Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: ЕК умееше да го вреднува трудот

Историски ден за Македонија претставува добивањето позитивен извештај од Европската Комисија за пратениците од владејачката ВМРО-ДПМНЕ
Историски ден за Македонија претставува добивањето позитивен извештај од Европската Комисија за пратениците од владејачката ВМРО-ДПМНЕ.„Да искажеме огромна благодарност на Европската комисија што умееше да го вреднува трудот на сите институции во државата, напредокот во реформите кои ги прави Македонија. Во исто време тоа претставува за сите нас огромен поттик и ни дава огромна енергија да продолжиме понатаму во духот на консензусот на меѓусебното почитување и разбирање да ја градиме нашата европска перспектива“, рече пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Силвана Бонева, денеска во Собранието.Тоа што го бараат сите граѓани на Македонија, денеска е остварено, според Бонева./крај/форум/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Меџити: Работниците се непоколеблива сила на нашиот напредок

Првиот вицепремиер, Изет Меџити, упати честитка по повод 1 Мај-Меѓународниот ден на трудот, изразувајќи благодарност до сите работници кои со посветеност и чесност секојдневно придонесуваат за развојот на општеството.
„Работниците се непоколеблива сила на нашиот напредок – наставниците кои ги едуцираат генерациите, здравствените работници кои го штитат животот, полицајците кои ја обезбедуваат безбедноста, земјоделците кои ја хранат земјата, градежниците кои ја формираат инфраструктурата, и сите останати кои секојдневно ја движат државата напред“, истакна Меџити.
Тој потсети на заложбите на Владата за отворање нови работни места и решавање на статусот на илјадници работници, како и на конкретните мерки што се преземени, вклучувајќи го зголемувањето на платите во клучните сектори како образованието, здравството и безбедноста, субвенциите за земјоделците, зголемувањето на минималната и просечната плата, како и пензиите.
„Знаеме дека секој работник заслужува повеќе: заслужува почит, поддршка и мотивација. Нашата развојна политика се темели врз достоинството на трудот и работникот. Токму оваа основа ќе ја зајакнеме и понатаму, со решителност и јасна визија за поправедна иднина за сите“, заврши тој.
Македонија
Владата: Сметки од услугите од бифињата, СДСМ ги прикажува како трошоци за ручеци на министри

Владата во целост ги демантира, како што ги нарекува, лажните и манипулативни наводи на партијата СДСМ за сметките.
Според Владата, опозициската партија, ресторанските услуги на бифињата ги прикажува за трошоци за ручеци на министрите.
„Тоа не се трошоци на министерот Љутков, ниту министерот Муцунски или друг владин министер, туку трошоци за бифињата кои функционираат во рамките на министерствата, кои ги користат и плаќаат и вработените кои плаќаат за услугите. Впрочем во времето на СДСМ оператор на ваквите услуги беше фамозната струмичка компанија Концепт“, велат од Владата.
Додаваат дека времињата кога министрите од таа партија трошеа брдо пари за скапи луксузирања и кога министри патуваа со владиниот авион до Ниш или до Солун на шопинг заврши.
Владата апелира: „Со голема претпазливост да се земат лажните вести продуцирани од партијата позната по дезинформирањето. Очигледно СДСМ одбра да продолжи со својата неконструктивност, некадарност и неспособност“.
Македонија
Манасиевски: Дали Филипче е воодушевен од Заев и дали и тој мисли како него дека македонскиот јазик е ист со бугарскиот

Заев тврдеше дека Македонците и Бугарите се ист народ и дека Македонскиот и Бугарскиот јазик се исти. Дали и Венко Филипче го мисли истото, со оглед на тоа дека кажа дека народот треба да учи од Зоран Заев и дека нема друг како него, праша Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ.
„Заев ги опустоши Македонските национални интереси, и како кловн кој ги засмејуваше регионалните политичари. Дали Венко Филипче се гордее и со тоа?“, рече Манасиевски.
Додаде дека е добро што народот знае со сигурност дека Венко Филипче е втор Зоран Заев, и што може да очекува.