Македонија
Милошоски и Јолевски ќе се сретнат со Нимиц

Шефот на македонската дипломатија Антонио Милошоски и претставникот во разговорите со Грција околу спорот за името амбасадорот Зоран Јолевски, денеска во Њујорк ќе се сретнат со посредникот на Обединетите нации Метју Нимиц.
Шефот на македонската дипломатија Антонио Милошоски и претставникот во разговорите со Грција околу спорот за името амбасадорот Зоран Јолевски, денеска во Њујорк ќе се сретнат со посредникот на Обединетите нации Метју Нимиц. Време е за брзо и взаемно прифатливо решение за спорот со името меѓу Македонија и Грција, гласи порака што Генералниот Секретар на Обединетите Нации Бан Ки-Мун ја упатил на завчерашната средба со шефот на дипломатијата, Антонио Милошоски. Како што соопштуваат од Обединетите Нации, Ки Мун и Милошоски на средбата во Њујорк разговарале за бројни прашања, меѓу кои и спорот со името. „Генералниот Секретар рече дека е охрабрен од дирекниот дијалог воспоставен меѓу премиерите на двете земји и значењето на напорите на неговиот личен преставник, Метју Нимиц. Тој рече дека е време да има придвижување кон одлуки што ќе го разрешат прашањето брзо, на взaeмно прифатлив начин“, се вели во соопштението од ОН. /крај/со/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Ѓорѓиевски и Тошковски на пешачење во Градски парк: секој чекор е здравје

Градскиот парк денеска беше изборот на градоначалникот на Кисела Вода и кандидат за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, и министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски. Двајцата утрото го започнаа со пешачење низ алеите на паркот, во спортска опрема и ведро расположение.
„Најубаво е денот да започне со утринско пешачење низ Градскиот парк, свеж воздух, мир и позитивна енергија. Секој чекор е здравје, секој здив е нова сила. Започни го денот со природа, а денот ќе ти врати со радост“, напиша Ѓорѓиевски во својата објава на социјалните мрежи.
Македонија
За влез и излез од државава на граничните премини се чека до 15 минути

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќајот на патиштата надвор од градските средини е зголемен. Поради летните одмори, се бележи зголемена фреквенција на возила, на ГП Табановце времето на чекање за влез и излез е околу 10-15 минути.
На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања при влез или излез од државата.
Македонија
Свежо утро, а преку ден до 33 степени

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен северен ветер.
Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 19, а максималната ќе достигне од 25 до 33 степени.
Во Скопје, сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 30 степени.
До средината на следната седмица ќе преовладува претежно стабилно време со дневни температури малку под просекот за овој период од годината. Потоа времето ќе биде сончево и потопло со пораст на дневната температура.