Македонија
Фуере: Консензусот во работата на Општина Тетово заслужува признание
Советот на општина Тетово и градоначалникот работат врз основа на консензус што заслужува посебно признание, особено кога се работи за еден мултиетнички град, рече по денешната средба со градоначалникот Сади Беџети евроамбасадорот Ерван Фуере.
Советот на општина Тетово и градоначалникот работат врз основа на консензус што заслужува посебно признание, особено кога се работи за еден мултиетнички град, рече по денешната средба со градоначалникот Сади Беџети евроамбасадорот Ерван Фуере.
На средбата со Беџети, Фуере и координаторите на советничките групи во Советот на општина Тетово разговарале за процесот на децентрализација, како и обврската на централната власт да обезбеди соодветни ресурси и средства за економски и социјален развој на општините.
Како приоритет било посочено управувањето со отпадот и решавањето на проблемот со водоснабдување.
“Тетово има потенцијал за бизнис и развој на туризмот. Се надевам дека предлогот Шар Планина да стане национален парк ќе добие позитивна одлука од Владата, зашто со тоа ќе добијат многу локалните заедници во регионов”, рече Фуере.
На средбата на европратеникот Фуере му била претставена и заложбата на сите учесници во процесот на одлучување во Тетовската локална власт да ги поддржат проектите од интерес на граѓаните без разлика на политичката партија./крај/сс/бд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Следува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и снег
Времето утре ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни (над 25 l/m²), особено попладне и во текот на ноќта. На планините врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h).
Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 10 до 17 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд, особено кон крајот на денот и во текот на ноќта. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на циклонска активност во следните денови времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер во четврток врнежите ќе преминуваат во снег на повисоките и во некои од пониските места.
На планините во западните делови ќе се формира нова снежна покривка, а помала покривка се очекува и во пониските места. Во петок ќе има преодно стабилизирање на времето, а во деновите од викендот, особено во сабота повторно ќе има локални врнежи од дожд и снег, кои наместа ќе бидат пообилни. Температурите ќе бидат во опаѓање.
Македонија
(Видео) Николоски: 40 километри од автопатот Охрид – Кичево се веќе во функција
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук профил објави ноќно видео од автопатот Охрид-Кичево, каде истакнува дека 40 километри од автопатот се ставени во функција.
„Погледнете го ова прекрасно ноќно видео од делот од автопатот Охрид – Кичево. 40 километри се веќе во функција. Се надевам голем број македонски граѓани ќе возат по овој автопат на пат кон Балканскиот Ерусалим – Охрид за овој Божиќ. Честитки на сите вредни работници кои се посветија на неговата изградба! За многу години Божиќ и Бадник!“ порача вицепремиерот Николоски.
Македонија
(Фото) Мицкоски: Бадник не е само ден, туку порака дека заедништвото, љубовта и солидарноста нe прават посилни
„Во пресрет на Бадник, денеска поделивме пакети помош во Карпош, Гази Баба, Чаир, Аеродром, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Бутел и Центар со желба секое семејство да ја почувствува топлината на празникот на својата трпеза“, извести премиерот Христијан Мицкоски преку социјалните мрежи.
„Бадник не е само ден, туку порака дека заедништвото, љубовта и солидарноста нe прават посилни“, додаде Мицкоски.

