Контакт

Свет

Казнет само еден функционер

Објавено пред

Владејачките партии место да предвидат законска обврска за јавните функционери при изборот и на заминување на Интернет да ја објават имотната состојба, го користат тоа за да глумат транспарентност

dobivaj vesti na viber

АНКЕТНИТЕ ЛИСТОВИ ЗА ИМОТИТЕ САМО ШМИНКА

Владејачките партии место да предвидат законска обврска за јавните функционери при изборот и на заминување на Интернет да ја објават имотната состојба, го користат тоа за да глумат транспарентност

Само еден функционер е казнет за последните четири години од спроведувањето на Законот за спречување на корупцијата поради прикривање на имотната состојба во анкетните листови. Овој е единствен случај во кој е докажано дека Стојмир Петров, директор на ООЗТ Институти при Медицинскиот факултет, не го пријавил целиот имот во анкетниот лист. Тој бил еден од над триесет предмети што Државната комисија за спречување на корупцијата ги покренала врз основа на индикации дека некои анкетни листови се нецелосни. Надлежните финансиски институции и судот утврдиле дека директорот свесно го прикривал имотот и поради тоа му е изречена казна во висина од 200 илјади евра.

Претседателот на Комисијата за спречување на корупцијата Михајло Маневски вели дека е симболичен успехот на целиот систем надлежен за борбата против корупцијата, но потенцира дека е многу важен, бидејќи институциите веќе го имаат првото искуство како изгледа да се открие прикриен имот од функционер. "Досега поднесовме 30-тина предмети во Управата за јавни приходи заради проверување на веродостојноста на податоците што функционерите ги изнесуваат во анкетните листови, но одговор добивме само за помалку од десет случаи", тврди претседателот Маневски. Тој се жали дека постапката на проверување на листовите во УЈП е многу бавна. "Процесот на проверка на еден анкетен лист трае и повеќе од една година што се покажува како многу неефикасно", вели Маневски.

Според него, во УЈП постојано се правдале дека немаат ни кадровски ниту технички услови за забрзување на постапката. "Велат дека немаат база на податоци и поради тоа за секој анкетен лист морале да извршат увид на самото место", објаснува Маневски.

Додека институциите бележат симболични резултати од контролата на обврската на функционерите да го пријават имотот, политичките гарнитури на секои четири години прават фешта со јавното пријавување на анкетните листови. Иако немаат законска обврска јавно да го објават она што го пријавиле во листовите, политичарите секој по своја волја се решаваат на таков чекор во обид да глумат транспарентност. Експертите и овој пат потсетуваат дека вистинското решение е Владата да внесе одредба во Законот за антикорупција, со која објавувањето на имотот ќе стане законска обврска, а не прашање што зависи од политичката волја на функционерите, кои секогаш на почеток на мандатот мавтаат пред јавноста со анкетните листови, а потоа забораваат на отчетот пред јавноста.

Професорот Владо Камбовски вели дека е добро функционерите да ја објават имотната состојба на Интернет. "Тоа што досега не е решено ова прашање е одраз на политичка волја на партиите", смета професорот Камбовски.

Поранешните влади на премиерот Бранко Црвенковски во 2002 година и на Владо Бучковски анкетните листови ги објавија пред телевизиските камери.

Слична атмосфера се репризира и со новата влада во формирање на мандатарот Никола Груевски, која само еден ден пред да се изгласа во Парламентот, колективно и помпезно ќе ги објави анкетните листови на кандидатите за министри и на пратениците. Новата постава ветува конкретни мерки во борбата против корупцијата, но нема кој да објасни како и кога ќе ја спроведат нивната замисла. За тоа не сака да зборува ниту кандидатот за министер за правда Михајло Маневски. "За наредните проекти ќе разговараме по изборот на владата", вели тој.

Во програмата за работата на Владата мандатарот Груевски навел дека за намалување на корупцијата, меѓу другото, ќе формира и единствена независна агенција, која ќе се занимава со верификување на анкетните листови на јавните функционери, како и веродостојноста на исказите за конфликт на интереси.

Професорот Владо Камбовски ја поздравува идејата на новата влада да се формира Агенција за борба против организираниот криминал и корупција, бидејќи тоа е во согласност со препораките на ЕУ. Но, Камбовски не поддржува агенција само за анкетни листови. "Агенцијата за борба против корупцијата може да ја покрие и проверката на анкетните листови, а не да се формира нова агенција само за нив", вели Камбовски.

Идејата да се формира посебна агенција за анкетни листови не ја поддржува ниту Драган Малиновски, член на Антикорупциската комисија. "Тоа е дирекно мешање во надлежностите на Комисијата. Решението лежи во зајакнување на капацитетите на Антикорупциската комисија", смета Малиновски.

Денес ќе се проверува загадувањето од Цементарницата "Усје"

Еколошките инспектори на Министерството за животна средина и просторно планирање и претставници од Општина Кисела Вода денес ќе прават увид во производството на Цементарницата "Усје", откако жителите што живеат околу Цементарницата минатата недела реагираа дека смрди на изгорена гума и кисела зелка. Луѓето од овој дел на Скопје се жалат дека миризбата се шири наутро од два до пет часот, и дека во воздухот имало бели кристали, кои се таложеле на нивните автомобили и куќи.

Дарко Блинков, еколошки инспектор при Министерството за животна средина и просторно планирање, вели дека денес со преставници од Општина Кисела Вода, која бараше испитување на случајот, заедно ќе извршат увид во документацијата и технолошкиот процес на Цементарницата. Тој објаснува дека тие веќе извршиле увид на загадувачките материи што се испуштаат од "Усје" и од АД"Охис", но дека загадувачките материи биле во рамки на максимално дозволените граници.

"Печењето и миризбата на сулфур на што се жалат жителите може да доаѓа и од гумите, но тоа треба детално да го испитаме. За миризбата на пестициди на која се жалеа жителите во околината на ‘Охис’, најверојатно дошла од тоа што во погонот за пестициди на ‘Охис’ се вршат подготовки за отпочнување на технолошки процес, па при топло време, кога немаше ни ветар, можно е мирисите посилно да се чувствуваат", вели инспекторот Блинков.

Тој објаснува дека погонот за пестициди на АД"Охис" не работи од 28 јули до 28 август, кога оваа компанија треба да направи мерења на загадувачките материи што ги испушта. "Наредено им е да направат мерења кога ќе почнат со работа, а нашиот Инспекторат постојано ќе ја следи состојбата", вели Блинков.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Мерц вели дека Путин сака да го обнови Советскиот Сојуз, Кремљ му одговари

Објавено пред

Од

Кремљ денес соопшти дека европските тврдења дека рускиот претседател Владимир Путин сака да го обнови Советскиот Сојуз се погрешни и дека тврдењата дека тој има намера да нападне членка на НАТО се целосна бесмислица.

dobivaj vesti na viber

Путин, кој е роден во СССР, го опиша распадот на таа земја во 2005 година како најголема геополитичка катастрофа на 20 век, бидејќи десетици милиони Руси беа осиромашени, а самата Русија беше загрозена од распад.

Критичарите тврдат дека Русија под Путин се враќа кон апсурди и репресии споредливи со периодот кога Леонид Брежњев беше лидер на СССР. Западните лидери велат дека Путин, ако победи во Украина, еден ден ќе го нападне НАТО.

Путин постојано негира дека има намера да ја нападне алијансата и рече дека таков потег би бил глупав.

Германскиот канцелар, Фридрих Мерц, изјави дека Путин сака да го обнови стариот Советски Сојуз и дека Европа мора да се одбрани од, како што рече, јасните намери на Русија, наведени во официјалните руски доктрини, да го нападне НАТО.

„Тоа не е вистина“, одговори портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, на новинарско прашање за тврдењата на Мерц. „Владимир Путин не сака да го обнови СССР затоа што тоа е невозможно, а тој самиот го кажал тоа многу пати“.

„Зборувањето за тоа не е внимателно кон нашите партнери“, рече Песков. „Очигледно, г-дин Мерц не го знае тоа“, додаде тој. „А што се однесува до подготовката на напад врз НАТО, тоа е целосна бесмислица“, рече тој.

 

фото/депозитфотос

Прикажи повеќе...

Свет

Трамп: Да бев претседател, немаше да ја има војната во Украина

Објавено пред

Од

Во опсежно интервју за „Политико“ американскиот претседател Доналд Трамп уште еднаш јасно стави до знаење дека својата политика кон Европа и Украина ја гледа значително поинаку од повеќето европски лидери и од неговите претходници во Белата куќа. „Политико“ во својата годишна анкета P28 го именува за највлијателна личност што ја обликува Европа, а Трамп ја искористи можноста да ја нападне европската политика кон војната во Украина, миграцијата и НАТО, но и да испрати пораки до Москва, Киев и Брисел.

dobivaj vesti na viber

Зборувајќи за војната во Украина, Трамп без двоумење рече дека Русија е во подобра позиција во преговорите.

„Нема сомнение за тоа. Русија е во посилна преговарачка позиција. Тоа е многу поголема земја. Ова е војна што никогаш не требаше да се случи. Да бев претседател, немаше да ја има“, рече Трамп.

Тој тврди дека војната можела да се претвори во трета светска војна и дека ако тој не беше на власт, светот ќе имаше многу поголем проблем отколку што има сега, но додава дека тоа е сè уште огромен проблем за Европа и не е решен баш добро.

Трамп вели дека неговиот тим со месеци се префрла меѓу Москва и Киев со нацрти на мировен предлог и дека луѓето околу Володимир Зеленски ја поддржуваат најновата верзија, но дека украинскиот претседател наводно дури и не ја прочитал.

„Неговите луѓе се воодушевени од предлогот. Ми рекоа дека им се допаѓа, но тој сè уште не го прочитал. Мислам дека треба да одвои време да го прочита. Многу луѓе умираат“, рече Трамп додавајќи дека Зеленски мора да почне да прифаќа работи затоа што е во губитничка ситуација.

На прашањето дали Украина веќе ја изгубила војната, тој рече дека „веќе изгубила огромен појас од крајбрежјето пред 10 месеци“ и дека тој појас е „уште поширок сега“.

„Не можете да го наречете тоа победа. Би ви покажал мапа, тоа е многу изгубена територија“, рече тој.

Трамп отворено го обвинува Киев дека избегнува избори под изговор на војна:

„Мислам дека е време за избори. Помина долго време. Тие зборуваат за демократија, но доаѓа момент кога тоа веќе не е демократија. Мислам дека украинскиот народ треба да има таков избор – можеби Зеленски би победил, не знам. Но, изборите се важни“.

Во исто време, тој тврди дека САД повеќе не ѝ плаќаат на Украина:

„Ова не нè засега. Нашата земја не исплатила никакви пари откога Бајден им даде 350 милијарди долари, толку глупаво. Да не им го дадеше тоа, можеби ќе се случеше нешто друго“, рече тој.

Трамп голем дел од вината за застојот ја префрла на личниот однос меѓу рускиот претседател Владимир Путин и Зеленски.

„Нивото на омраза меѓу Путин и Зеленски е огромно. Тоа е една од причините зошто оваа војна е толку тешко да се реши“, тврди тој.

Тој ја повтори својата верзија за тоа како почнал конфликтот тврдејќи дека војната, всушност, почнала кога администрацијата на Барак Обама ѝ го дала Крим на Русија.

Зборувајќи како поранешен човек за недвижности, тој го опишува Крим како највредното парче земја во тој дел од светот – „опкружено со море од четири страни, со најдобра клима и огромен потенцијал“ – и тврди дека Обама бил тој што ја натерал Украина да се откаже од него.

Трамп исто така ја раскажа својата верзија за првата средба меѓу Путин и Зеленски:

„Кога Зеленски првпат дојде и се сретна со Путин, му рече две работи: Го сакам Крим назад и сакаме да влеземе во НАТО. Не го кажа тоа на особено убав начин. Тој е одличен продавач, го нарекувам П. Т. Барнум. Успеа да го натера корумпираниот Џо Бајден да му даде 350 милијарди долари. И погледнете што доби – му недостигаат речиси 25 проценти од земјата“.

Тој верува дека долго пред Путин постоел неизговорен договор дека Украина нема да се приклучи на НАТО.

„Долго пред Путин постоеше разбирање дека Украина нема да влезе во НАТО. А сега се турка“.

Трамп можеби најголемиот дел од интервјуто го посвети на критика на Европа. Додека повеќето европски влади велат дека ќе ја поддржуваат Украина додека не победи, тој ја исмејува оваа позиција.

„Тие велат дека ќе ја поддржуваат Украина додека не победи – велам додека не паднат. Ако тоа е она што го мислат, нека ја поддржат. Но, тие многу зборуваат, а малку прават.“

Тој тврди дека европските држави не работат добро ниту во војната ниту во водењето политика воопшто.

„Ги познавам сите многу добро. Некои ми се допаѓаат, некои не ми се допаѓаат. Познавам добри лидери и лоши, паметни и глупави – има некои навистина глупави. Европа не работи добро. Тие зборуваат премногу, произведуваат премалку“.

Тој конкретно ја напаѓа европската миграциска политика, која ја опишува како катастрофа:

„Ако продолжат по овој пат, многу европски земји повеќе нема да бидат одржливи. Нивната имиграциска политика е катастрофа. Луѓето доаѓаат во Европа од целиот свет – не само од Блискиот Исток, туку доаѓаат од Конго, од затворите во Конго и од многу други земји. Тие ги пуштаат внатре. Ги пуштаат неконтролирано, не ги враќаат назад. Ја уништува Европа“.

Тој вели дека Шведска, која некогаш ја сметал за најбезбедна земја во Европа, станала многу небезбедна земја. Тој вели дека Германија направила две огромни грешки – имиграција и енергија.

Тој особено го нападна градоначалникот на Лондон, Садик Кан.

„Имате градоначалник со име Кан. Тој е ужасен градоначалник, некомпетентен, но и одвратен, гаден човек. Тој заврши ужасна работа. Лондон е поинакво место денес. Го сакам Лондон, го сакам и мразам да гледам што му се прави“, рече тој додавајќи дека Кан останува на власт благодарение на новите имигрантски заедници што гласаат за него.

Тој вели дека Париз е поинаков град од порано и ја сумира целата слика со пораката.

„Ова е еден од најубавите делови на светот и мразам да гледам што се случува. Ги пуштаат луѓето неконтролирано и неконтролирано. Ако сакаат да ги спасат своите земји, мора да ги протераат сите што влегле нелегално“.

Администрацијата на Трамп неодамна објави нова стратегија за национална безбедност, во која се наведува дека еден од столбовите на надворешната политика на САД треба да биде „поттикнување отпор кон моментната европска траекторија во рамките на европските земји“. Документот предизвика шок во многу европски престолнини, а Кремљ јавно ја поздрави промената како позитивен чекор што во голема мера е во согласност со визијата на Москва.

Трамп го отфрла толкувањето дека има стратегија за ослабување на Европа.

„Немам визија за Европа, освен да биде силна. Мојата визија е Америка на прво место. Но, имам очи и уши, добивам извештаи што никогаш нема да ги видите. И мислам дека она што се случува со Европа е ужасно и опасно. Европа би можела да стане сосема друго место“.

Во исто време, тој вели дека би сакал да види силна Европа, но со радикални промени, првенствено депортации.

„Мислам дека треба да ги протераат луѓето што влегле нелегално во нивните земји. Ако не го сторат тоа, повеќе нема да имаат силни нации, а идеологијата ќе се промени бидејќи луѓето што доаѓаат имаат сосема поинаква идеологија“.

Тој вели дека му се допаѓаат лидерите, кои, според него, спроведуваат строга миграциска политика и со тоа ги фали унгарскиот премиер Виктор Орбан и полските власти.

„Орбан одлично ја заврши работата во врска со имиграцијата. Тој практично никому не му дозволува да влезе во земјата. Полска исто така добро ја заврши работата таму. Но, повеќето европски земји – тие не успеваат, тие скапуваат“.

Тој потврди дека веќе се мешал во европските изборни кампањи преку јавни поддржувања фалејќи се со својата поранешна поддршка за аргентинскиот претседател Хавиер Миел за кој тврди дека „губел, а потоа победувал со убедлива разлика“ во времето на неговото јавно одобрување.

 

фото/депозитфотос

Прикажи повеќе...

Свет

(Видео) Прва снимка по падот на децата низ стаклениот покрив во белгиското училиште

Објавено пред

По несреќата во белгиската општина Де Хан, каде што тројца малолетници паднале низ стаклениот покрив на основното училиште „Де Зибом“, на социјалните мрежи се појави првата снимка од местото на инцидентот.

dobivaj vesti na viber

Едно дете е тешко повредено и во критична состојба било пренесено во болница, но неговата состојба подоцна се стабилизирала. Две деца се полесно повредени. Според информациите, децата на возраст од 12 и 13 години се искачиле на рамниот покрив и пропаднале околу пет метри низ светларникот директно во училишната кујна.

@hln_be Jongen (12) zwaargewond na val van 5 meter door lichtkoepel van school. #hln #crime #crimetok ♬ Disturbing – Perfect, so dystopian

Директорот изјавил дека ниедно од нив не е ученик во ова училиште, но живеат во околината. Се претпоставува дека влегле во училишниот двор преку салата и дека веројатно се качиле на покривот за да си играат. Училиштето најави дека ќе ги информира учениците за случувањето како превентивна мерка.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија54 минути

МОН воведува нови стипендии, конкурсите се веќе објавени

По воведувањето на стипендии за стимулирање на средношколци за упис на прв циклус на студии по македонски јазик за тековната...

Македонија1 час

Василевска бара изземање на Апасиев од претседавање со Анкетната комисија за Кочани

Пратеничката од редовите на ВМРО–ДПМНЕ, Иванка Василевска, на денешната седница на анкетната комисија за заштита на слободите и правата на...

Свет2 часа

Мерц вели дека Путин сака да го обнови Советскиот Сојуз, Кремљ му одговари

Кремљ денес соопшти дека европските тврдења дека рускиот претседател Владимир Путин сака да го обнови Советскиот Сојуз се погрешни и...

Македонија4 часа

(Видео) Филипче: Опасност од мигранти, проблем е Владата на ВМРО-ДПМНЕ и нејзините тајни разговори

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија пред повеќе месеци ја најави опасноста која што не очекува со мигрантите и таа опасност е...

Македонија6 часа

Беким Сали назначен за в.д. претседател на Алтернативата по оставката на Зеќирија Ибрахими

Вицепремиерот и иден министер за европски прашања Беким Сали е избран за вршител на должност претседател на Алтернатива, откако досегашниот...

Европа7 часа

Објавени нови мапи; Русите: Напредуваме на сите фронтови, Украинците се опколени

Рускиот генерал Валериј Герасимов изјави дека руските сили напредуваат по целата фронтова линија во Украина и ги напаѓаат опколените украински...

Свет7 часа

(Видео) „Ти си најнапорната новинарка овде“: Трамп повторно со навреди

Американскиот претседател Доналд Трамп продолжи со своите вербални напади врз новинарките, а откако ги навреди врз основа на нивниот изглед...

Европа8 часа

Украина не се откажува од еден услов, Зеленски подготвува одговор на Трамп

Украина подготвува нов мировен план што ќе го презентира пред Белата куќа, додека борбите на истокот од земјата продолжуваат. Клучниот...

Македонија8 часа

СДСМ со прашање за ВМРО-ДПМНЕ: Дали Британците лажат?

„Откако британските медиуми објавија нови информации со прецизни детали дека се договорени 20 илјади фунти по мигрант и дека Македонија...

Европа9 часа

(Видео) Нов масовен напад: руски беспилотни летала го бомбардираат украинскиот град Суми

Руски беспилотни летала го нападнаа северниот украински град Суми доцна синоќа, што е втор голем напад врз градот за 24...

Свет9 часа

Трамп му се заканува на Мексико со царини

Американскиот претседател Доналд Трамп го обвини Мексико дека неправедно се однесува кон американските земјоделци и се закани дека ќе воведе...

Свет23 часа

(Видео) Заврши средбата на Зеленски со европските лидери: „Судбината на Украина е судбина на Европа“

По повеќе од два часа на Даунинг стрит 10 во Лондон, се чини дека разговорите завршија – Кир Стармер, Емануел...

Македонија1 ден

Николоски објави видео од изградбата на автопатот Тетово – Гостивар

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, објави видео од градежните активности на автопатот Тетово – Гостивар. „Интензивно се работи на...

Македонија1 ден

Наместо текстовите на СДС да им ги пишува Заев од Дубаи, добро е да ги проверат информациите, вели Манасиевски

Наместо текстовите на СДС да им ги пишува Заев од Дубаи, добро е да ги проверат информациите со релевантни и...

Македонија1 ден

(Видео) Кузеска: Ја следиме трагата на парите, Томовски донира во ВМРО-ДПМНЕ

Скандалот со семејната фирма на Томовски која го чисти буџетот, или во бројки 5,3 милиони евра и 161 тендер е...

Свет1 ден

Трамп: Разочаран сум од Зеленски

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека не е сигурен дали украинскиот претседател Володимир Зеленски ќе се согласи со новиот...

Македонија1 ден

Авионско фрлање на мамки против беснило: граѓаните во наредниве денови исклучително внимателно да се движат во природа

Агенцијата за храна и ветеринарство започна со втората овогодинешна кампања за орална вакцинација на лисиците и дивите карнивози против болеста...

Македонија1 ден

Сиљановска-Давкова: Имаме епидемија на малодушност и рамнодушност, вклучително и кон лични и колективни трагедии

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова се обрати на Свечената академија по повод државниот празник „Св. Климент Охридски“, којашто под нејзино покровителство се...

Македонија2 дена

(Видео) Милошоски: Во Македонија нема да се градат бегалски кампови

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, денеска демантираше дека Договорот за стратешко партнерство помеѓу Македонија и Велика Британија предвидува изградба на...

Македонија2 дена

(Фото+видео) Ивановски: Отстранет и првиот билборд од Железничката станица Скопје

„Отстранет и првиот билборд од Железничката станица Скопје“ – објави на ФБ, директорот на „Македонски железници – Инфраструктура“, Синиша Ивановски....