Свет
Американците ќе користат воени бази во Колумбија
Колумбија и САД во петокот потпишаа договор со кој на американските воени сили им се ставаат на располагање седум воени бази во Колумбија.
Колумбија и САД во петокот потпишаа договор со кој на американските воени сили им се ставаат на располагање седум воени бази во Колумбија.
Ваквата одлука на колумбиските власти предизвика негодување на лево ориентираните влади во повеќе Јужноамерикански држави кои се противат на соработката со САД.
Договорот го потпишале министерот за надворешни работи на Колумбија, Жем Бермудез и американскиот амбасадор во земјата Вилијам Броунфилд.
Целта на меѓусебниот договор е да се зајакне заемната соработка на двете земји во борбата против трговијата со дрога и герилци.
Потпишувањето на договорот е од особено значење за САД, бидејќи ќе им овозможи користење на стратешки воените бази на границата со Венецуела, Еквадор, Перу и Панама во следните десет години.
Договорот најмногу го критикуваше венецуелскиот претседател Хуго Чавез кој истакна дека ваквиот чекор само ќе го дестабилизира регионот./крај/хн/вм
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Бајден воведува нови санкции кон Русија на самиот крај на неговиот мандат
САД денеска, во последните денови од мандатот на претседателот Џо Бајден, воведоа нови санкции кон Русија поради нејзината инвазија на Украина, насочени кон речиси 100 ентитети, вклучително и енергетскиот и банкарскиот сектор на Русија.
Американското Министерство за финансии, по новата извршна наредба, објави дека воведува нови санкции за клучните руски субјекти, само неколку дена пред Доналд Трамп повторно да влезе во Белата куќа.
„Нашата цел со овој потег е да им ставиме до знаење на финансиските институции, но и на компаниите, дека бизнисот со Русија што го поддржува нејзиниот воено-индустриски комплекс ги изложува на санкции“, рече функционер, кој побара да остане анонимен, пренесуваат западните медиуми.
Американскиот Стејт департмент, исто така, воведува санкции против повеќе од 150 субјекти и поединци.
Свет
Договорот за примирје помеѓу Израел и Хамас има три фази
Официјални лица запознаени со договорот за прекин на огнот помеѓу Израел и Хамас споделија дополнителни детали со „Ројтерс“.
Се чини дека договорот има три фази, од кои првата трае шест недели. Оваа фаза вклучува постепено повлекување на израелските сили од центарот на Газа и враќање на раселените Палестинци во северниот дел на Газа.
Договорот предвидува дека за време на прекинот на огнот, секој ден ќе им биде дозволен влез на 600 камиони со хуманитарна помош во Газа, од кои 300 ќе бидат наменети за северот. Хамас посетепно во првата фаза ќе ги ослободуваа заложниците, во замена за палестински затвореници.
Овој договор ќе им овозможи на стотици илјади раселени луѓе во градот Газа и јужниот дел на Газа да се вратат во своите домови, села и градови.
Исто така, се очекува договорот да вклучи влез на 50 цистерни со гориво за напојување на болниците, поправка на електрани, обновување на канализационите и водоводните системи и започнување со решавање на сите проблеми со кои луѓето се соочуваат повеќе од една година.
Се очекува наскоро договорот да биде објавен.
Свет
Трамп: Договорот меѓу Израел и Хамас беше постигнат благодарение на мојата историска победа
Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп ја презеде заслугата за договорот за прекин на огнот меѓу Израел и Хамас во уште една објава на платформата „Трут соушал“.
Опишувајќи го договорот како „епски“, Трамп рече дека тој можел да биде постигнат само благодарение на неговата историска изборна победа, која сигнализирала до целиот свет дека неговата администрација ќе бара мир и ќе преговара за договори за да се осигура безбедноста на сите Американци. и сојузниците.
Трамп вети дека неговиот тим за национална безбедност и неговиот избор за пратеник за Блискиот Исток, Стив Виткоф, ќе продолжат тесно да соработуваат со Израел и сојузниците за да се осигураат дека Газа никогаш повторно не стане безбедно засолниште за терористите.