Свет
Русија и ИАЕА основаа банка за нуклеарно гориво
Русија и Меѓународната агенција за атомска енергија (ИАЕА) денеска ја основаа првата банка за нуклеарно гориво за да осигураат дека нема да има препреки во функционирањето на нуклеарните реактори низ светот.
Русија и Меѓународната агенција за атомска енергија (ИАЕА) денеска ја основаа првата банка за нуклеарно гориво за да осигураат дека нема да има препреки во функционирањето на нуклеарните реактори низ светот.
Иницијативата на ИАЕА има за цел да им понуди алтернативно решение на земјите кои развиваат сопствена програма за збогатување на ураниум, како што тоа го направи Иран.
„Со нашите напори го направивме светот малку подобар“, изјави Сергеј Кириенко, челник на руската нуклеарна корпорација „Росатом“ во Виена, по потпишувањето на договорот со главниот директор на ИАЕА Јокио Амано.
Банката за нуклеарно гориво треба да овозможи сигурност и непречено функционирање на нуклеарните реактори ширум светот, односно да ги снабдува до нуклеарен материјал кој ќе биде произведен во Ангарск на Сибир.
Земјите со напредна нуклеарна програма и ИАЕА сакаат да го запрат ширењето на технологијата за збогатување на ураниум, која може да се користи не само за производство на гориво за реакторите, туку и како материјал за изградба на нуклеарни бомби./крај/хина/иа
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) „Една од најразорните катастрофи во историјата на Лос Анџелес“, сцените се ужасни
Потврдениот број на пет загинати веројатно ќе се зголеми, изјавија официјални лица, бидејќи снимките од беспилотни летала ги доловуваат размерите на катастрофата во јужна Калифорнија.
Снимките од воздух на областа Пацифик Палисадес во Лос Анџелес во четвртокот покажаа широко распространето уништување по пожарот во Палисадес, кој продолжува да гори.
Шефот на пожарникарите во Лос Анџелес, Кристин Кроули, го опиша пожарот во Палисадес како една од најразорните катастрофи во историјата на градот, со илјадници уништени објекти и масовна евакуација.
Целосно се уништени делови од Лос Анџелес и околните области низ кои беснееше страшниот пожар.
Од фотографиите се гледа дека бројни куќи се изгорени до темел, а дека пожарот се уште беснее во другите делови на градот.
Свет
(Видео) Пожарот во Лос Анџелес ги „проголта“ домовите на Џеф Бриџис и мајката на Тори Спелинг
Продолжува серијата познати личности чии домови беа уништени од разорниот пожар во Лос Анџелес. Новите „жртви“ беа актерот Џеф Бриџис и Кенди Спелинг, мајка на актерката Тори Спелинг.
Менаџерот на Бриџис потврди за ТМЗ дека куќата во која живеел актерот со семејството изгорела до темел. За ова зборуваше и Кенди Спелинг, која живееше во вилата вредна 24 милиони долари со нејзиниот сопруг, продуцентот Арон Спелинг.
🇺🇸🔥 Malibu wildfires have left many, including Candy Spelling, homeless as raging flames devastate the area. This destruction underscores the persistent threat of wildfires in Southern California.#Malibu #California #MalibuFires #CaliforniaWildfires #JeffBridges #CandySpelling pic.twitter.com/EdjapiFe6L
— T&T News (@t_t_news_) January 9, 2025
„Во шок сум и се обидувам да ја сварам оваа голема загуба за нашето семејство. Неизмерно сум благодарна за спомените. Куќата ни беше прекрасен подарок“, коментираше Кенди. Нејзиниот пријател Џош Флаг, исто така, рече дека бил погоден од загубата на куќата на Кенди, каде што порано го поминувал времето.
Џеф и Кенди сега се приклучија на листата на познати личности чии домови беа уништени од пожарите кои беснеат во Лос Анџелес. Меѓу нив се Лејтон Мистер и Адам Броди, Парис Хилтон, Џејмс Вудс, Били Кристал, Ентони Хопкинс и многу други.
Свет
Маск вети бесплатен интернет во регионот погоден од шумските пожари
Илон Маск рече дека Starlink, провајдер на сателитски интернет во сопственост на SpaceX, ќе започне да нуди бесплатни терминали во областите погодени од шумски пожари почнувајќи од петок.
Маск го потврди ова на Икс како одговор на видеото од локалниот известувач од ТВ станицата FOX 11, кој рече дека станицата се потпира на Starlink за емитување вести. „Единствената причина поради која можете да не видите сега е поради врската Starlink што ја добивме денес. Апсолутно нема мобилна услуга во целата оваа област“, рече новинарката.
Starlink користи физички терминали за поврзување со констелација сателити за да обезбеди интернет низ целиот свет.
Маск претходно им ги нудел овие врски на луѓето во итни случаи. Обезбеди бесплатен интернет за погодените од ураганите Хелен и Милтон, а извештаите покажуваат дека SpaceX дистрибуирал илјадници приемници потребни за поврзување со Starlink во тоа време.
Нејасно е како компанијата ќе определи кој и каде ќе ги дистрибуира терминалите и колку долго оние кои ќе добијат пристап до нив ќе можат бесплатно да се поврзат на интернет.