Свет
Тинејџер со наргиле го предизвикал пожарот во Израел
Едно четиринаесет годишно момче од регионот Кармел го предизвикало најголемиот пожар во историјата на Израел. Тамошните медиуми јавуваат дека момчето во шумата фрлило мал дел од запален ќумур. Полицијата тинејџерот го уапсила во раните утрински часови, тој признал дека пушел наргиле во шумата, и дека подоцна во шумата фрлил мал дел од запалениот ќумур кој ги запалил лисјата и сувите гранки. Момчето изјавило дека кога видело што се случило исплашено се вратило во училиштето не кажувајќи ништо. Утре во судот во Хаифа четиринаесетгодишникот ќе биде изведен пред судија кој треба да му го продолжи притворот. Предходно истиот суд на слобода пушти двајца други тинејџери кои беа осомничени дека го предизвикале пожарот. Во катастрофалниот пожар животот го загубија 42 лица, а уништени се 74 згради. Премиерот на Израел Бенјамин Нетанјаху за помош на погодениот регион одобри помош од 16,5 милиони долари. Поради пожарот беа евакуирани 17.000 луѓе, а огнената стихија уништи повеќе од 5.000 хектари шума. Во гасењето на пожарот помагаа 24 воздухопловни летала од странство, некои земји испратија и пожарникари и хемиски средства за гаснење на огнената стихија. крај/ап/н.ц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Потона брод во близина на брегот на Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот
Романските спасувачки тимови денеска трагаа по тројца исчезнати членови на екипажот на товарен брод што потона во близина на брегот на Црното Море, соопштија поморските власти.
Информациите кои ги добиле се дека рано утрината дека бродот „Мохамад З“ под знаме на Танзанија потонал на 26 наутички милји од дунавското село Сфанту Џорџ.
Во потрагата и спасувањето биле вклучени Морнаричкиот центар за координација на спасување (МРЦЦ), граничната полиција и два блиски комерцијални брода.
Засега не се познати причините поради кои бродот потонал.
Европа
Шолц ја откажа изборната кампања и ги посети поплавените региони во Германија
Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска ги посети поплавените региони во западната германска сојузна покраина Сарланд, каде обилните дождови предизвикаа поплави и лизгање на земјиштето, а неколку згради беа евакуирани.
Шолц ја откажа својата изборна кампања во Сар, на границата со Франција, и наместо тоа, го обиколи делумно поплавениот пат во селото Клајнблитерсдорф заедно со регионалниот гувернер Анке Релингер.
Тој ја потврди солидарноста на сојузната влада со Сарланд.
„За жал, не е првпат да треба да се справиме со голема природна катастрофа, па ќе разгледаме што треба да се направи овде и што е неопходно“, им рече Шолц на новинарите.
Службите за итни случаи одговорија на илјадници повици за помош во главниот град на покраината, Сарбрикен.
Регион
Во Будва уловена сина ајкула тешка 200 килограми
Сина ајкула долга повеќе од три метри и тешка 200 килограми е уловена во Будва.
Уловите на сина ајкула од минатите години покажуваат дека овој вид ајкула најчесто се среќава во Јадранското Море на пролет.
Рајко Бојановиќ, член на спортскиот риболов клуб „Ширун“, улови ајкула и рече дека ќе биде препарирана во Природонаучниот музеј на Црна Гора, а изложбата е планирана за септември.