Свет
Исламисти се закануваат со убиство на премиерката на Бангладеш

Исламистичките милитанти се закануваат дека ќе ја убијат премиерката на Бангладеш, Шејих Хасина, ако во рок од еден месец не ги ослободи затворените бунтовници, објави во четвртокот Daily Star цитирајќи полициски извори
Според весникот, вработените во затворот град Читагонг добиле писмо во кое екстремистите велат дека се подготвени да ја убијат премиерката Шејих Хасина, ако членовите на забранетата радикална група Џамаат-ул-муџахедин Бангладеш нема да бидат ослободени во текот на овој јануари.Во овој затвор сега се затворени 27 исламисти од оваа група, вклучувајќи го и командантот на бунтовничката фракција за градот Читагонг, Џавед Икбал.Во писмото, потпишано од милитантите од самоубиствен одред на Џамаат-ул-муџахедин Бангладеш, исто така, се содржи и закана дека доколку не бидат те соборци, ќе бидат кренати во воздух полициските станици во градот.Засега нема реакција на овие закани од премиерката на Бангладеш.Во Бангладеш, постојат неколку екстремистички групи, најмногу исламисти од различни провиниенции, како и маоистички милитанти.Според медиумите во Бангладеш, последниве години екстремистите се обидоа да организираат неколку атентати врз Хасина. Најпознатиот обид за тоа се во август 2004 г. кога исламските милитанти фрлија гранати на собирот со учеството во главнито град Дака, при што загинаа околу 20 луѓе, а самата Шејих Хасина беше повредена.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Објавена првата фотографија по апсењето на убиецот на Чарли Кирк

Медиумите ја објавија првата фотографија од 22-годишниот Тајлер Робинсон, осомничен за убиството на американскиот активист Чарли Кирк.
Гувернерот на Јута, Спенсер Кокс, претходно денес потврди дека клучна улога во неговото апсење имал неговиот татко.
Семејството изјавило и дека последниве години тој станал политички поангажиран, а непосредно пред доаѓањето на Кирк во Јута зборувал против неговите ставови.
Истражителите откриле и пораки меѓу Робинсон и неговиот цимер, во кои се споменува оружје, оставање пушка во грмушка и гравирани куршуми. Робинсон, наводно, рекол и дека морал да ја смени облеката.
Свет
Трамп: Губам трпение со Путин

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека му снемува трпение со рускиот лидер Владимир Путин поради неговиот неуспех да ја заврши војната во Украина.
Во интервју за „Фокс њуз“, Трамп потсети дека имал добар однос со Путин, но нагласи дека ситуацијата станува сè понеприфатлива.
Како можни мерки ги наведе санкциите кон руските банки и нафтената индустрија, додавајќи дека за тоа е потребно и учество на европските држави. Притоа истакна дека веќе презел сериозни чекори – меѓу нив и воведувањето педесетпроцентни царини на извозот од Индија, земја која е еден од најголемите купувачи на руска нафта.
Свет
Убиецот го критикувал Кирк на вечера, на куршумите изгравирал „Еј фашист“ и „Бела чао“

ФБИ и гувернерот на Јута, Спенсер Кокс, потврдија дека уапсен е 22-годишниот Тајлер Робинсон за убиството на Чарли Кирк.
Клучна трага дало семејство кое пријавило признание од Робинсон.
Видео снимките покажале дека на 10 септември пристигнал на местото со „Доџ Челинџер“. Уапсен е на 12 септември во облека што одговара на видеото.
Семејството кажало дека бил „политички поактивен“ и зборувал против Кирк на вечера пред неговото доаѓање во Јута.
Во пораки со цимерот се споменувале наводен заговор, промена на облека и куршуми со гравирани пораки („Еј фашисто! Фати!“, „Бела чао…“, „Ако го читаш ова, си геј“, „OWO. Што е ова?“).