на неговата официјална покана на Македонија.
Генералниот секретар беше пречекан од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски и министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Во рамките на посетата, генералниот секретар се обрати пред припадниците на Армијата истакнувајќи го придонесот што нашата држава го прави во рамки на Алијансата.
„Вие навистина дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили (Forward Lend Forces)“, истакна Руте, потенцирајќи „со тоа се грижите навистина да ја одбраниме секоја педа од територијата на Алијансата“.

За време на посетата беше извршена смотра на построените единици, како и на опремата и средствата со кои располагаат Лесната пешадиска баталјонска група и декларираните единици од составот на Баталјонот на специјални сили.
Во знак на признание за придонесот во зајакнувањето на соработката и поддршката на Армијата на Република Северна Македонија во рамки на Алијансата, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски му додели Голема плакета на Армијата на генералниот секретар на НАТО.

На настанот присуствуваа генерали на Армијата и претставници од Армијата и Министерството за одбрана.

