Македонија
„Македонија се разубавува“ најкоментиран текст во „Економист“
Порталот на лондонски неделник е преплавен со шизoфренични коментари на Грците, додека другите коментатори се обидувааат да ги смират
Текстот за спомениците „Македонија се разубавува“ од проектот „Скопје 2014“, објавен на 26-ти минатиот месец во лондонски „Економист“ стана најкоментиран текст во историјата во овој неделник.За недела и пол, под текстот има над 1000 коментари, со што е надминат рекордот на претполседниот текст објавен во врска со спорот за името.Генерално коментарите ги пишуваат Грци со нивните познати шизофренични ставови за историјата според која „Македонија и грчка“ и сите останати, Британци, Холанѓани и други кои се обидуваат да ги смират Грците и да им укажат дека е многу побитно да си ја средат разурната економија. Дел од коментаторите ја напаѓаа грчката историја, бидејќи „концептот за грчка нација“ не бил познат во антиката. Еве дел од нив:„Тоа што го прави Македонија е комплимент за Грција. Гледајте го тоа позитивно, наместо негативно. На пример светецот на Англија Свети Џорџ е Грузиец, а и нашето знаме е исто како и грузиското, па сепак ние немаме проблеми со нив“, пишува англичанката Џуд Дејвис.„Мислам дека Грците треба да се фокусираат на сегашната состојба во земјата отколку на херојската историја“, коментира холанѓанката Камила Фушова.„Колку е глупав овој спор. Има регион во Белгија кој се вика Луксембург, па никој во државата Луксембург не се притресува поради тоа“, пишува белгиецот Андреа Коста.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Проштална средба на Гаши со американската амбасадорка Агелер
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, оствари проштална средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави во Република Северна Македонија, Ангела Агелер.
На средбата, претседателот Гаши изрази благодарност за нејзината лична посветеност, професионален пристап и поддршка на демократските процеси во државата. Посебно беше нагласена нејзината улога во јакнењето на институционалната соработка, градењето доверба и унапредувањето на дијалогот со Собранието.
Претседателот Гаши упати благодарност и до Амбасадата на САД за континуираната и силна поддршка на Република Северна Македонија во зајакнувањето на демократските институции, владеењето на правото, стабилноста и евроатлантската ориентација на земјата. Во тој контекст, беше нагласена и благодарноста до Соединетите Американски Држави како стратешки партнер и сојузник.
Претседателот Гаши нагласи дека придонесот на амбасадорката Агелер и на САД оставил видлива и позитивна трага во развојот на демократските и современите процеси во државата. Тој, исто така, изрази уверување дека пријателските односи и соработката ќе продолжат и во иднина.
Македонија
Утре без вода дел од Центар
Утре без вода ќе останат дел од корисниците од Општина Центар.
„Од ЈП Водовод и Канализација добивме известување дека на ден 14.01.2026 година ( среда ) поради поврзување на водоводна и хидрантска мрежа за стариот објект на Комерцијална Банка на плоштад Пресвета Богородица бр. 3 од страна на фирмата Бауер БГ, во периодот од 08.00 часот па се до завршување на работата без вода ќе останат објектите на МНТ, Музичкото Училиште, Министерството за Транспорт и Врски, како и Управата за издавање на матични книги“, информира РЦУК – Скопје.
Македонија
Отворена нова подрачна канцеларија на Агенцијата за катастар во Општина Ново Село
Агенцијата за катастар на недвижности отвори нова подрачна канцеларија во Општина Ново Село.
Директорот на Агенцијата за катастар на недвижности, Иван Живковски, денес заедно со градоначалникот на Општина Ново Село официјално ја отворија новата подрачна канцеларија на Агенцијата.
Со отворањето на оваа канцеларија, повеќе од 10.000 жители на Општина Ново Село и околните населени места од денес ќе можат побрзо и поедноставно да ги остварат своите катастарски права и обврски, без потреба од патување до Струмица.
Директорот на Агенцијата, Иван Живковски, при посетата на новата канцеларија истакна дека ова е дел од поширокиот процес на реорганизација и системско приближување на институцијата до граѓаните, со цел обезбедување подостапни, поефикасни и поквалитетни услуги.

