Македонија
ДИК разгледува приговори за прегласувањето

Државната изборна комисија (ДИК) денеска треба да одлучи по поднесените приговори за прегласувањето од вториот круг на локалните избори што во
Државната изборна комисија (ДИК) денеска треба да одлучи по поднесените приговори за прегласувањето од вториот круг на локалните избори што во неделата се одржа во пет општини.
До ДИК, како што е соопштено, поднесени се приговори од партијата ВМРО – ДПМНЕ, како и од група избирачи.
Во неделата се одржа вториот круг избори за градоначалници во општините Маврово и Ростуша, Студеничани, Долнени, Зелениково и во Чучер Сандево./крај/с/ег/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Забрана за движење на територија на депонијата „Вардариште“

Управувачкиот комитет за координација и управување со системот за управување со кризи, на денешната 7-ма седница, предложи до Владата, а Влада усвои следниве заклучоци: забрана за движење на територија на депонијата „Вардариште”, како итна мерка во насока на справување со пожарот на депонијата „Вардариште“ во општина Гази Баба, а за надлежен за оваа проблематика го назначи првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, извести Министерството за животна средина и просторно планирање.
Заклучоците се донесоа по дискусијата за состојбата со пожарот на депонијата „Вардариште“ во општина Гази Баба, кои по исцрпната дискусија, членовите на Комитетот, поради зголемените ризици по животот и здравјето на граѓаните и поради загадувањето на животната средина, ги донесоа за превенција и отстранување на штетните последици од пожарите на депонијата „Вардариште“.
Овие заклучоци се во насока на заштита на животната средина и безбедноста на граѓаните, како и превентивно управување со потенцијални кризни ситуации од ваков тип.
Управувачкиот комитет за координација и управување со системот за управување со кризи будно ја следи целата ситуација вои и околу Вардариште и ќе биде вклучена се до трајно решение на овој проблем, за што бара трпение од засегнатите граѓани, се додава во соопштението од Министерството за животна средина и просторно планирање.
Македонија
Вонреден инспекциски надзор на депонијата „Дрисла“

Во доцните попладневни часови, околу 15:15 часот, државниот Инспекторат за животна средина изврши вонреден инспекциски надзор поради пожар кој избувна на поранешната депонија за комунален отпад „Дрисла“, по пријава од Полициската станица Гази Баба.
„На лице место се врши гаснење на опожарениот дел со сопствена механизација и средства на ЈП „Дрисла“, како и со повеќе противпожарни возила и возила на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје.
Инспекцискиот надзор го извршија овластени инспектори од СВР Скопје ЕЕКК, а присутни беа и директорот на ЈП „Дрисла“, надлежно лице за животна средина и други вработени во јавната установа“, велат од Министерството за животна средина и просторно планирање.
Во согласност со А-ИСКЗ дозволата која ја поседува ЈП „Дрисла“, е изготвен извештај испратен по е-пошта до МЖСПП и ДИЖС во врска со настанот.
Од надзорот е изготвен записник за констатирање, а ќе бидат земени и примероци од подземни води и почва од страна на акредитирана лабораторија за животна средина. ЈП „Дрисла“ достави и извештај од мониторинг станицата за квалитет на воздухот. Инспекциската постапка е во тек и се следат сите мерки за евалуација на влијанието и отстранување на последиците од пожарот, се додава во соопштението од Министерството за животна средина и просторно планирање.
Македонија
Воздухот мириса, но ве уверувам дека не е штетен на ниво што предизвикува здравствени проблеми, вели Алиу

Иако депонијата „Дрисла“ трет ден го полни Скопје со смрдеа на изгорена пластика и гума, министерот за здравство, Азир Алиу, дури денес јавно даде препораки до граѓаните одговарајќи на новинарски прашања по посетата на Градската општа болница „8 Септември“. Се обиде да ги смири скопјани со објаснување дека чадот што го дишат нема да им предизвика здравствени проблеми.
„Ние заедно со Институтот за јавно здравје прво анализиравме дали постои некој тип загадување на ниво на штета по здравјето на граѓаните. Ве уверувам дека мирисот се чувствува и не е пријатен, но воздухот во моментот не е на ниво на загаденост кое предизвикува здравствени проблеми кај граѓаните. Сепак препорачувам граѓаните да не се движат надвор ако тоа не е неопходно“, рече министерот Алиу.
Во периодот што следи министерот Алиу рече дека здравствените власти ќе имаат работна група која „ќе може да придонесе за промените во здравјето на граѓаните предизвикани од воздухот“.
Директорот на болницата „8 Септември“, Синиша Стојаноски, кажа дека квалитетот на воздухот мора да се мониторира, посебно во периодот кој доаѓа кога се зачестени респираторните инфекции и во кој во соработка со Министерството за здравство лекарите треба да бидат достапни на пациентите 24/7 за да се помине што е можно помал број посериозни заболувања од респираторен тип.
Веќе трет ден скопајни не можат даотворат прозорен ни преку ден ниту ноќе оти чад од депонијата „Дрисла“ го обви градот. Премиерот Христијан Мицкоски денес најави дека со механизација од опптествено одгворни комапнии ќе влезе на депонијата за да се спречи понатамошно чадење кое стигнува и до градот, а тајно решени еќе бара со новиот градоначалник на Скопје.