Вести
Обама повика во Хирошима на свет без нуклеарно оружје
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2016/10/1439933378.jpg)
Американскиот претседател Барак Обама во петокот во говорот кој агенциите го оценија како „многу емотивен“ им одаде почести на жртвите на првиот нуклеарен напад во историјата по повод историската посета на Хирошима, прва посета на некој американски актуелен претседател на овој град токму бомбардиран од американската армија на крајот од Втората светска војна, ракувајќи се и прегрнувајќи ги жртвите од атомскиот напад.
Посетата на јапонскиот град врз кој американските воздушни сили ја фрлија првата атомска бомба на 6-ти август 1945 година, американскиот претседател Барак Обама ја искористи за да повика на „свет без нуклеарно оружје“, но не се извини за бомбардирањето на Хирошима.
„Пред 71 година смртта дојде од небото“, изјави Обама пред споменикот на жртвите. Тој дена „светот засекогаш се промени“, бомбата „му покажа на човештвото дека може да се уништи самото себеси“, додаде.
На 6-ти август 1945 година американскиот бомбардер наречен „Enola Gay“ фрли бомба врз градот усмртувајќи директно 140.000 луѓе, а три дена подоцна иста бомба во Нагасаки одзема 70.000 животи. САД никогаш не се извинија за тие напади. Повеќето Американци сметаат дека бомбардирањето на Хирошима и Нагасаки било оправдано за да се заврши војната и да се спасат американски животи. Големо мнозинство Јапонци, пак, сметаат дека бомбардирањето воопшто не било оправдано.
„Зошто дојдовме во Хирошима? Дојдовме да размислиме за таа страшна сила ослободена во нетолку далечното минато. Дојдовме да им одадеме почест на мртвите,. Нивните души ни говорат, бараат од нас да погледнеме во напата внатрешност“, рече Обама
„Технолошкиот напредок кој не го следи соодветниот напредок на човековите институции може за нас да биде кобен. Научната револуција која го овозможи цепењето на атомот нé повикува и на морална еволуција“, порача американскиот претседател. Рече, исто така, дека неговата посета покажува дека „и најболните поделби може да бидат премостени“.
По пристигнувањето во Хирошима, Обама прво го разгледа Меморијалниот музеј на мирот, а потоа придружуван од јапонскиот премиер Шинзо Абе го посети Меморијалниот парк на мирот. Двајцата политичари стоеја простум пред вечниот оган, а потоа положија венци цвеќе./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/11/gaza32.jpg)
Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/09/борел-миа.jpg)
Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/10/антонио-гутереш.jpg)
Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.