Македонија
Двајца скопјани киднапирале сограѓанин

Скопјанец бил киднапиран од двајца сограѓани, при што бил физички малтретиран.
Скопјанец бил киднапиран од двајца сограѓани, при што бил физички малтретиран.Скопјанецот С.Т., роден 1980 година, бил киднапиран во петокот од страна на Ј.Н. и А.Н., на тој начин што бил заклучен во нивната изнајмена куќа, лоцирана на улица Ѓорѓи Абаџиев во Скопје, при што тој бил физички нападнат со нож и удиран со шлаканици во пределот на лицето и главата, здобивајќи се со греботина на брадата.Вчера околу 10 часот дошол сопственикот на куќата, С.Т. го искористил моментот и успеал да побегне и случајот го пријавил во полиција. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Јанев во посета на ГП Дојран: Времето на чекање е намалено на половина

Директорот на Бирото за јавна безбедност при МВР, Александар Јанев, денес беше во работна посета на граничниот премин Стар Дојран, каде што пренесе порака дека нашата држава се грижи, инвестира и одлучно стои на секој чекор од својата граница.
„Со отворањето две нови ленти за гранична контрола пред 2 месеца, овозможуваме побрз и поефикасен влез и излез за над 35.000 патници неделно, од кои повеќе од 21.000 се странски државјани. Брзината е зголемена, а времето на чекање намалено за половина. Ова не е само логистика – ова е безбедност, гостопримство и државничка грижа на дело! Особено се гордеам што по долга пауза, повторно е воспоставена граничната патрола по Дојранското Езеро. Тоа е доказ дека нема да дозволиме ниедна точка од нашата граница да остане незаштитена – ниту на копно ниту на вода“, рече Јанев при посетата.
Посетата беше и можност директорот да изврши увид врз донираната техничка опрема и возилата од страна на Сојузната германска полиција и потенцира дека таквата поддршка ни значи многу.
„Германските партнери преку опрема, дигитални алатки и заеднички обуки ја зајакнуваат нашата гранична полиција да биде уште поефикасна во откривање и спречување на прекуграничниот криминал. Ова е патот напред, патриотизам на дело, партнерства во пракса, безбедност за секој граѓанин и бескомпромисна борба против криминалот“, рече Јанев.
Македонија
Мисајловски: АРМ минува низ досега најинтензивен процес на модернизација и опремување

На маргините на саемот за воена индстрија во Истанбул – IDEF 25, министерот за одбрана Владо Мисајловски, заедно со министерот за внатрешни работи Панче Тошковски се сретна со министерот за национална одбрана на Република Турција, Јашар Ѓулер.
На средбата беше истакната долгогодишната активна одбранбена соработка базирана на заедничката визија за одржување на стабилноста и безбедноста на регионот и развојот на двете земји.
На средбата е заклучено дека двете земји продолжуваат да го јакнат партнерството преку размена на знаење и стручност во сите области.
Министерот Мисајловски се осврна и на последната нова и софистицирана опрема која стана дел од арсеналот на Армијата – хаубиците „Боран“ од турско производство кои се дел од декларираната артилериска батерија на Лесната пешадиска баталјонска група, при што истакна дека „македонската Армија е убедена во квалитетот на турската воена индустрија “ и упати благодарност за континуираната поддршка од страна на Турција особено во развојот на армиските капацитети.
„Македонската Армија минува низ досега најинтензивен процес на модернизација и опремување, што несомнено е инвестиција во безбедноста на македонските граѓани. Посилна Армија значи и посигурна и побезбедна колективна одбрана во НАТО“, рече министерот.
Вчеравечер, во рамки на посетата на Турција и учеството на саемот за воена индустрија IDEF 25, министерот Мисајловски се сретна и со претседателот на Агенцијата за одбранбена индустрија на Турција, Халук Ѓорѓун со кого разговараше за развојот на воената индустрија и потребата од зголемени инвестиции во оваа област, како начин за зацврстување на безбедноста на сојузниците.
Турската воена индустрија е од интерес за македонската одбрана, особено имајќи предвид дека Армијата веќе се опреми со шест нови хаубици 105mm и придружна опрема од компаниите „Боран“ и „Аселасан“ кои неодамна беа промовирани на македонската јавност.
Македонија
Состојбата на Гаши е стабилна, соопштија од неговиот кабинет

Здравствената состојба на претседателот на Собранието, Африм Гаши, е стабилна, информираат од неговиот кабинет.
„Во врска со информациите објавени во медиумите за здравствената состојба на претседателот на Собранието на Северна Македонија, г. Африм Гаши, ја информираме јавноста дека тој вчера беше хоспитализиран на Универзитетската клиника за дигестивна хирургија. Здравствената состојба на г. Гаши е стабилна, а во моментот се вршат детаљни лекарски прегледи“, велат од Собранието.
Од таму додаваат дека сите понатамошни информации ќе бидат навремено доставени до јавноста од надлежните институции.
Гаши бил примен во болница синоќа нешто по полноќ, со сериозни болки и тегоби во стомачната регија.