Свет
Киргистан објави награда од $100.000 за роднините на Бакиев
Киргистан објави награда од 100.000 долари за апсење на синот и тројцата браќа на симнатиот од власт, поранешниот претседател на земјата, Курманбек Бакиев, пренесуваат агенциите.
Киргистан објави награда од 100.000 долари за апсење на синот и тројцата браќа на симнатиот од власт, поранешниот претседател на земјата, Курманбек Бакиев, пренесуваат агенциите. Само пред една недела, поранешниот претседател беше формално обвинет од привремените лидери на азиската држава поради крвавите инциденти во Бишкек. „Финансиските награди ги објавивме за да се обезбеди поддршка од општеството, за да се утврди каде се наоѓаат и за да ги фатиме,“ се вели во соопштението на привремената влада за потрагата по роднините на Бакиев./крај/бгн/ко
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Министрите на ЕУ го поддржаа проширувањето со Западен Балкан
Министрите за европски прашања на земјите членки на ЕУ, денеска, на седницата на Советот за општи работи на ЕУ, посветена на приоритетите на унгарското претседателство, го поддржаа процесот на проширување на ЕУ заснован на заслуги, вклучително и за Западен Балкан.
Унгарскиот министер за европски прашања, Јанош Бока, на седницата, на која ги презентира приоритетите на унгарското претседателство, меѓу кои и конзистентна политика на проширување заснована на заслуги, рече дека проширувањето е една од најуспешните политики на ЕУ.
„Треба да го одржиме овој успех за да се осигураме дека тоа е засновано на заслуги, балансирано и веродостојно. Набргу доаѓа пакетот за проширување. Ги разгледавме земјите од Западен Балкан и изгледите за членство во ЕУ во овој поглед. Без ова, европската заедница не може да биде комплетна“, рече тој.
Свет
Кремљ загрижен за ситуацијата на Блискиот Исток: „Ова е исклучително опасен настан со проширување на зоната на конфликтот и целосна дестабилизација на регионот“
Кремљ најави дека стравува од целосна дестабилизација.
Кремљ денеска објави дека стравува од целосна дестабилизација на Блискиот Исток поради воената ескалација меѓу Израел и Хезболах во Либан.
„Се разбира, ова е потенцијално исклучително опасен настан со проширување на зоната на конфликтот, целосна дестабилизација на регионот“, изјави портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков.
Тој додаде дека Кремљ изразува голема загриженост за оваа ситуација.
Израелската армија соопшти дека утрово над 50 проектили биле лансирани кон северен Израел од Либан, каде што во последните денови се интензивираа прекуграничните борби против проиранското исламистичко движење Хезболах.
Во понеделникот загинаа 492 лица, од кои 35 деца и 58 жени, а 1.645 се ранети, соопшти либанското Министерство за здравство.
Свет
Првиот човек на УНХЦР повика на спречување понатамошна ескалација на конфликтот меѓу Израел и Хезболах
Високиот комесар на ОН за човекови права, Вокер Турк, денеска ги повика сите оние што имаат влијание на Блискиот Исток да се обидат да спречат понатамошна ескалација на конфликтот меѓу Израел и Хезболах изразувајќи загриженост за опасната ескалација на тензиите.
„Високиот комесар на ОН, Вокер Тирк, ги повикува сите држави и актери со влијание во регионот и пошироко да спречат понатамошна ескалација и да направат сè што може за да обезбедат целосно почитување на меѓународното право“, рече портпаролката на Турк на брифинг со новинарите во Женева, според „Ројтерс“.
Таа нагласи дека израелските методи и средства за војување се многу сериозни и предизвикуваат загриженост за можни прекршувања на меѓународното хуманитарно право.