Економија
Искра ММ ќе гради на имотот на ФАС 11 октомври
Скопската фирма „Искра ММ„ ќе гради луксузен станбен комплекс на имотот на некогашен ФАС „11 октомври“.
Скопската фирма „Искра ММ„ ќе гради луксузен станбен комплекс на имотот на некогашен ФАС „11 октомври“.Според планот на оваа површина од 50.000 метри квадратни ќе никнат трговски центри и станбени објекти.Информацијата за „Макфакс“ ја потврди и бизнисменот Цветан Панделевски, еден од сопствениците на „Лозар-Пелистерка“, сопственик и на фирмата „Искра ММ“.„Да, јас стојам позади „Искра ММ“ и да ќе го градам станбениот комплекс на таа локација. Незнам зошто тоа е толку интересно за вас новинарите. Јас имотот си го купив легално на јавно наддавање пред една година и тоа е тоа. Нема тука ништо спорно„, вели Панделевски.Панделевски вели дека не знае кога ќе почне со градба, бидејќи се уште чека на потребните градежни дозволи.Во јавноста се шпекулира дека во овој проект се вклучени и други инвеститори, но Панделевски за тоа не сакаше да коментира.Просторот на кој ќе се гради новиот луксузен станбен комплекс се наоѓа во непосредна близина на центарот на Скопје, зад Скопски саем, на левата страна од реката Вардар. Овој имот фирмата „Искра ММ“ го купи за 3,7 милиони евра пред една година од фабриката за автобуси „Санос“, по активирањето на нејзина хипотека кај „Стопанска банка“-Битола.По продажбата реагираше фирмата „Амадеус груп“ од Охрид, која беше доверител во „Санос“ и бараше поништување на продажбата на дел од имотот на фабриката. Од фирмата тврдеа дека „Искра ММ“ не ги уплатила парите во предвидениот рок, а извршителот, од нејасни причини, не ја поништил продажбата и по надминување на рокот за повеќе од 20 дена. Продажбата ја оспорува и бизнисменот Ристо Гуштеров, кој 15 години води судски спор за долг на ФАС „11 Октомври“. /крај/пд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

