Македонија
Вклучените светла на автомобилите ги чинат граѓаните пет милиони евра
Вклучените светла кај автомобилите ги чинат граѓани пет милиони литри гориво повеќе или приближно околу исто толку пресметано во евра.
Вклучените светла кај автомобилите ги чинат граѓани пет милиони литри гориво повеќе или приближно околу исто толку пресметано во евра.Грубо пресметано откога е стапен во сила Законот за безбедност во сообраќај на патиштата за употреба на светла од 2007 до 2011 година, дополнително се потрошени 20 милиони литри гориво.Со оваа одлука не само гориво граѓаните изложени се на поголеми давачки како за менување на сијалици и помал век на траење на акумулаторите.„На ниво на Македонија потрошувачката изнесува околу пет милиони литри гориво годишно или значи дека со вашето возило ако одите од Скопје до Берово и да се вратите ќе потрошите гориво кое со кое би купиле три леба“, вели Љупчо Гаштеовски од Геотермален систем-Кочани.Тој додава дека се постојано вклучените светла на ниво на Македонија се трошат околу 210.000 сијалици повеќе што ги чини граѓаните околу 600.000 евра.Од министерството за внатрешни работи во делот за безбедност на сообраќај велат дека најповолно би било светлата да се користат од 15 ноември до 15 март бидејќи имаме околу 270 сончеви денови.„Имаме благо намалување на сообраќајните несреќи кои се случуваат годишно, но сето тоа не се должи само на употребата на светла“, рече Кузман Дамчевски, виш полициски советник за сообраќајни работи за јавна безбедност. /крај/мт
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Законот за високо образование нема да биде повлечен, јавнaта расправа продолжува
Министерката за образование и наука Весна Јаневска на пленарна седница изјави дека нема да го повлече нацрт-законот за високо образование.
Таа посочи дека во моментов се одржуваат јавни расправи на сите универзитети и дека нацрт-текстот е објавен на Единствениот национален електронски регистар на прописи (ЕНЕР), каде што сите засегнати страни можат да достават коментари.
На прашање од пратеничката од СДСМ, Бисера Костадиновска-Стојчевска, која изнесе забелешки, Јаневска одговори дека законот е „за добробит на сите“ и дека реакциите не можат да се генерализираат.
Според министерката, предлог-законот е усогласен со европски и светски стандарди и предвидува подобрување на студентските права, двегодишен мандат за универзитетските тела, можности за ангажман на демонстратори и вработување на студенти на проекти, како и поддршка за најдобрите студенти.
Јаневска нагласи дека членот 13 се однесува на заштита на автономијата на универзитетите и дека во изработката на текстот учествувале над 60 професори.
Македонија
Гаши во Стејт департментот: Верската хармонија во земјава како модел за општеството
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, оствари средба со Мајкл Дозлер, раководител на Одделот за европски и евроазиски прашања во Канцеларијата за меѓународни верски слободи, како и со други претставници во Стејт департментот на САД.
За време на средбата, претседателот Гаши нагласи дека нашата земја ужива верска хармонија, која треба да служи како модел за унапредување на другите општествени односи. Беше дискутирано за важноста на толеранцијата и негувањето на верските вредности, а воедно и зачувувањето на секуларниот карактер на државата.
Дозлер изрази благодарност за моделот на хармонија што постои во земјата и нагласи понатамошна поддршка за иницијативите што промовираат мир и соработка.
Меѓу другото, беа дискутирани и искуствата и средбите одржани за време на последната посета на претседателот во Вашингтон (февруари 2026 година), каде што Гаши изрази благодарност за меѓудржавната соработка и партнерство.
Македонија
Гоце Наумовски стана нов уставен судија
Собранието со 63 гласа „за“, седум „против“ и без воздржани го избра професорот Гоце Наумовски за нов уставен судија, по што тој даде свечена изјава дека функцијата ќе ја извршува совесно, одговорно и во согласност со Уставот и законите.
Наумовски е редовен професор по римско право на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ – Скопје.
Доаѓа на местото на судијката Јадранка Дабовиќ-Анастасовска, која во декември поднесе оставка од функцијата судија на Уставниот суд, поради здравствени и лични причини.

