Економија
Окрупнувањето на земјоделци клуч за нивниот опстанок

Економското здружување на земјоделците во земјоделски задруги е единствениот начин за брзо концентрирање на понудата на ситните земјоделци, со што би се постигнала и подобра цена.
Економското здружување на земјоделците во земјоделски задруги е единствениот начин за брзо концентрирање на понудата на ситните земјоделци, со што би се постигнала и подобра цена.Ова денеска го истакна заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Перица Иваноски на промоцијата на Прирачникот за формирање на земјоделски задруги.„Вака здружени земјоделците можат полесно да реализираат покрупни инвестиции и да обезбедат дури самостоен настап без да мора нивните производи да ги продаваат на откупувачи трговци, па дури можат и да инвестираат во преработката на нивните производи“, рече Ивановски.Тој појасни дека преку земјоделските задруги земјоделците ќе може и да набавуваат поевтини репроматеријали, бидејќи би се набавувале поголеми количини.„Економското здружување во задруги се најдобриот начин на кој што можат земјоделците самите да си ја подобрат нивната позиција на пазарот без да очекуваат тоа да го направи некој друг за нив“, рече Ивановски.Тој потсети дека земјоделците во Македонија најчесто се жалат дека при преговарање за продажбата на нивните производи се среќаваат со еден наметнат однос од страна на купувачите, кои што ја користат својата предност на пазарот, бидејќи се помалку и се подобро организирани.Основната причина за ваквата ситуација, според Ивановски, е што 90 отсто од земјоделците се со многу мали капацитети, до два хектара, а на пазарот настапуваат поединечно, со мали количини за продажба.Истакнувајќи дека европските земјоделци уште пред еден век ги увиделе бенефитите од здружување во задруги, Ивановски апелираше до македонските земјоделците похрабро и поинтензивно да влезат во овој процес.Заменик министерот за земјоделие информираше дека владата го има дефинирано економското здружување на земјоделците како еден од приоритетите и обезбедува мерки за интензивна поддршка на формирањето земјоделски задруги и нивното функционирање.„Овие мерки опфаќаат 80 отсто неповратна помош за трошоците во делот регистрирање на задругата како правен субјект, за платата на раководителот, за сметководството и набавка на опрема, но поддршката продолжува и по формирањето, за обука“, рече Иваноски.Сепак тој призна дека земјоделците со голем скептицизам и недоверба гледаат на иницијативата за формирање на задругите, наведувајќи дека само 15 задруги се обратиле за помош до министерството.Кон иницијативата за информирање на земјоделците од бенефитите што се добиваат од здружување во задруги, се приклучи и Холандска организација за развој (СНВ).„Окрупнувањето на земјоделското земјиште во Македонија е неопходно, а едно од најдобрите решенија за тоа е токму здружувањето на ситните производители. Најпогоден облик за здружување се задругите кои овозможуваат поголема конкурентност, пристап до пазарите, поголем профит, намалување на производните трошоци и друго“, рече претставникот на СНВ Гордана Вељановска. Вклучувањето на терен на оваа организација, резултирало со формирање на три земјоделски задруги, а наскоро се очекува формирање на неколку други. /крај/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Македонската економија оди надолу, инфлацијата повторно расте, велат од СДСМ

„Целосен дебакл на погрешните економски политики на власта на Мицкоски и ДПМНЕ. Македонската економија оди надоле, животниот стандард на граѓаните опаѓа а инфлацијата повторно расте. Во месец јануари, инфлацијата достигна 4,9 %, факт што го констатира и Меѓународниот монетарен фонд. Статистика измери дека трошоците на живот во јануари пораснаа за 4,9%, а индексот на цени на мало за 5,2%“, велат од СДСМ.
„Додека платите стагнираат, граѓаните имаат се помалку пари во џебовите и тие го носат целиот товар на неспособната власт.
И останатите економски параметри се лоши. Индустриското производство паѓа четири месеци по ред. Во декември имаше пад од -1,4%, во ноември -3,5%, во октомври -1,1%, а во септември цели -7,9%.
Буџетскиот дефицит за два месеци достигна рекордни 7,8 милијарди денари. Владата троши многу повеќе отколку што прибира.
Јавниот долг веќе е над 70% од БДП. Прашањето е дали владата заглави и нема пари па ги троши парите од Унгарскиот кредит за други намени?
Секој ден гледаме како цените растат, а платите стојат во место. Владата вети просперитет, но донесе нова економска криза“, соопшти СДСМ.
Економија
Како Македонија ќе ги искористи минералните богатства-МАНУ со предлог стратегија во Министерството за енергетика

Во просториите на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, се одржа состанок на кој академици од Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) ја презентираа новата предлог Стратегија за геолошки истражувања и одржливо искористување на минералните суровини за периодот 2025-2045 која е во завршна фаза од изработка, по што ќе следи јавна расправа и нејзино усвојување од страна на Владата. Делегацијата на МАНУ беше предводена од академик Блажо Боев и научниот соработник Александар Дединец.
Стратегијата има за цел да го дефинира обемот и начинот на реализација на основните геолошки истражувања, како и одржливото искористување и потребите за експлоатација на минералните суровини кои се од клучно значење за развојот на стопанството на Република Македонија. Документот детално го разработува искористувањето и експлоатацијата на природните ресурси во следните 20 години, при максимална заштита на природните особености на животната средина и на здравјето на луѓето со користење на најсовремени паметни технологии, практики и знаења применети во најразвиените земји во светот.
Министерката Сања Божиновска ја истакна важноста на оваа стратегија за економскиот развој на земјата, нагласувајќи дека одржливото управување со минералните ресурси е од суштинско значење за енергетската независност и индустрискиот напредок. Таа изрази благодарност до МАНУ за нивниот придонес во изработката на овој стратешки документ.
Академик Боев посочи дека стратегијата е резултат на темелни истражувања и анализи, со цел да се обезбеди балансиран пристап помеѓу економскиот развој и заштитата на животната средина. Дединец додаде дека документот е усогласен со глобалните трендови и стандарди, и дека неговата имплементација ќе придонесе за подобрување на квалитетот на животот на граѓаните.
Присутните на состанокот се согласија дека успешната реализација на стратегијата ќе зависи од блиската соработка меѓу институциите, научната заедница и приватниот сектор, со цел да се обезбеди одржлив и долгорочен развој на рударскиот сектор во земјата.
Економија
Mint App – сега и на Apple Store!

Позитивно известување за сите корисници на услугите на Минт Финтек Груп.
Mint App – сега и на Apple Store!
Сите финтек услуги на Mint FinTech Group – сега достапни за корисниците на iPhone!
Брз пристап до кредити, осигурување, патувања, награди и девизен курс – сè на едно место.
Преземете ја денес: mint.com.mk/mintapp
ПР