Вести
САД ја предупредуваат Турција за инсинуации за вклученост во пучот
САД ја предупредија Турција поради „јавните инсинуации“ за американската вмешаност во обидот за воен преврат и истакнуваат дека таквите тврдења се „потполно неточни и штетни“ за меѓусебните односи.
САД ја предупредија Турција поради „јавните инсинуации“ за американската вмешаност во обидот за воен преврат и истакнуваат дека таквите тврдења се „потполно неточни и штетни“ за меѓусебните односи.
Како што пренесе BBC во неделата, американскиот државен секретар се огласил во врска со наведените обвинувања откако турскиот министер за труд изразил одредени сугестии за тоа дека САД стојат зад неуспешниот обид за пуч.
Агенцијата РИА пренесува дека Кери во разговорот со турскиот министер за надворешни работи Мевљут Чавушоглу предупредил дека таквите изјави за учеството на САД во обидот за превратот се шетни и невистинити.
Кери притоа јасно дал до знаење дека САД се подготвени на турските власт да им помогнат во истрагата за околностите на немирите, но го повикал Чавушоглу да се покаже воздржаност во истрагата во која досега се уапсени над шест илјади лица, меѓу кои највисоки воени командант, стотици судии и обвинители.
Во писмената изјава на портпаролот на американскиот Стејт департмент, Џон Кирби, се истакнува дека Чавушоглу „се заблагодарил на САД за поддршката“. Кери повикал владата на Турција да ги исполни сите меѓународни обврски.
Од своја страна Кери потврдил дека Вашингтон ја поддржуваат демократски избраната влада на Турција и владеењето на правото. Истакнал и дека турските власти во организирањето на одговорот на обидот за преврат неопходно мора да ги преземат сите мерки за заштита на животите на цивилите.
Остриот дијалог на релација Анкара – Вашингтон започна откако турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган побара САД да ѝ го предадат на Турција исламскиот клерик Фетулах Ѓулен кој повеќе години е во егзил во американската сојузна држава Пенсилванија кого го означи како главно лице кое стои зад обидот за пуч.
Ѓулен одговори негираше наведувајќи дека тој е против недемократските средства за преземање на власта. Зборувајќи за Reuters од својот дом во Пенсилванија тој рече дека „како човек кој трпел под неколку воени удари во текот на последните пет децении, особено е повреден од обвинувањата дека има каква и да е врска со тој обид“.
Обидот за пуч се случи во петокот вечерта кога фракција во турската армија ги блокираше мостовите во Истанбул, влезе во некои телевизии, и со тенкови го нападна парламентот во Анкара. Речиси три илјади војници се уапсени, а над 400 судии и обвините, додека 2.700 судии се отпуштени од должност, во настојувањата на владата да ја осигури власта.
Ердоган аргументирајќи го барањето САД да го предадат Ѓулен, рече дека Турција како сојузник на Соединетите држави во НАТО, никогаш не ги одбила американските барања за предавање на „терористите“. „Ако сме стратешки партнери, би требало да одговорите на нашето барање“, рече Ердоган во саботата навечер во текот на телевизиското обраќање.
Кеи, кој се наоѓа во Луксембург, во неделата на ова одговори дека САД го прифаќа фактот дека „околу Ѓулен ќе се поставуваат прашања“. Американскиот државен секретар притоа порача дека Турција мора да претстави „легитимни докази“ поврзани за нејзиното тврдење, коишто потоа САД ќе ги разгледаат./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита
Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа
Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа
Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.