Контакт

Свет

Иран и Русија го потпишаа нуклеарниот Договор

Објавено пред

Иран и Русија денеска го потпишаа нуклеарниот Договор со којшто би требало да се овозможи отворање на првата иранска централа што Русите ја градат во Бушер.

dobivaj vesti na viber

Иран и Русија денеска го потпишаа нуклеарниот Договор со којшто би требало да се овозможи отворање на првата иранска централа што Русите ја градат во Бушер. Потпишувањето на Спогодбата беше одложувано повеќе од две години. Под притисок на меѓународната заедница, а посебно Соединетите Американски Држави (САД), Русија бараше и доби согласност од Иран да го врати искористеното гориво. Шефовите на организациите на атомска енергија на Иран и на Русија Голамрез Агхазадех и Александар Румајнчев, ги потпишаа документите за руска испорака на гориво за централата Бушер, а посебно враќање на искористениот уран во Русија. Оваа клаузула гарантира дека Иран нема да го искористи горивото за изработка на атомско оружје под оправдание дека извршува цивилни активности. Според Румјанчев, роковите за испорака се наоѓаат во “доверливиот протокол“, а во Иран ќе бидат испорачани околу 100 тони гориво. Доцнењето на потпишувањето коинцидира со дипломатските притисоци меѓу Иран и меѓународната заедница, загрижени поради иранските нуклеарни активности и нејзината програма за збогатување на уран./Крај/хи/ис



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Турскиот и американскиот шеф на дипломатијата разговараа за соработка со новата сириска влада

Објавено пред

Турскиот министер за надворешни работи денеска разговараше со американскиот државен секретар, Ентони Блинкен, за потребата од соработка со новата сириска администрација за да се обезбеди уредно завршување на преодниот период, соопшти турското министерство.

dobivaj vesti na viber

Во телефонски разговор, турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан му рекол на Блинкен дека Анкара нема да дозволи курдската милитантна група ЈПГ да ја користи Сирија како засолниште, откри портпаролот на Министерството.

САД и другите западни земји ја поддржуваат ЈПГ, додека Турција ја смета за терористичка организација.

За време на повикот, Блинкен ја истакнал потребата да се поддржи политичкиот процес предводен од Сирија, кој „ги поддржува човековите права и дава приоритет на инклузивната и репрезентативна влада“, се вели во соопштението на американскиот Стејт департмент.

Блинкен и Фидан разговараа и за мерките за зајакнување на турската и сириската безбедност против тероризмот, се додава во соопштението.

Прикажи повеќе...

Свет

„Гаспром“ најави дека од 1 јануари ќе го запре извозот на гас во Молдавија

Објавено пред

Рускиот енергетски гигант „Гаспром“ денеска објави дека од 1 јануари ќе го прекине извозот на гас во Молдавија поради неподмирениот долг на земјата, објави денеска Ројтерс.

dobivaj vesti na viber

Како што е најавено, компанијата го задржува правото да преземе какви било активности, вклучително и раскинување на договорот за снабдување со Молдавија.

Русија, преку Украина, ја снабдува Молдавија со околу две милијарди кубни метри гас годишно.

Гасот се дистрибуира во отцепениот регион Придњестровје, кој го користи гасот за производство на евтина енергија, која ја продава на остатокот од Молдавија.

Молдавија, која има 2,5 милиони жители, се подготвува за долги прекини на струја во наредниот период, откако Киев објави дека нема да го продолжи договорот за транзит со Гаспром.

Суспендирањето на испораките на Молдавија го означува почетокот на целосното запирање на извозот на руски гас преку Украина во Европа, бидејќи договорот за транзит на руски гас со Украина истекува на 31 декември.

Прикажи повеќе...

Свет

Претседателот на Азербејџан: Меѓународната комисија почна да ги истражува причините за падот на авионот

Објавено пред

Азербејџанскиот претседател Илхам Алиев изјави денеска во телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин дека меѓународната комисија почнала да ги истражува причините за падот на патничкиот авион на Азербејџан ерлајнс, што се случи на 25 декември во близина на градот Актау во Казахстан.

dobivaj vesti na viber

Алиев рече дека авионот на Азербејџан ерлајнс бил изложен на надворешно влијание во рускиот воздушен простор и дека пилотот последователно ја изгубил контролата над леталото, пренесе РИА Новости.

Во денешниот телефонски разговор со Алиев, Путин детално разговарал за прашањата поврзани со падот на патничкиот авион на Азербејџан ерлајнс, соопшти Кремљ.

Во соопштението се наведува дека Путин се извинил за фактот што трагичниот инцидент се случил во рускиот воздушен простор и уште еднаш изразил длабоко и искрено сочувство до семејствата на жртвите, а на повредените им посакал брзо закрепнување.

Во разговорот меѓу Путин и Алиев било истакнато дека азербејџанскиот патнички авион повеќепати се обидел да слета на аеродромот во Грозни кога руските системи за противвоздушна одбрана ги одбиле нападите на украинските беспилотни летала.

Во моментов, двајца службеници на Јавното обвинителство на Азербејџан се во Грозни, каде работат заедно со претставници на Јавното обвинителство и Истражниот комитет на Руската Федерација.

Надлежните служби на Русија, Азербејџан и Казахстан тесно соработуваат на местото на падот на патничкиот авион во близина на градот Актау.

Авионот се урна во средата за време на планираниот лет од главниот град на Азербејџан, Баку, за Грозни во Чеченија, откако беше пренасочен и се обиде да изврши принудно слетување во близина на градот Актау во западен Казахстан.

Во авионската несреќа загинаа 38 лица, а 29 беа повредени, од кои многумина се здобија со тешки изгореници.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија12 часа

Деспотовски остана без пасош

Кривичниот суд го прифати барањето на скопското обвинителство за одземање на пасошот на поранешниот директор на ТИРЗ и член на...

Топ13 часа

Грозоморни детали за случајот со дрвокрадците во Велес: со нож ги повредиле полицајците, се води постапка

Убоди од нож, закани со моторна пила под вратот – вистински ужас претрпеле тројцата припадници на шумската полиција во Велес,...

Македонија16 часа

„Воздухот ни е отров, власта ни е глува“ – скопјани излегоа на протест против загадувањето

Со пароли „Воздухот ни е отров, власта ни е глува“, „Партиска книшка штити од загадување???“ и повици за чист воздух,...

Свет17 часа

(Видео) Руската воздушна одбрана беше активна кога авионот на „Азербејџан ерлајнс“ се обиде да слета, рече Путин

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека руските системи за противвоздушна одбрана биле активни кога авионот на „Азербејџан ерлајнс“ се обидел...

Македонија22 часа

Одземен пасошот на Рамиз Мерко – против струшкиот градоначалник ќе се водат 9 судски постапки, му се заканува затвор

Ново обвинение е покренато против струшкиот градоначалник, Рамиз Мерко, а одземен му е и пасошот. Струшкиот суд го прифати предлогот...

Македонија24 часа

Разрешена Миликије Халими – директорката на „Аеродроми“ чиешто образование лани предизвика лавина реакции

Миликије Халими е разрешена од директорската функција на „Аеродроми“, а за нов директор е именуван Игор Трајановски. Таа во минатото...

Свет24 часа

Зеленски: Севернокорејците преземаат екстремни мерки за да избегнат заробување

Севернокорејските војници распоредени во рускиот регион Курск претрпуваат големи загуби и руските сили не ги штитат, изјави украинскиот претседател Володимир...

Свет1 ден

Азербејџанскиот министер: Moжно е оружје да ја предизвикало авионската несреќа

Владата на Азербејџан јавно соопшти дека оружјето е можна причина за падот на патничкиот авион што се урна во близина...

Македонија2 дена

ОЈО: За осомничениот во „Адитив“ нема известување од Судот дека е недостапен

Во врска со денешната изјава на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во однос на можноста за определување мерки за...

Македонија2 дена

ОЈО отвори предмет, ќе истражува кој го следел премиерот Мицкоски

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија согласно своите законски овластувања веќе има оформен предмет по допрен глас врз основа на...

Македонија2 дена

Мицкоски: Доколку има девијантно однесување од трговците, ќе бидат преземени мерки, повеќето ги враќаат цените

Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање, кои се последните сознанија и каква е сега состојбата, после инспекциите за...

Македонија2 дена

Цвета Ристовска од антикорупциската комисија да поднесе оставка – СДСМ обвинува за судир на интереси за дипломата на Христовски

Опозициската СДСМ бара оставка од членката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Цвета Ристовска, поради судир на интереси по,...

Македонија2 дена

„Европскиот фронт“ бара оставка од Гаши во врска со статусот на албанскиот јазик: Тој ќе остане срам за нашиот народ и за историјата

„Европскиот фронт“ изразува револт и огорченост поради, како што велат, срамните и неодговорни изјави на претседателот на Собранието, Африм Гаши,...

Македонија2 дена

Дијабетичарите незадоволни: Буџетот не може да ги покрие потребите од инсулин, бараме вклучување во дефинирање на тендерот

Сојузот на здруженијата на лицата со дијабетес на Северна Македонија (СЗДСМ), во името на 23 локални организации на лица со...

Македонија2 дена

Утре протест за чист воздух – повеќе од 3.800 луѓе годишно во Македонија ги губат своите животи

Утре, сабота, почнува протестнинот марш „За чист воздух“, кој од Министерство за животна средина и просторно планирање ќе продолжи преку...

Македонија2 дена

„Вреди“ за рокот од шест месеци за уставните измени: Не ги забораваме обврските, но решението не може да биде еднострано

Со оглед на шпекулациите и различните толкувања околу нашата позиција за рокот од шест месеци за уставните измени како чекор...

Свет2 дена

Медведев: Директен конфликт меѓу Русија и САД ќе доведе до светска нуклеарна војна

Доколку се случи директен конфликт меѓу Русија и САД, ќе ескалира во светска нуклеарна војна, смета заменик-претседателот на рускиот Совет...

Свет2 дена

(Видео) Украинците испратија десетици роботи во напад

Бригада на украинската национална гарда објави успешен напад во кој учествувале само роботи – од копнени роботи вооружени со митралези...

Свет2 дена

Зеленски: На Украина ѝ треба повеќе оружје и силна позиција за дипломатија

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека САД ја зголемуваат испораката на оружје за Киев. „Многу е важно што САД...

Свет2 дена

Путин: Словачка би можела да биде домаќин на мировни преговори со Украина

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Русија е отворена за словачкиот предлог да биде домаќин на мировните преговори со Украина...