Вести
WikiLeaks: Во Турција најверојатно уште во октомври планирале уривање руски авион
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2016/10/twitter20wikileaks.jpg)
Интернет ресурсот WikiLeaks, познат по објавување на тајни документи, повикувајќи се на инсајдер добил информации за тоа дека турските власти наводно планирале да соборат руски воен авион уште во октомври.
Информацијата што ја распространи WikiLeaks преку социјалните мрежи за инцидентот за 24-ти октомври ја добил од Фуад Авни, што е псевдоним на влијателен инсајдер во владејачките структури во Турција.
„На 10-ти октомври, шест седмици пред да биде соборен рускиот авион, турскиот извор соопшти на Twitter за идни планови на (турскиот претседател Реџеп Тајип) Ердоган да се собори авион“, се наведува на акаунтот на Twitter на ресурсот WikiLeaksво неделата.
Според информацијата на сајтот, Ердоган почнал да го планира уривањето на руски борбен авион пред повторените парламентарни избори кои се одржаа 1-ви ноември. Намерата наводно била да се мобилизираат гласачите да гласаат за неговата Партија на правдата и развојот (AKP) за да предизвика ескалација на судир во Русија и да се претстави како „заштитник на нацијата“.
Инаку, на претходните парламентарни избори во јуни годинава AKP првпат по 2002 година го загуби апсолутното мнозинство во парламентот и не можеше самостојно да формира влада, поради што и беа распишани повторените избори.
Односите меѓу Русија и Турција сериозно се нарушија откако турските ловци на 24-ти ноември го соборија рускиот бомбардер „Су-24М“ на сириско-турската граница. Анкара тврди дека рускиот авион го нарушил турскиот воздушен простор, додека Москва тврди дека авионот е урнат врз територијата на Сирија.
Двајцата руски пилота се катапултираа над сириска територија, но едниот беше убиен од туркменските бунтовници кои ги поддржува Турција./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/11/gaza32.jpg)
Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/09/борел-миа.jpg)
Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/10/антонио-гутереш.jpg)
Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.