Македонија
ССМ: Седницата на гранкови синдикати е нелегитимна
Сојузот на Синдикати на Македонија (ССМ), реагира на, според нив нелегитимната седница на Советот на ССМ која што е закажана за утре од страна на дел од гранковите синдикати.
Сојузот на Синдикати на Македонија (ССМ), реагира на, според нив нелегитимната седница на Советот на ССМ која што е закажана за утре од страна на дел од гранковите синдикати.“Погрешен е фактот на Министерството за труд и социјална политика дека преку нивните изјави за наводна нелегитимност на Конгресот ќе можат да го сменат претседателот на ССМ, Ванчо Муратовски и тоа на само 10 месеци пред редовниот конгрес“, изјави портпаролот на ССМ, Иван Живковиќ.Според него, утре ќе бидат свикани членовите на Советот на ССМ за да донесат единствена одлука за отповикување на претседателот на ССМ.“Упатуваме порака до членовите на Советот на ССМ, дека нивното учество е нерегуларно, затоа што не ги повикал законскиот застапник на ССМ и со нивното доаѓање го кршат Статутот на ССМ и Деловникот за работа на Советот“, додаде Живковиќ./крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Кисела Вода денеска без струја
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 11.00 часот корисниците на ул. 368 бр.3 (општина Кисела Вода)
Македонија
Намалена видливост поради магла на неколку патни правци
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла до 200 метри на патниот правец Тетово – Гостивар, Сарамзалино – Штип 100 метри, намалена видливост до 200 метри на патниот правец Куманово – Страцин.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Без вода дел од Карпош
ЈП Водовод и канализација Скопје известува дека денеска поради промена на шибер од ф 100мм на улицата Драгиша Мишовиќ бб без вода ќе бидат корисниците од улицата Драгиша Мишовиќ.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на санацијата на дефектот.

