Македонија
Јанкуловска: Жaлиме што на ваков ден некои одлучија да ги делат граѓаните

„Овој празник е ден во кој се сеќаваме на народно ослободителната борба и несебичната жртва на сите херои за светиот идеал за слободна и суверена Македонија, како темел за македонската самобитност. Ова е празник на сите македонски граѓани, без исклучок“,
„Овој празник е ден во кој се сеќаваме на народно ослободителната борба и несебичната жртва на сите херои за светиот идеал за слободна и суверена Македонија, како темел за македонската самобитност. Ова е празник на сите македонски граѓани, без исклучок“, рече на денешната прес-конференција Гордана Јанкуловска, член на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ .
Таа рече дека на овој ден треба да се потсетти дека само со единственост и сплотеност може да се остварат вековните стремежи и идеали на нашиот народ.
„Поделбата и поставувањето на партиските интереси и цели пред интересите и стратешките цели на Македонија не е добро за развојот на државата. Поделбата на националното и државно ткиво е нужна потреба на политички партии и концепти кои во суштина немаат што да им понудат на граѓаните. Жалиме што денес го гледаме тоа. Жалиме што денес има партии кои одлучија и на ваков ден, државен и национален празник, да ги делат граѓаните по политички линии“, рече Jанкуловска.
Таа додаде дека ВМРО-ДПМНЕ ги осудува обидите за злоупотреба на 11 ти Октомври за партиски цели.
За ВМРО-ДПМНЕ, како што рече Јанкуловска политичката култура и политичкиот капацитет на една земја, се цени и од аспект на атмосферата кој ја креираат заедно и опозицијата и позицијата.
„Заедничкиот напор и активниот ангажман на сите политички субјекти и чинители, се критериуми за оценка на демократијата на државите“, истакна Јанкуловска.
Владејачката ВМРО-ДПМНЕ апелираше политичката дебата да се одвива со аргументи, да постои борба на програми и предлози кои ќе го подобрат животот на граѓаните.
„ВМРО-ДПМНЕ апелира да се бориме со идеи, со проекти и со решенија кои би им помогнале на граѓаните, а не со навреди и агресивност. ВМРО-ДПМНЕ секогаш ќе стои во одбрана на демократијата и демократските вредности.Тоа е она што го бараат граѓаните. Тоа е она што и треба на Македонија“, рече Јанкуловска./крај/бд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Костовски: Голема нервоза во белата палата, клеветите не поминуваат

Во реакција на својот профил на Фејсбук на прес-конференцијата на Бране Петрушевски, кандидатот за градоначалник на Куманово од СДСМ, Мартин Костовски, порача:
„Голема нервоза во белата палата. Го извадиле Бране – човекот кој е директно против сиромашни работници и повисоки плати – да врти стари лаги и да ме клевети. Ама не кажа дека за истиве клевети веќе има и судска одлука – Бране изгуби во прв степен и треба да ми плати 2.500 евра отштета, пари кои веднаш ќе ги донирам. Клеветите не поминуваат, вистината во Куманово излезе на виделина.
Најголемиот криминалец е токму нивниот измеќар – Максим Димитриевски. Тој што сега им се клања, за да го спасат од одговорност. Нека продолжат вака, народот на Куманово гледа и добро знае. Следи голема казна на локалните избори. Народот не паѓа на коалициски математики.
А на Бране не може јас да му бидам крив што не е кандидат од ВМРО-ДПМНЕ, никој во партија не го сака ниту за измеќар. Седи си во Парламент и троши си ги парите, народот веќе ништо не очекува од такви како тебе.“ – напиша Костовски.
Македонија
Мицкоски: Нема да има данок за немажени и неженети – целта беше отворање јавна дебата

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека нема да има данок за немажени и неженети, појаснувајќи дека изјавата имала за цел да поттикне јавна дебата.
„Се извинувам на тие што можеби погрешно ја протолкуваа таа моја иницијатива, но факт е дека сум исклучително загрижен за демографската состојба во Македонија и факт е дека како претседател на Владата е моја одговорност да бидам загрижен за демографската иднина на мојата татковина“, рече Мицкоски, oдговарајќи на новинарско прашање по седницата на Извршниот комитет.
Вели дека изумираме тивко, а тоа поминува незабележано. Бројот на новородени е намален за 30, а бројот на бракови за 17 отсто за само неколку години.
Според него, не е до финансиите, туку до желбата, вредностите и воспитувањето. Тој повика на фокус кон семејството и на заедничка работа за обезбедување иднина на државата.
„Семејната парада е мојата гордост. Тоа е политиката што ќе ја водам додека сум премиер,“ заклучи Мицкоски.
Премиерот претходно, оваа недела изјави дека Владата размислува за даночење на немажените и неженетите, што предизвика бурни реакции во јавноста.
Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Подготвен сум да го воскреснам Скопје

Орце Ѓоргиевски изјави дека кандидатурата за градоначалник на Скопје е еден од најголемите предизвици досега, изразувајќи благодарност до премиерот Христијан Мицкоски за континуираната поддршка – и за време на мандатот во Кисела Вода, и сега.
„Свесен сум во каква состојба се наоѓа Градот – девастиран и сив. Но, подготвен сум по изборите да го воскреснам Скопје и да стане град на достоинствен живот“, рече тој.
Ѓоргиевски најави дека ќе остане близок до граѓаните, како и досега, дека ќе ги слуша нивните барања и дека не се гледа како „салонски политичар“. Најави теренски посети и креирање на програма за решавање на најгорливите проблеми – сообраќајниот хаос, валканите улици и дивите депонии.
Ги повика сите граѓани да го поддржат, без оглед на партиската или верската определба, додавајќи дека за него постојат само скопјани кои го сакаат или не го сакаат својот град.