Свет
Убиен братот на авганистанскиот претседател

Брат на претседателот на Авганистан, Ахмад Вали Карзаи е убиен во вторникот во Кандахар – административниот центар на јужниот дел на истоимената авганистанска провинција, потврди тамошното министерство за внатрешни работи
Како што пренесува РИА Новости, повикувајќи се на извор во авганистанската полиција, претседателот на провинцискиот совет на Народните претставници во Кандахар, Ахмад Вали Карзаи, бил убиен во неговиот дом од страна на еден од неговите телохранители.Негов роднина кој сакал да остане анонимен, исто така, за Reuters потврдил дека убиството се случило во домот на полубратот на авганистанскиот претстедател Хамид Каразаи. Портпаролот на гувернерот на провинцијата Кандахар, Залмај Аијуби изјави за медиумите дека „Ахмад Вали Карзаи беше убиен во неговиот дом“, незадржувајќи се притоа на подетални информации за убиството. Началникот на антитерористичката единци за во авганистанското министерство за внатрешни работи, Абдул Гафар Сајеџада за Reuters рече дека Ахмад Вали Карзаи најверојатно е убиен „од еден од неговите телохранители и дека никој однадвор не е вмешан“ Претставникот на талибаните, Јусуф Ахмади за AFP изјави дека талибаните ја преземаат одговорноста за атентатот. Ахмади додаде дека талибаните неодамна го задолжиле својот припадник Сардар Ахмад да го ибие Ахмад вали Карзаи. . Ахмад Вали Карзаи, кој беше влијателна фигура во владејачките структури во провинцијата Кандахар, во неколку наврати беше споменуван во западните медиуми во врска со производството и транспорт на дрога и трговијата со дрога од источните авганистански провинции. Претходно, имаше неколку обиди за негова ликвидација, но тој секогаш се извлекуваше неповреден. Ахмад Вали Карзаи е контроверзна фигура во Авганистан кој беше доведуван во поврзаност со вносната трговија со опиум. Во документите што минатата година ги објави WikiLeaks беше наведено дека Ахмад Вали Карзаи е еден од главните нарко босови во Авганистан.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
(Видео) Зеленски: Имаме решение за руските дронови, подготвени сме да го споделиме со НАТО

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја нагласи важноста на дроновите во одбраната на неговата земја од руска инвазија, истовремено нудејќи поддршка на НАТО во одвраќањето на руските беспилотни летала.
„Најефикасните санкции, санкциите што се најбрзи, се пожари во руските рафинерии за нафта, на нивните терминали и на складиштата за нафта“, рече тој во своето вечерно обраќање, осврнувајќи се на серијата украински напади со беспилотни летала насочени кон рускиот нафтен сектор. Тој рече дека нападите биле болни за Москва и дека ќе влијаат и на воените напори на Русија. Нападите „значително ја ограничиле руската нафтена индустрија, а тоа значително ја ограничува војната“, рече Зеленски.
Today I want to especially thank all our warriors who are inflicting truly significant losses on Russia. Losses at the front. Losses along the border. Losses on Russia’s own territory thanks to our long-range strikes. The most effective sanctions – the ones that work the fastest… pic.twitter.com/tOdd6xkqqD
— Volodymyr Zelenskyy / Володимир Зеленський (@ZelenskyyUa) September 14, 2025
Украина во ноќта кон неделата нападна една од најголемите руски рафинерии во градот Кириши, 110 километри југоисточно од Санкт Петербург. Пред официјалната потврда за нападот, на социјалните мрежи веќе почнаа да кружат слики и видеа на кои се гледаат големи пламени над рафинеријата.
Зеленски рече дека Украина е подготвена да го сподели своето искуство во одбивањето на нападите од руските беспилотни летала со НАТО, наведувајќи го неодамнешното навлегување на руски беспилотни летала во полскиот воздушен простор пред неколку дена и неодамнешниот инцидент со руски беспилотен авион над Романија.
„Подготвени сме да ги обучиме сите партнери во оваа одбрана“, рече Зеленски. „Сите гледаат дека Русите бараат начини да ја прошират војната на територијата на Полска и балтичките држави, а руската војска ја тестира и Романија.“
Иако НАТО има ефикасно одбранбено оружје, тој рече дека Украина развила „многу поекономични, помасовни и систематски решенија“.
фото: принтскрин
Европа
(Видео) Голем протест во Анкара: „Се случува државен удар против идниот претседател“

Десетици илјади луѓе протестираа вчера во турската престолнина Анкара против судскиот случај што може да доведе до отстранување на лидерот на главната опозициска партија од функцијата денеска, по едногодишна правна битка меѓу владата и стотици нејзини членови. Снимките покажаа толпи како бараат оставка од претседателот Таип Ердоган, мавтајќи со турски знамиња и партиски транспаренти.
Судската одлука за поништување на конгресот на Републиканската народна партија (ЦХП) во 2023 година поради наводни процедурални неправилности може да ја преобликува партијата, да ги потресе финансиските пазари и да влијае на текот на општите избори закажани за 2028 година. Судот може и да ја одложи пресудата.
Лидерот на ЦХП, Озгур Озел, на митингот изјави дека владата сака да ја задржи власта, поткопувајќи ги демократските норми и потиснувајќи ги политичките противници откако опозициските партии победија на локалните избори минатата година. Озел повика на предвремени општи избори.
„Ова е политички случај. Обвинувањата се клевета. Она што се случува е државен удар – државен удар против идниот претседател, против идната влада. Ќе се спротивставиме, ќе се спротивставиме, ќе се спротивставиме“, изјави Озел пред насобраните. Владата инсистира дека судството е независно и негира какви било политички мотиви.
Во изминатата година, Турција приведе повеќе од 500 лица, вклучувајќи 17 градоначалници, во Истанбул и други општини и градови управувани од Републиканската народна партија низ целата земја, како дел од истрагите за наводна корупција.
Стотици членови на ЦХП се во притвор во рамките на широка истрага за наводни врски со корупција и тероризам, вклучувајќи го и главниот противник на Ердоган, градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу. Апсењето на Имамоглу во март предизвика најголемите протести во земјата во последната деценија. Стотици илјади Турци излегоа на улиците, а турската лира падна.
фото: принтскрин
Свет
(Фото) Рубио пристигна во Ерусалим, Израел го бомбардираше градот Газа уште пожестоко

Израелските сили уништија најмалку 30 станбени згради во градот Газа, принудувајќи илјадници луѓе да ги напуштат своите домови, соопштија палестински претставници, за време на посетата на американскиот државен секретар Марко Рубио. Рубио пристигна во Израел вчера за да разговара за иднината на конфликтот.
Израел соопшти дека планира да го освои градот, каде што околу еден милион Палестинци се засолниле, како дел од својата наведена цел за елиминирање на милитантната група Хамас, со зголемени напади врз она што Израел го нарекува последното засолниште на Хамас.
Политичкото раководство на групата, кое беше вклучено во разговорите за евентуално прекин на огнот и ослободување на заложниците, беше цел на израелски воздушен напад врз Доха минатиот вторник, предизвикувајќи широка осуда.
Катар ќе биде домаќин на арапско-исламски самит денеска каде ќе се разговара за следните чекори. Рубио рече дека Вашингтон сака да разговара за тоа како да се ослободат преостанатите 48 заложници што се држат во Газа и да се обнови крајбрежниот појас. Се верува дека само 20 од 48-те заложници се живи.
„Што се случи, се случи“, рече тој. „Ќе се сретнеме со израелското раководство. Ќе разговараме за тоа што носи иднината“, рече Рубио пред да се упати кон Израел, каде што ќе остане до вторник.
Кога пристигна во Ерусалим, Рубио го посети еврејскиот молитвен ѕид.
Посетата на ѕидот означува „американска потврда за Ерусалим како вечен главен град на Израел“, според соопштението на Стејт департментот. На крајот на 2017 година, за време на неговиот прв претседателски мандат, Доналд Трамп го призна Ерусалим како главен град на Израел и ја пресели американската амбасада таму од Тел Авив.
фото: принтскрин