Свет
Насилни протести во САД
Полицијата во Окланд, Калифорнија уапсила 83 лица откако протестите за блага казна за бел полицаец за убиство на невооружен црнец прераснале во насилни со кршење и ограбување продавници во центарот на градот
Поротата утврдила дека сообраќајниот полицаец Џонатан Месерл е виновен за убиство од небрежност на 22-годишниот Оскар Грант на Нова година 2009 г., за што вообичаената казна е од две до четири години затвор. За овој случај, тражеа построга казна за убиство.Според известувањето на локалната телевизиска станица KPIX на мрежата CBS, полицијата соопштила дека група крадци провалила во продавниците додека траел протестот на околу 800 луѓе, повеќето од авфро-американско потекло. Толпата луѓе влегле во продавниците за спортска опрема Foot Locker, кршеле излози и грабале стоки, рекол за медиумите полицискиот началник Ентони Батс. Во безредијата биле оштетени и деловници на две банки, кои ги чувале припадници на специјалната полиција. Градоначалник на Окланд, Рон Делумс, изјавил дека е задоволен од тоа како полицијата реагирала, и ги замолил незадоволните од пресудата мирно да протестираат. Инаку сообраќаецот Мерсел со истрел од зад грб го застрелал Грант кој лежел на подот, а снимката од ова убиство речиси цела година била ставена на YouTube. Полицаецот пред судот се бранел дека Грант се опирал на пасењето и дека тој заради вознемиреност во збунетоста ги извлекол пиштолот наместо „елктрошокерот“ и пукал.Министерството за правда во Вашингтон, вчера соопшти дека ќе ја преиспитува спорната пресуда.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Возач на автобус избоден, полицијата го бара сторителот: тежок напад во Љубљана
Во центарот на Љубљана, се случи напад во кој возач на градски автобус е тешко повреден со остар предмет. Напаѓачот избегал од местото на настанот пеш, а полицијата интензивно го бара, пишува 24ur.com.
Нападнатиот возач е итно пренесен во Клиничкиот центар во Љубљана. Според неофицијални информации, како што пишуваат локални медиуми, тој се здобил со тешки повреди, наводно во главата, но неговиот живот не е во опасност.
Љубљанската полиција започна обемна потрага по сторителот. Како што потврди Полициската управа во Љубљана, сите расположиви полицајци и криминалистички истражители се на местото на настанот, а над поширокото градско подрачје лета и хеликоптер.
Полицијата објави и опис на осомничениот. Станува збор за маж на возраст меѓу 35 и 50 години, висок од 180 до 190 сантиметри, со светла коса и светла брада. Во моментот на нападот, носел црвена јакна, но полицијата предупредува дека постои можност во меѓувреме да се пресоблекол.
Бидејќи станува збор за опасна личност, полицијата издаде важно предупредување до граѓаните да не ѝ му приближуваат доколку го видат, туку веднаш да ја повикаат полицијата.
Фото: принтскрин
Свет
Епидемија на колера во Африка: околу 300.000 луѓе се заразени, повеќе од 7.000 загинати
Африка се соочува со најлошата епидемија на колера во последните 25 години, соопштија во четвртокот Африканските центри за контрола и превенција на болести (CDC), наведувајќи ги лошите системи за водоснабдување и конфликтите како главни причини за проблемот.
Африканскиот CDC објави дека регистрирал речиси 300.000 потврдени и сомнителни случаи на колера и повеќе од 7.000 смртни случаи. Бројките покажуваат дека бројот на случаи на колера во Африка се зголемил за повеќе од 30 проценти минатата година.
Ангола и Бурунди се соочија со пораст на случаи на колера во последните недели поради недоволен пристап до вода за пиење, според Африканскиот CDC.
Ситуацијата се подобри во Конго, Јужен Судан и Сомалија. Перспективите за областите погодени од конфликтот остануваат загрижувачки, со брзо ширење на болеста во преполните кампови и лоши санитарни услови.
Фото: принтскрин
Свет
Две деца на возраст од три и шест години починале поради труење со храна во Истанбул
Две деца кои биле на одмор во Истанбул заедно со своите родители починале од труење со храна. Родителите на децата се на интензивна нега во болницата.
И покрај сите напори, децата на возраст од шест и три години не можеле да се спасат. Родителите се уште се на интензивна нега – изјавил покраинскиот директор на истанбулската филијала на турското Министерство за здравство, пренесуваат медиумите во регионот.
Доктор Абдула Емре Ѓунер изјавил дека е започната истрага од страна на здравствената управа.
Според приватната телевизија НТВ, која се повикува на полициската истрага, семејството е по потекло од Германија и било на одмор во Турција.
Локалните медиуми јавуваат дека труењето со храна најверојатно дошло од школки купени од уличен продавач и полнети компири – популарна улична храна – кои ги јаделе во вторникот во туристичката област Ортакој, на европската страна од Босфорот.
Овој дел од Истанбул, според медиумите е многу популарен и познат по својата таканаречена улична храна.
Фото: принтскрин

