Контакт

Вести

Panama Papers: Панамците возвраќаат дека обвиненијата се неточни

Објавено пред

Адвокатската канцеларија „Mossack Fonseca“ од која протекоа милиони документи за кои се тврди дека откриваат како светските богаташи, државници, политичари и славни личности од спортот и забавата ги криеле партите во ткн даночни оази, возврати на ударот нарекувајќи ги „неточни“ медиумските извештаи за нејзиното работење. 

dobivaj vesti na viber

„Тие извештаи се однесуваат на претпоставки и стереотипи, и играат на тоа дека јавноста не е запознаена со работењето на компаниите како што е нашата“, се образложува во изјавата на канцеларијата „Mossack Fonseca“ чие седиште е во Панама.

Во изјавата на компанијата, кае е објавена откако истрагата во којашто учествувал новинарски конзорциум од стотина дневни весници покажува дека некои компании регистрирани во ткн даночни оази наводно се користени за перење сомнителни пари, од трговија со оружје и дроги, како и за затајување даноци, повторува дека компанијата „никогаш не била обвинета, ниту ѝ било судено во врска со криминални активности“.

Објавувањето на податоците ја покрена и расправата за тоа како светските богаташи, моќници и политичари ги применуваат шемите за избегнување на плаќањето даноци кои не се достапни за најголемиот дел од светската популација.

Од „Mossack Fonseca“ велат дека основа оф-шор компании за клиенти од „различни правни причини, вклучително и прекугранично спогјување и аквизиции, стечаи и лична сигурнсот, како и за реструктуирање и за здружување на инвестициски капирал од вложувачи коишто живеат под различни јуриздикции а сакаат неутрален правен и даночен режим кој не оди ниту во полза ниту на штета на ниеден од вложувачите“.

Додава и дека таа „законски и практично е ограничена„ во можноста да го регулира работењето на компаниите и изразува жалење, „поради секоја злоупотреба на вклучените компании“.

Во вторникот официјална Панама соопшти дека отвора истрага за овој глобален скандал, истакнувајќи дека нејзината цел е да се утврди дали навистина се сторени кривични дела, кој ги сторил и евентуалната финансиска штета причинета со тоа. Повеќе земји, исто така, објавија дека отвораат истраги, а меѓу нив се Австрија, Австралија, Нова Зеланд, Шведска…

Околу 11,5 милиони документи од периодот од 1977 до декември 2015 година протекоа од базата со податоци на панамската адвокатска канцеларија. Тие документи, наводно,м покажуваат дека некои компании со седишта во даночните оази биле користени за перење пари и криминални трансакции.

Во документите се споменуваат повеќе од 500 банки и филијали, кои соработувале со адвокатската канцеларија „Mossack Fonseca“ уште од 70-те години од минатиот век. Повеќе од 1.100 фирми се основани со помош на швајцарската банка UBS, а повеќе од 2.300 со помош на британската банка HSBC и нејзините филијали низ светот, покажуваат документите во кои се споменуваат и имињата на 29 милијардери од листата на најбогатите луѓе на планетата на магазинот Forbes.

Две австриски медиумски компании, кои со повеќе од 100 новински куќи заедно ги истражувале содржината на споменатите документи објавија и за поврзаноста на австриската банка „Raiffeisen“ и кондиторската компанија „Roshen“ на украинскиот милијардер и претседател Петро Порошенко.

Како што во неделата веднаш објавија австриската телевизија ORF и неделникот Falter, банката „Raiffeisen“ дала заем од 115 милиони долари на кондиторската компанија „Roshen“, за кога гаранции дала холдинг компанија со седиште на Британските девствени острови „Linquist Holdings Limited“.

Австрискиот регулатор за финансиски пазари соопшти дека истражува дали процедурите како што се проверка за карактерот на трансакциите и сите кои во нив учествувале биле почитувани, Доколку биде потребно, регулаторот за случаите може да ги извести надлежните власти.

Од „ Raiffeisen Bank International“ во изјава за медиумите објавија дека ги почитувале законските прописи за спречување на перењето пари, но дека не можат да ги коментираат конкретните случаи поради правилата за банкарската тајна. Од банката „Hypo Landesbank Vorarlberg“, пак, воопшто не се изјаснија за медиумските написи./крај/мф/сн

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија5 часа

Два авиони наместо во Скопје пренасочени во Приштина поради силен ветер

Два вечерни лета кои требаше да слетаат на скопскиот аеродром, се пренасочени кон Приштина поради неповолни услови за слетување. Директорот...

Македонија7 часа

Градиме брза железница и автопати од Албанија до Бугарија, најави Николоски во Виена

Македонија ги реализира најкрупните капитални проекти за патна и железничка инфраструктура на транспортните Коридори 8 и 10, истакна вицепремиерот Александар...

Регион7 часа

Албанија со торта во Брисел го прослави отворањето на последниот преговарачки кластер со ЕУ

Албанија со торта во Брисел го прослави отворањето на последниот од вкупно шест преговарачки кластери со ЕУ. „Го отворивме последното...

Македонија8 часа

Земјотрес почувствуван во Делчево и Виница

Денес околу 15:48 часот беше почувствуван земјотрес во делови на североисточна Македонија, најмногу во Делчево, Виница и околните места. Според...

Македонија9 часа

Сиљановска-Давкова: ЕУ сè уште нема јасна стратегија за нашата европска интеграција и практикува двојни стандарди

Да се посветиме на реформите, не поради „политичката волја“ за уставните измени, туку заради владеење на правото, порача претседателката Гордана...

Македонија9 часа

Министерот Тошковски опериран во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, денеска бил опериран во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје. Тој вели дека следи...

Македонија12 часа

(Видео) Филипче: Власта врши притисок врз судството

Претседателот на СДСМ и на Националниот совет за евроинтеграции, Венко Филипче, на денешната седница на Советот упати сериозни критики за...

Македонија12 часа

Ќе се гласа на 11 јануари: Гаши го потпиша актот за одржување на повторените избори за градоначалници во четирите општини

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, денеска го потпиша актот за одржување на локалните избори за четирите општини Гостивар, Маврово-Ростуше, Врапчиште...

Македонија13 часа

Бизнисмен од Штип крадел струја: манипулирал на сите три фази на броилото

Тимот на Електродистрибуција специјализиран за откривање неовластено користење на електрична енергија утврди основи на сомневање за наводна кражба на електрична...

Македонија14 часа

Почна пријавувањето за електронски ваучери за студенти преку Националниот портал за е-услуги

Министерството за дигитална трансформација ја информира јавноста дека од денеска е отворен Јавниот повик за доделување на вредносни ваучери за...

Македонија15 часа

(Видео) Мицкоски и Ѓорѓиевски во вечерна обиколка на Скопје: Сè беше чисто и средено како што и прилега

Премиерот Христијан Мицкоски на својот фејсбук профил објави дека заедно со градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски биле во вечерна обиколка...

Македонија16 часа

Го турнале на земјата, го клоцале, го ограбиле, па се обиделе да му го скршат мобилниот телефон: eден осомничен за разбојништво во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Разбојништво од член...

Европа17 часа

Што по падот на Покровск?

Додека Русија фокусира огромни сили врз Покровск во обид конечно да го освои рударскиот град во источна Украина, расте неизвесноста...

Регион17 часа

Хрватски навивачи нападнати со шипки во Црна Гора

Група хрватски навивачи вчера вечер беа нападнати на магистралниот пат Цетиње – Будва. Според неофицијални информации од Управата на црногорската...

Европа18 часа

(Видео) Пет млади лица загинаа во сообраќајна несреќа во Ирска

Тројца млади мажи и две жени на возраст од дваесет години загинаа во ужасна сообраќајна несреќа во округот Лаут, Ирска,...

Регион18 часа

РТС: Пукано кон српски војници во близина на воена база

Вооружена и маскирана група Албанци отвори оган врз припадници на српската армија во реонот на базата „Дебела Глава“, во близина...

Свет18 часа

(Видео) Тројца убиени во нов американски воен напад врз брод за шверц на дрога

САД извршија уште еден напад врз брод за кој се тврди дека шверцува дрога во источниот Пацифик, при што загинаа...

Европа18 часа

Десет ранети, тројца мртви во руски ракетен напад врз Украина

Во руски ракетен напад врз источноукраинскиот град Балаклија загинаа три лица, а десет беа повредени, меѓу кои и три деца,...

Свет1 ден

Поларен вртлог носи „декември за паметење“

Поради невообичаено рано затоплување на стратосферата, на прагот е да почне значително нарушување на поларниот вртлог. Прогнозите покажуваат дека поларната...

Македонија1 ден

(Видео) Попов: УМС е единствен претставник на младите во општините и парламентот

Македонија повторно стои исправено, а младите гордо и достоинствено го понесоа товарот да ги исправат неправдите кои со години ѝ...