Свет
Масовно исклучување од „Фејсбук“
Денеска, повеќе од 26.000 корисници на Фејсбук ќе се исклучат од оваа социјална мрежа, поточно ќе ги избришат своите профили
Група од неколку американци на страницата QuitFacebookDay.com покренаа иницијатива за исклучување на Фејсбук профилот. Веќе 26.127 лица го потврдиле изсклучувањето на профилот заради повреда на приватностаи немање избор .„За нас важни се две работи, фер избор и добри намери.Фејсбук не исполнува ниеден од двата услова. Фејсбук нуди избор околу начинот на управување со податоците, но тоа не е фер избор. Затоа сметаме дека Фејсбук не ги почитува вашите податоци“, стои на страницата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Папата Франциско со порака: Смртта и уништувањето мора да престанат, замолчете ги пушките
Папата Франциско денеска во божиќното обраќање повика на прекин на војните во Газа и Украина и изрази надеж дека мирот ќе се постигне со дијалог.
Во своето традиционално обраќање од централниот балкон на базиликата Свети Петар во Рим, папата Франциско им се обрати на верниците собрани на истоимениот плоштад, повикувајќи на храброст да се отворат вратите за преговори за да се стави крај на војната во Украина, пренесува Ројтерс.
Нека се замолчи звукот на оружјето во раузрнатата од војната Украина, рече Папата, повикувајќи на „гестови на дијалог и средба за да се постигне праведен и траен мир“.
Папата осврнувајќи се на конфликтот во Газа, повторно апелираше за прекин на огнот и ослободување на заложниците, нарекувајќи ја израелската воена кампања „сурова“. Тој ја опиша хуманитарната ситуација во Газа како „исклучително тешка“ и повика на отворање на дијалог за доброто на мирот.
Регион
(Видео) Снежно невреме во Хрватска, 48 луѓе останаа заробени во автомобили меѓу нив и деца: Го поминавме Божиќ смрзнати
Вчера неколку лица, меѓу кои и пет деца, останаа заробени во автомобили кои беа покриени со снег кај Кореница. Јавната противпожарна станица на Плитвичките езера на својот Фејсбук објави дека нешто по 17 часот добила дојава од полицијата дека има завеани возила во областа.
Спасувањето, велат, се одвивало во најтешки можни услови, а од возилата биле извлечени 48 лица.
„Подигнати беа и силите на ДВД Плитвички езера, а на локацијата Кељево Брдо беа испратени пожарникари на ЈВП Плитвички езера и 9 пожарникари на ДВД Плитвички езера во 4 возила.
Успеваме да се пробиеме делумно со возила, а остатокот пешки на најсилните налети на ветерот и да се погрижиме за сите заглавени патници.
11 лица, од кои пет деца, се сместени со добри луѓе во топли домови, 35 лица се симнати од погрешно поставени возила пеш до Бјело поље, каде полицијата со комбиња ги носи во Удбина. Две лица пеш придружувавме до Кореница и ги ставивме на топло место.
Така го поминавме Божиќ на снег, смрзнати, но среќни бидејќи сите беа згрижени“, напишаа надлежните на Фејсбук како резиме од спасувањето и додадоа дека во текот на денот имале уште две интервенции, згрижување животно и една поплава поради покачувањето на нивото на реката, пренесува Јутарњи.
Свет
Бебе почина од студ во Газа
Бебе старо две недели почина во средата како последица на екстремен студ во Појасот Газа, пренесуваат светските медиуми.
Раселеното семејство Фасих е привремено сместено во импровизиран шатор во областа Ал-Маваси во Кан Јунис, каде што почина ќерка им.
Телото на девојчето подоцна било пренесено во болница во Кан Јунис.
На 5 октомври Израел почна голема копнена операција во северниот дел на Газа за наводно да спречи прегрупирање на палестинската група Хамас. Сепак, Палестинците го обвинуваат Израел дека сака да ја окупира областа и насилно да ги исели нејзините жители.
Оттогаш на територијата не е дозволено да влезе доволна хуманитарна помош, вклучувајќи храна, лекови и гориво, оставајќи го преостанатото население на работ на глад.
Минатиот месец Меѓународниот кривичен суд издаде налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и поранешниот министер за одбрана Јоав Галант за воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.
Израел исто така се соочува со случај за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата поради војната во Газа.