Македонија
Иванов со сочуство до Обама за настраданите во ураганот „Сенди“
Претседателот Ѓорге Иванов упати писмо со сочуство до претседателот на САД, Барак Обама за настраданите и штетите предизвикани со ураганот „Сенди“:
„Со длабока тага ги примив вестите за катастрофалните последици од ураганот „Сенди“, и длабоко жалам за загубените животи во оваа голема природна непогода. Во овие тажни моменти за Вас, за пријателскиот американски народ и за семејствата на настраданите, дозволете ми, од името на граѓаните на Република Македонија и од мое име, да Ви упатам изрази на длабоко сочувство. Во овие моменти на тага, кога нашите мисли се со Вас и со семејствата на настраданите, искрено посакувам обновување на разрушените домови и брзо опоравување на погодените региони. Ве молам, почитуван Претседателе, изразите на длабоко сочувство да ги пренесете до семејствата на трагично настраданите“ се вели во писмото./крај/со/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) Граѓаните пред Кривичен порачаа „Не си одиме!“
Илјадници граѓани се уште се наоѓаат пред Кривичниот суд.
Извикуваат „Не си одиме!“ и „Оставка!“.
Триминутен молк имаше и пред Кривичен, исто како и пред Собранието и на Партизанска.
22-годишната Фросина Кулакова пред четири дена беше прегазена од дваесет годишниот Васил Јованов, кој возел пијан, без возачка дозвола и минал на црвено светло, додека таа минувала на пешачки премин на Партизанска.
На 20-годишниот скопјанец осомничен за смртта на Фросина му беше определена мерка притвор од 30 дена, а за него и претходно имало кривични пријави за друга сообраќајна незгода и за недозволена употреба на дрога.
Македонија
(Фото) Илјадници граѓани пред Кривичниот суд, извикуваат „оставка“ и „правда за Фросина“
Граѓаните кои протестираат пристигнаа пред Кривичниот суд. Поради масовноста на протестот, толпата не продолжи кон Обвинителството, па од Собранието тргнаа директно до Кривичен.
Овој собир е поголем од претходниот. Собрани се илјадници граѓани.
„Сакаме правда“, „Нема правда, нема мир“ „Правда за Фросина“ извикуваат сите пред судот.
Триминутен молк имаше и пред Кривичен, исто како и пред Собранието и на Партизанска.
22-годишната Фросина Кулакова пред четири дена беше прегазена од дваесет годишниот Васил Јованов, кој возел пијан, без возачка дозвола и минал на црвено светло, додека таа минувала на пешачки премин на Партизанска.
На 20-годишниот скопјанец осомничен за смртта на Фросина му беше определена мерка притвор од 30 дена, а за него и претходно имало кривични пријави за друга сообраќајна незгода и за недозволена употреба на дрога.
Македонија
(Фото) Три минути молк пред Собранието на Македонија
Демонстрантите стигнаа до Собранието. Во тек е триминутен молк и тука.
Стотици граѓани со транспаренти во ист глас извикуваа „Убијци!“ и „Правда за Фросина!“.
„Секој еден може да е следен“ порачаа насобраните граѓани пред Законодавниот дом, додавајќи „Нема правда, нема мир“.
Родителите на Фросина и натаму се во првиот ред.
Оттука тие ќе се упатат кон Основното јавно обвинителство, а ќе завршат пред Кривичниот суд.