Македонија
Состојбата на забите кај децата загрижувачка
Како да се сочува оралното здравје? Превентивата е таа со која уште од рана возраст можат да се спречат големите и тешки последици кои во нашата држава создадоа загрижувачка состојба:
Како да се сочува оралното здравје? Превентивата е таа со која уште од рана возраст можат да се спречат големите и тешки последици кои во нашата држава создадоа загрижувачка состојба:
Не само во Битола, туку кај целата популација во Република Македонија е голем процентот на кариес, посебно кај децата, вели Д-р Нада Шундовска, специјалист по детска и превентивна стоматологија.
Во светски рамки тој просек е помалку од 3. Со имплементацијата на националната стратегија за превенција на оралните заболувања кај деца до 14 години започна организираната превенција:
,,Сега се води организирана превенција кај децата во смисла на залевање на фисури на трајните молари кај 6 годишни деца, вели Шундовска.
Преку повеќе работилници изминатите 4 недели децата од предучилишните установи на возраст помеѓу 5 и 6 години стоматолошки се просветуваа:
,,Една недела се работи на тема: Забите и нивната функција, за што служат, како треба да се мијат, вели Шундовска.
Редовната посета на стоматолог, оралната хигиена и исхраната исто така се важен дел од навиките потребни за здрави заби:
,,Децата се едуцираат, каква храна треба да јадат, дека треба да внесуваат повеќе белковини, минерали, витамини, свежа храна, а не индустријализирана храна која се лепи за забите, вели Шундовска.
Блескавата насмевка е наша цел беше мотото на стоматолошката едукација во чија завршна манифестација учествуваа децата од детските градинки во градот./крај/тера/цр
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нема настрадани во пожарот во домот за стари лица во Квадарци, според првичните информации
Нема настрадани лица во старечкиот дом во Кавадарци, укажуваат првичните информации.
Од ЦУК во Кавадарци информираа дека пожарот го гаснат 12 пожарникари со 3 противпожарни возила На терен се и 7 полицајци, возила на Итната медицинска помош и минибуси за транспорт на лицата.
Од сместените во домот, пет лица се неподвижни.
Градоначалникот на Општина Кавадарци ќе оствари комуникација со Итна медицинска помош Неготино за да испратат едно возило на испомош.
Се планира лицата да бидат транспортирани во Општа Болница Кавадарци.
Македонија
(Видео) Петрушевски: Еден месец СДС ни да гукне за Груби, тоа е се уште истата партија која ја водеа Заев и Ковачевски
Еден месец СДС ни да гукне за Груби, тоа е се уште истата партија која ја водеа Заев и Ковачевски, истакна на прес-конференција Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.
Венко Филипче, според него, не може да излезе од сенката на Заев и Ковачевски, и уште дословно, како што вели, се држи до нивните политики и крими коалиции.
„Венко Филипче не собра храброст да се извини за Артан Груби. Филипче не најде сили да се извини зошто владата на СДС која управувала со МВР не преземала ништо со години да го спречи неговиот криминал.
Венко Филипче и денешното СДС уште го штитат Артан Груби и неговиот политички договор со Заев и Ковачевски.
СДС е континуитет на криминалите кои 7 години ги правеа.
Ако Венко Филипче не најде сили да се извини за Груби целосно ќе го зацементира СДС на дното“, додава Петрушевски.
Македонија
(Видео) Со Борко Ристовски корупцијата во спортот е до облаците, а македонскиот фудбал на колена, велат од СДСМ
„Со последните исплати на субвенции кон спортските клубови од страна на Министерството за спорт, фудбалот е клекнат на колена, а корупцијата во спортот е дигната до облаците. Имено, министерот за Спорт, Борко Ристовски од Владата на СДСМ, наследи буџет од 9 милиони евра, кој што требаше да се распредели како ‘спортски ваучери’. Владата на СДСМ, тој буџет континуирано го зголемуваше со години. И во него имаше пари за сите: и за големите спортски клубови и за малите, и за тие од градските средини и за тие од селата“, рече Панче Милевски – Панта, Комисија за спорт на СДСМ.
„СДСМ го смени системот на исплата од „спортски ваучер“ во субвенции, но и тоа не го спречи министерот да ја дигне корупцијата во спортот да ја дигне до облаците.
Затоа јавно го прашуваме министерот;
– по кој систем реномирани Фудбалски клубови, од прва и втора лига, добија по НУЛА денари, или нешто ситно, а третолигашки клубови добија милиони и останати суми поголеми од тие на прволигашите и второлигашите?
– По кој систем на сите третолигаши од Источниот и Југоисточниот регион им исплативте по 0 денари, иако таму има клубови со повеќе децениска историја?
– Зошто од останатите региони, сте исплатиле само на неколку третолигаши, а над 98 % од клубовите сте им дале по 0 денари?
– Имате вршено исплати кон фудбалски школи формирани пред неколку години, а клубови што се постари од Вас, не сте им исплатиле ни денар?
Што им ветивте на Фудбалските клубови од прва и втора лига во Ноември?
Им ветивте дека сите ќе добијат дополнителни исплати во Декември, и ги излажавте.
На едни дополнително во декември им имате исплаќано средства уште по еднаш или два пати (со значително поголеми суми), а други ги оставивте само на минималната исплата во Ноември.
Затоа фудбалот го клекнавте на колена, а корупцијата во спортот ја дигнавте во облаците.
Затоа, од Вас бараме јавно да ги објавите (како што тоа го правеше СДСМ) сите исплати кон спортските клубови од сите сметки на министерството, што сте ги направиле додека сте вие на Власт.
Па да види македонската спортска јавност, кои се тие спортски клубови на кои за само 4 месеци им имате исплатено над десетици милиони денари, а кои се тие што не добиле ништо.
Кои се тие спортски клубови што никој не слушнал и разбрал за нив, а на кој има имате исплатено илјадници евра, а кои клубови во кои што членуваат стотици деца ги оставивте на цедило.
За СДСМ, вашиот систем на распределба на парите за спортот е јасен: тој се вика “Партиското тефтерче на Мицко“.
Кој го има во тефтерчето, тој добива пари. Кој спортски клуб е близок до ВМРО ДПМНЕ, тој добива пари.
Затоа, министре, треба да си дадете оставка.
СДСМ располага со податоци за сите ваши исплати, и истите ќе го достави до Основното јавно обвинителство и ГОК. За достоинството во Спортот, СДСМ секогаш ќе биде на страната на спортистите, и затоа јавно го повикуваме сите спортски клубови, сите информации за корупција во министерството за спорт, да ги достават до СДСМ или до надлежните институции за борба со корупција.
Само така спортот ќе го кренеме на прави нозе. Само така ќе не биде. СДСМ е на страна а спортот“, изјави Панче Милевски – Панта, Комисија за спорт на СДСМ.