Свет
Панета: Ал Каеда не може да се уништи со еден удар
Американскиот министер за одбран аЛеон Панета изјави дека е невозможно глобалната терористичка мрежа Ал Каеда да биде уништена со еден удар, но и оти убиството пред една година на нејзиниот идеолог Осама бин Ладен значително ја ослабило организацијата, пренесува CNN.
„Јасно е дека не постои волшебно стапче со коешто можеме одеднаш да ја уништиме Ал Каеда… Меѓутоа, колку што сме поуспешни во елиминацијата на оние коишто го сочинуваат нејзиното духовно и идеолошко водство, толку е поголема нашата способност да ја ослабиме заканата коишто тие ја претставуваат за оваа и за другите земји“, изјавил Леон Панета, додавајќи дека е сигурен оти САД сега се побезбедни откако повеќе го нема Осама бин Ладен.
„Кога на тоа ќе ги додадете другите операции коишто ги спроведовме против Ал Каеда, мислам дека тие навистина ја ослабија Ал Каеда како организација“, вели американскиот министер за одбран Панета истакнувајќи дека оваа терористичка организација повеќе нема систем на команда и контрола каков што е потребен за извршување софистицирани напади каков што беше оној од 11-ти септември 2001 година, врз САД кога загинаа околу три илјади луѓе.
Панета, сепак, предупредува дека тоа не значи дека заканата од тероризмот повеќе не пости.
Неприкосновениот идеолог и духовен лидер на Ал Каеда, Осама бин Ладен беше убиен на 2-ри мај од страна на американските маринци во неговата куќа во пакистанскиот град Аботабад./крај/хи/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Жена во Хрватска го уби мажот со нож
Рано утрово во Селница Шќитарјевска во близина на Велика Горица, Хрватска, 40-годишна жена убила 52-годишен член на семејството, соопшти полицијата.
Според првичните информации, мажот најверојатно бил убиен со остар предмет. Како што неофицијално пренесе Индекс.хр, жртвата бил сопругот.
Осомничената е под надзор на полицијата, а на местото на настанот во тек е истрага која ќе ги утврди околностите за ова тешко кривично дело.
Свет
Петмина загинати и повеќе од 100 повредени во торнадо во Бразил
Најмалку пет лица загинаа, а 130 се повредени во торнадо кое синоќа опустоши дел од село во јужен Бразил, во сојузната држава Парана, соопштија локалните власти.
– Цивилната заштита на Парана со жалење објавува дека веќе се потврдени пет смртни случаи по торнадото што ја погоди општината Рио Бонито до Игуасу, се вели во соопштението.
Свет
(Фото) Русите пак ја нападнаа Украина, има загинати
Украина пријави нов руски напад врз нејзината енергетска инфраструктура во текот на ноќта, во кој едно лице загина, а неколку региони останаа без струја. На пат кон освојување на важниот логистички центар Покровск на исток, руската војска ги интензивира и воздушните напади врз гасните и енергетските постројки низ цела Украина, зголемувајќи ги стравувањата од сурова зима за цивилите со падот на температурите.
„Непријателот повторно започнува масовен напад врз енергетската инфраструктура на Украина. Затоа се воведени вонредни прекини на електричната енергија во голем број региони“, изјави министерката за енергетика Свитлана Гринчук на Фејсбук.
🤬 Russians massively attacked Dnipro and its suburbs with kamikaze drones. One of the drones punched through a residential block, collapsing several floors.
Eyewitnesses have shared photos of the aftermath. pic.twitter.com/6vIC0HsbYY
— Denys from Kharkiv (@GlushkoDenys) November 7, 2025

