Македонија
МВР: Македонија ги имаше најмирните и најдемократски избори
Министерството за внатрешни работи на Република Македонија оцени дека државата ги имала најмирните и најдемократски избори во историјата од своето осамостојување и дека за време на гласањето биле регистрирани само шест прекршоци за кои МВР поднесе кривични пријави.
„Станува збор за повреда на слободата на определување на избирачите – две дела и по една за повреда на тајноста на гласањето, злоупотреба на избирачко право, спречување на избори и гласање и напад на овластено службено лице при вршење на работи на безбедноста”, соопштуваат од МВР и додаваат дека девет лица се казнети за направени прекршоци учество, предизвикување или потикнување тепачка и за физички напад и оддавање на пијанство.
Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди поднел извештај за поведување постапка за утврдување дисциплинска одговорност против еден полицискиот службеник од Крива Паланка, кој на денот на изборите, постапувал спротивно на задачите наведени во наредбата за вонредно обезбедување избирачко место.
МВР оцени дека целокупниот негов состав беспрекорно ги завршил своите обврски и задачи и дека за прв пат во сите досегашни изборни циклуси не е регистриран ниту еден прекин на гласањето, ниту се регистрирани нарушувања на јавниот ред и мир на самите избирачки места.
За потребите на изборниот процес беше спроведена обука за 7.000 полициски службеници.
Повеќе од 4.100 полициски службеници беа ангажирани за обезбедувањето на вкупно 580 митинзи и средби со граѓани./крај/мф/ап
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска дел од Центар
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради поврзување од стара на нова водоводна мрежа со пречник од ф-200 мм на улицата Тодор Александров бб, од 08:30 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од делови од улиците: Тодор Александров, Партениј Зографски и Периша Савелиќ, општина Центар.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 10:00 до 12:00 часот, корисниците од дел од улицата Ловќенска, општина Карпош.
Македонија
Променливо облачно и студено со сончеви периоди, повремено ќе дува засилен северен ветер
Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието и во источните делови повремено засилен ветер од северен правец (над 60 km/h).
Минималната температура ќе биде во интервал од -13 до -5, а максималната ќе достигне од -4 до 3 степени.
Во Скопје, променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, претпладне во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе се спушти до -9, а максималната ќе достигне до 2 степена.
Времето во наредните денови
Следува период на стабилно и суво време со студени утра и утрински температури кои насекаде ќе бидат негативни. Во вторник наместа дневните температури ќе се задржат негативни, а од среда ќе бидат во постепен пораст. Од средината на седмицата по котлините ќе има услови за појава на магла.

