Свет
Грузија соработувала со Ал Каеда
Потпретседателот на грузискиот парламент ја демантирал, нарекувајќи ја провокација изјавата на руските безбедносни агенции кои велат дека Грузија ги помага терористите во Кавказ
„Овие изјави покажуваат дека Русија не провоцира. Ова е тотален апсурд, нема никакви членови на Ал Каеда на територијата на Грузија“, изјавил Пата Давитаја, потпретседател на грузискиот парламент.Неговата изјава е одговор на средбата на Рускиот антитерористички комитет на која рано утрово Грузија беше обвинета за „тренирање на терористи и нивна испорака во Чеченија“.Александар Боротников, директорот на агенцијата за разузнавање, додал дека Грузија соработува со Ал Каеда и “ги подржува терористичките групи за напад на Дагестан“.Пред еден месец во Русија беа уапсени повеќе лица кои имаа поврзаност со Ал Каеда, во нелегално префрлување кон Кавказ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
При уривање на автопат во јужна Кина загинаа 36 лица
Бројот на загинати во уривањето на дел од автопатот во јужната кинеска провинција Гуангдонг се искачи на 36, соопштија локалните власти.
Несреќата се случи вчера наутро, а по уривањето на делницата долга 17,9 метри, 23 возила паднале во провалија, јавува агенцијата Синхуа.
Претходно беше соопштено дека загинале 24 лица, а 30 се повредени.
Свет
Трамп: Апсењето на студенти во Њујорк „беше убаво за гледање“
Поранешниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека е „убаво да се гледа“ како полицијата во Њујорк упадна во зградата на Универзитетот Колумбија, окупирана од пропалестински демонстранти, нарекувајќи ги „бесни лудаци и симпатизери на Хамас“.
На митинг за претседателската кампања во Висконсин, Трамп рече дека „Њујорк е под опсада“ и го поздрави апсењето на околу 300 демонстранти, пренесува Ројтерс.
Некои членови на Републиканската партија ги обвинија универзитетските лидери за игнорирање на антисемитската реторика и малтретирање на пропалестинските протести низ САД.
Свет
Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер го погоди Лос Анџелес
Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтеровата скала вечерва го погоди поширокото подрачје на Лос Анџелес, соопшти Сеизмолошкиот институт на САД.
Земјотресот се случил во областа Корона, во близина на Лос Анџелес.
Земјотресот бил почувствуван во поширока област, западно до Лос Анџелес, Лонг Бич, округот Оринџ и Санта Кларита.