Економија
Раст на трите индекси на Македонската берза
Во текот на денешниот берзански ден на Македонската берза беше остварен промет од 5,781,092,00 денари промет.
Во текот на денешниот берзански ден на Македонската берза беше остварен промет од 5,781,092,00 денари промет. На Официјалниот пазар се оствари промет 3,854,432,00 денари, додека останатите 1,926,660,00 денари се реализираа на Редовниот пазар. Исто така за одбележување беше и порастот на вредноста на сите три индекси од кој најмногу од својата вредност доби индексот на 10 најликвидни компании МБИ10 кој порасна за 39,62 индексни поени или 1,73 во проценти и оствари вредност од 2,327,45 поени, индексот на Јавно поседувани друштва порасна за 3,28 поени или за 0,13 изразено во проценти и оствари вредност од 2,471,69 поени, и индексот на обврзници ОМБ и тој порасна за 0,07 проценти исто толку во поени и оствари вредност од 107,57 индексни поени.Прва по својот промет на тргување на Официјалниот пазар беше акцијата на Алкалоид Скопје со класичен промет од 975,931,00 денари од 14 реализирани трансакции со нив и при тоа се тргуваа во рамките од 3,819,00 како максимална цена до 3,750,00 денари како минимална тргувана цена или 3,797,40 претставуваше просечната цена која беше за 1,91 проценти поголема во однос од тргувањето со вторникот, со овие акции се истргуваа 257 обични акции.Втора по својот промет беше и обврзницата од денационализација на Р. Македонија од деветата емисија со кои се оствари промет од 785,054,37 денари од 15 трансакции и при тоа се тргуваа по просечна цена од 77,83 проценти и со нив се истргуваа 165,401 количина обврзници.Трета по својот промет на Официјалниот пазар беше и акцијата на Комерцијална банка АД Скопје со кои се истргуваа 153 акции по цена од 3,000,00 денари од акција и при тоа остварија вредност од 459,000,00 денари промет.На Редовниот пазар најтргувана хартија од вредност беше акцијата на Македонски Телеком Скопје со класичен промет од 930,300,00 денари кој се реализира од 13 трансакции, и со нив се истргуваа 1,861 количина по цена од 499,89 денари од акција. Втора по својата вредност на тргување на овој пазар беше и акцијата на Стопанска банка Скопје со кои се истргуваа 1,250 количина по просечна цена од 189,24 денари од акција и реализираа 236,550,00 денари на промет од 7 реализирани трансакции. Пет најтргувани хартии од вредност1. Алкалоид Скопје2. Македонски Телеком Скопје3. Р. Македонија обврзници од денационализација 09 4. Комерцијална банка Скопје5. Макпетрол СкопјеХартии од вредност со најголем раст1. Ф-ка за цевки 11 Октомври Куманово 5,67%2. РЖ Техничка Контрола Скопје 4,81%3. Стопанска банка Битола 3,88%4. Макпетрол Скопје 3,08%5. Топлификација 2,99%Хартии од вредност со најголем пад1. Пружини и Текстил Демир Хисар 61,29%2. Раде Кончар Скопје 6,12%3. Р. Македонија обврзници од денационализација 04 1,18%4. Стопанска банка Скопје 0,4%5. УСЈЕ Скопје 0,07%
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

