Свет
Демонстранти исфрлени од виенски факултет по два месеци

Австриското студентско движење доживеа силен удар во понеделник откако полицијата го прекина двомесечниот протест во зградата на Универзитетот во Виена. Студентите од октомври бараат бесплатно високо образование и подобро финансирање. Нивното движење се прошири од Виена
Австриското студентско движење доживеа силен удар во понеделник откако полицијата го прекина двомесечниот протест во зградата на Универзитетот во Виена.Студентите од октомври бараат бесплатно високо образование и подобро финансирање. Нивното движење се прошири од Виена во останатите градови, но ина територијата во Германија.Портпаролите на студентите на виенскиот универзитет потврдија дека полицијата ги исфрлила демонстрантите од главната предавална, при што никој не бил уапсен.Покрај нив, и 80-тина бездомници што изминатите недели се засолниле во предавалната, исто така морале да заминат.Портпаролот на демонстрантите, Габриел С. рече дека властите досега не реагирале на студентските барања.„Досега реакцијата е еднаква на нула“, изјави 24-годишниот студент по право, додавајќи дека политичарите ги игнорираат проблемите на австриското осиромашено и преоптоварено високо образование. /крај/хи/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
(ФОТО) Погледнете го новиот севернокорејски воен брод од 5.000 тони

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун присуствуваше на церемонијата на лансирање на „нов повеќенаменски разорувач“, објави државната агенција КЦНА во саботата.
„Воениот брод од 5.000 тони е опремен со најмоќно оружје и е изграден за околу 400 дена… со наши сопствени сили и технологија“, беше цитиран Џо Чун Рјонг, секретар на владејачката Работничка партија.
Ким, во говорот на лансирањето, објавен од KЦНА, рече дека воениот брод ќе биде предаден на морнарицата и ќе влезе во служба на почетокот на следната година.
Лансирањето се одржа во петокот во военото бродоградилиште Намфо и означи нова ера на „голема изградба на флота во стилот на Ким Џонг Ун“, објави КЦНА, цитирајќи го вицеадмиралот Пак Кванг Соп. Бродот е оценет како „класа Чое Хјон“ именуван по антијапонскиот револуционерен борец Чое Хјон, се додава во извештајот.
Порано овој месец, Ројтерс објави дека новата класа воени бродови на Северна Кореја е способна да смести десетици вертикални лансирни ќелии за носење ракети што нејзината војска веќе ги развила, повикувајќи се на анализа на сателитски снимки.
Ким, исто така, рече дека силните превентивни можности за удар се најубедливото „воено одвраќање“ и дека нема ограничување на обемот на ваквите напади.
„Безбедносната средина во нашата земја во моментов е многу сериозна“, беше цитиран лидерот.
Тој им се заблагодари на работниците и техничарите за изградбата на новиот разурнувач, кој беше „верен на линијата на партијата за зајакнување на поморските сили“, пренесе КЦНА.
Ким, исто така, рече дека САД редовно распоредуваат стратешки средства на Корејскиот Полуостров.
Бомбардерите Б-1Б беа користени во заедничка воена вежба на Јужна Кореја и САД претходно овој месец, заедно со борбени авиони, според Министерството за одбрана на Сеул, објави Ројтерс. Бомбардерите Б-1Б редовно учествуваа во заеднички воени вежби во последниве години, што Северна Кореја долго време го осудува како проба за војна, додека Сеул инсистира дека тие се чисто дефанзивни.
DPRK just launched its first of new air defense frigates (labeled multi-purpose destroyer) for the Korean People’s Navy in Nampo. https://t.co/BS1aWvyIXn pic.twitter.com/7QqBN2pIgB
— Collin Koh 🇸🇬🇺🇦 (@CollinSLKoh) April 26, 2025
Свет
Борејќи се за Русите загина син на заменик-директорка на ЦИА

Централната разузнавачка агенција на САД (ЦИА) ја потврди смртта на 21-годишниот Мајкл Глос, син на заменик-директорката на ЦИА за дигитални иновации, Џулијан Галина Глос, објави „NBC News“.
Според медиумските извештаи, Глос се приклучил на руската армија и бил убиен за време на борбените операции во Украина.
„ЦИА ја смета смртта на Мајкл за приватна семејна работа на семејството Глос, а не за прашање од национална безбедност“, рече портпаролот.
Порталот „Important Stories“ беше првиот што објави за смртта на Глос, повикувајќи се на руски извори и профилите на починатиот на социјалните мрежи. На својата страница на ВКонтакте, Глос објави фотографии од Црвениот плоштад и изрази сочувство кон руската војска, нарекувајќи ја украинската армија „корумпирана“, а западните медиуми „пропаганда“.
ЦИА официјално ја потврди смртта, но не прецизираше на чија страна синот на функционерката учествувал во борбите. Во соопштението за медиумите се наведува дека семејството доживеало голема лична трагедија и побарало да се почитува нивната приватност.
„Патување во Источна Европа“
Во официјалниот некролог, семејството навело дека Мајкл починал „додека патувал во Источна Европа“, без да ја спомене Русија или војната во Украина.
Според достапните информации, Мајкл Глос е син на Џулијан Галина Глос, заменик-директорка на ЦИА за дигитални иновации, и Лари Глос, ветеран од војната во Ирак кој работи на развој на софтвер за американската војска и НАТО.
Медиумите известуваат дека Мајкл бил пацифист, протестирал против забраната за абортус и се залагал за заштита на климата. Пред да дојде во Русија во 2023 година, тој патувал низ Европа и на социјалните мрежи се опишувал како антифашист, еколошки активист и борец за правата на жените. Тој објавуваше теории на заговор за Украина и веруваше дека НАТО е основано од нацистите.
Свет
Зеленски повторно не облече одело, дали го прекрши протоколот на Ватикан?

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, пристигна на плоштадот Свети Петар во Ватикан само неколку минути пред почетокот на церемонијата на погребот на папата Франциско. Неговото присуство предизвика внимание, но уште поголема реакција предизвика неговиот избор на облека.
Имено, Зеленски повторно се појави без класично одело, што се смета за отстапување од строгите протоколарни норми на Католичката црква. Украинскиот претседател беше фотографиран во моментот на пристигнување, носејќи црни панталони, темна кошула и црна јакна – комплетно темна облека, но сепак далеку од официјалниот изглед што се очекува за ваков настан.
Според протоколот на Ватикан, на погребот на папата од мажите се очекува да носат темен костум, бела кошула и темна вратоврска. Иако технички се дозволени и други темни бои како сива или темно сина, светските функционери обично доследно го следат овој дрес-код. Зеленски, очигледно, направи отстапка која не остана незабележана.
Протоколот предвидува и други детали – чевлите, чорапите, капутите и чадорите мора да бидат црни. Допуштено е црно копче на левата јака како знак на жалост, а единствените дозволени украси се папските почести, кои можат дискретно да се прикажат на облеката. Сите други модни додатоци – прстени, нараквици, часовници – треба да бидат ненападни и речиси невидливи.
Жените, пак, според протоколот, мора да носат црн фустан или костум кој е под коленото. Препорачани се црни чевли со затворени пети, проѕирни црни гаќички, црни ракавици и мала црна чанта. Иако не е задолжително, дозволено е и носење на црн превез над главата, додека накитот мора да биде скромен – единствено е дозволено едноставно бисерно ланче.
Настапот на Зеленски, во контекст на ваков строго протоколарен настан, повторно ја отвори дебатата за тоа дали политичарите треба пофлексибилно да ги следат правилата, или пак токму нивниот пример е оној што ја одразува почитта кон институциите и традициите.