Свет
Пилај ги обвини израелците дека не ги интересира палестинската судбина

Високиот преставник на Обединетите нации (ОН) за човекови права, Нави Пилај, денеска им забележа на израелските власти дека не се загрижени за судбината на окупираниот палестински народ. Покрај тоа Пилај изрази загриженост поради непочитувањето на човековите права на Западниот брег, кој се наоѓа под Палестинска самоуправа и во Појасот Газа кој се наоѓа под управа на Хамас. На прес конференцијата Во Ерусалим, по завршувањето на својата прва посета на палестинските територии во Израел, таа рече: „ Не можев да поверувам колку преставниците на израелските власти со кои разговарав, по овие прашања не покажуваат голем интерес. Тие прашања се „туркаат под тепих“, како да се неважни работи. Но тоа не е така. Очигледно е дека се работи за повреда на човековите права“. Пилај го осуди договарањето околу можното продолжение на мировните преговори во замена за мораториум на колонизација на одредени територии. крај/х/н.ц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Трамп воведе царини за увоз од сите земји, за ЕУ царина од 20 отсто

Претседателот Доналд Трамп денеска објави царини од најмалку 10 отсто за практично сите стоки кои доаѓаат во Соединетите држави, плус уште повисоки стапки за десетици земји кои имаат најголем трговски дефицит со Соединетите држави.
Новата политика претставува драматична промена во глобалната трговска и економска политика. Таа е насочена кон обновување на производствената моќ на САД и трговската рамнотежа. Но, тоа се заканува да ескалира нова глобална трговска војна и да ги зголеми цените за американските потрошувачи во несигурно време за економијата, пишува „Си-ен-ен“.
Политиката на Трамп ќе воспостави основна царина од 10 проценти за сите стоки од сите земји, освен оние кои се во согласност со договорот за слободна трговија USMCA меѓу Мексико, Канада и Соединетите држави (стоките што не се усогласени ќе продолжат да се наплаќаат по стапка од 25 отсто). Увозниците на стоки од други нации ќе почнат да ја плаќаат основната тарифа од 10 отсто во сабота.
На група од околу 60 земји, кои високи функционери на администрацијата на Трамп ги нарекоа „најлоши престапници“, ќе им се наплаќа тарифа по половина од тарифата што ја наплаќаат од САД. Тие реципрочни тарифи ќе стапат на сила на 9 април часот по средноевропско време, според висок претставник на Белата куќа.
Тој држеше голем графикон со наслов „Реципрочни тарифи“, на кој се прикажани новите царини што САД ги воведуваат кон одредени земји и оние што тие земји веќе и ги наметнуваат на Америка.
Според прикажаното, увозот од Обединетото Кралство ќе биде оптоварен со царина од 10 отсто, а увозот од Европската унија со 20. Тој повторно жестоко ги критикуваше Кина и ЕУ, велејќи: „Не’ дерат. Тажно е да се гледа. Мизерно е“.
Трамп рече дека компаниите кои ги произведуваат нивните производи во Соединетите држави нема да плаќаат никакви царини.
„Нема тарифа ако го правите вашиот производ овде во Америка“, рече претседателот. Тој најави и дека наскоро ќе почне да добива повици од „кралеви, кралици и амбасадори“ кои ќе бараат ослободување од царините.
Неговата порака до нив е: „Отстранете ги сопствените царини, отстранете ги бариерите, престанете да манипулирате со валутите… и почнете да купувате десетици милијарди долари американски стоки“.
Свет
Трамп: Воведуваме царини од 25 отсто за сите возила произведени надвор од САД, стапуваат во сила на полноќ

Американскиот претседател, Доналд Трамп најави дека САД ќе воведат царина од 25 отсто за сите автомобили произведени надвор од САД почнувајќи од полноќ.
Критикувајќи го трговскиот дисбаланс, Трамп рече дека понекогаш „пријателите се полоши од непријателите“ кога станува збор за трговијата.
„На пример, повеќе од 80 проценти од автомобилите произведени во Јужна Кореја се продаваат во Јужна Кореја, а повеќе од 90 отсто од автомобилите што се продаваат во Јапонија се произведени во Јапонија“, рече тој. Додаде дека автомобилите произведени во САД, како што е Форд, имаат само симболично присуство на тие пазари, што, според него, ја опустоши американската автомобилска индустрија.
„Затоа, почнувајќи од полноќ, ќе стапи на сила царината од 25 отсто за сите возила од странско производство“, најави Трамп.
Рече дека работните места и домашното производство ќе се вратат во Америка и дека неговата политика ќе ги принуди другите пазари да се отворат за американските производи.
Тој најави засилена пазарна конкуренција и пониски цени за потрошувачите.
„Ова навистина ќе биде златното доба на Америка“, додаде претседателот.
Доналд Трамп рече дека Соединетите Американски Држави со децении се искористени од измамници и странски земји, кои профитирале на сметка на американската економија.
Царините ги опиша како реципрочни, а денешниот ден како еден од најважните денови во американската историја.
Свет
(Видео) Камерата ги снимила последните моменти на студентката Сара пред убиството

Видеото од надзорна камера на бензинската пумпа е емитувано ексклузивно на „Тг1“, а на него се прикажани последните моменти од животот на студентката Сара Кампанела.
На видеото се гледа како Сара Кампанела и Стефано Аргентино заедно пешачат на кратко растојание во близина на стадионот Гази во Месина. Двајцата поминуваат зад бензинска пумпа. Потоа, дваесетина секунди исчезнуваат од кадарот, можеби потоа застанале да разговараат.
Сара потоа се гледа како оди и продолжува кон автобуската станица, кога и се придружува Сатефано. Набргу потоа ја избол со нож, а потоа избегал.
Il femminicidio di #SaraCampanella a #Messina. Interrogatorio di garanzia in carcere per Stefano Argentino. In esclusiva al Tg1 il video degli ultimi minuti di vita della ragazza.#Tg1 Lorenzo Santorelli pic.twitter.com/7cqLuv5oMB
— Tg1 (@Tg1Rai) April 2, 2025
Таа починала истата вечер со две убодни рани.
Очигледно трето лице му помогнало да избега. Откако ја избол Сара, младиот човек стигнал до Ното и се засолнил во пансион во сопственост на неговата мајка.
„Лесно избега веднаш по настанот, додека можеше да смета на поддршка од трети лица, кои во моментов се идентификуваат, за да му ги покријат трагите“, се вели во соопштението на обвинителството.
Млад човек од истиот колеџ го видел убиството, се обидел да стигне и да го фати убиецот, но за жал не успеал.
Полицијата се уште трага по оружјето со кое била убиена Сара.
Сара по нападот веднаш со автомобил била пренесена во болница, но лекарите не можеле да направат ништо бидејќи изгубила премногу крв.
Полицијата смета дека мотив за убиството била невозвратена љубов, поточно Стефано бил заљубен во Сара, а таа не сакала да биде со него, по што тој ја демнел.
Полицијата продолжува да го истражува злосторството.