Македонија
Османи ја поддржа Декларација за соработка во електронското здравство

Министерот за здравство Бујар Османи го поддржа донесувањето Декларација за европска соработка во областа на електронското здравство, соопштија од министерството за здравство
Министерот за здравство ја предводеше македонската делегација на Конференцијата на ЕУ на високо ниво „Е-здравје 2010“, што се одржа во Барселона Шпанија.На министерската конференција беше усвоена Декларација за европска соработка во Е-здравјето со која се потврдуваат политичките и стратешки заложби на ЕУ за употребата на Е-здравјето, како инструмент за постигнување здравствени цели и приоритети на европско и на национално ниво, како и за градење доверба кон и прифаќање на стандарди за Е-здравје.Османи се обрати на министерската конференција и го поддржа донесувањето на Декларацијата информирајќи дека во Македонија се во тек два големи проекта за воспоставување систем на електронска здравствена картичка и воспоставување интегриран здравствен информатички систем.Османи нагласи дека Република Македонија го следи современиот тек на развој и примена на Е-здравјето за унапредување на националниот здравствен систем, во полза на пациентите и на професионалните здравствени работници.Министрите за здравство на земјите-членки на ЕУ повикаа на координација во областите каде Е-здравјето има влијание врз здравјето на населението, на синергија со областите на конкурентност, истражување и регионален развој и користењето на инструментите на информатичката технологија во здравството во корист на пациентите, здравствените системи и општеството.Во продолжение на Конференцијата се организираше настанот, посветен на информатичката технологија во светот на здравјето на кој учествуваа повеќе од 2.500 експерти и корисници на ИТ во здравството ширум светот.Рамка за активностите на Е-здравјето претставува Стратегијата на ЕУ 2020 и Европската дигитална агенда, а министерската конференција на ЕУ е претходница на Светската конференција за информатички компјутерски технологии.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
ДИК: Навреме отворени сите избирачки места, гласањето се одвива без проблем

Државната изборна комисија извести дека денес навремено се отворени сите избирачки места и процесот на гласање се спроведува без проблем.
На Локалните избори 2025 во Северна Македонија право на глас имаат 1.832.415 граѓани.
Се гласа за вкупно 309 кандидати за градоначалници и 576 листи за членови на општинските совети со вкупно 10 490 кандидати.
Гласањето на локалните избори започна во 7:00 часот и ќе трае непрекинато до 19:00 часот. Ако гласањето биде прекинато подолго од еден час, тоа ќе продолжи за онолку време колку што траел прекинот, но не подолго од три часа.
Македонија
Претпладне променливо облачно со сончеви периоди, попладне намалување на облачноста

Претпладне променливо облачно со сончеви периоди. Во западните планински региони ќе има услови за слаб дожд. Попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб, долж Повардарието умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 13 до 19 степени.
Во Скопје, претпладне променливо облачно со сончеви периоди. Попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 18 степени
Македонија
Сообраќајот низ државата се одвива непречено, по влажни коловози

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.